СветСериски убиец и човекојадец е осуден на смртна казна- во судницата раскажа за ужасите (ВИДЕО)Маж од северен Тексас, кој неодамна беше осуден за убиство на три лица, распарчување и палење на нивните тела во, како што ги нарече „човечки жртви“,е осуден на смрт.Покрај злосторствата за кои 44-годишниот Џејсон Торнбург е осуден на смрт, тој ги признал и претходните убиства на поранешната девојка и цимерот, пренесува CBS News. Еве како се одвивале настаните пред пресудата. На 22 септември 2021 година, пожарникарите од западен Форт Ворт реагирале на извештај за пожар во контејнер зад деловна зграда веднаш по 6:15 часот. Кога го изгаснале пожарот, пронашле делови од човечки тела. Телата биле тешко изгорени, распарчени, а некои делови недостасувале, соопшти тогаш полицијата во Форт Ворт. Торнбург, асистент на електричар, бил уапсен откако снимката од безбедносните камери во мотелот Јулис и во близина на контејнерот го поврзале со злосторството. Жртвите, маж и две жени, се идентификувани како Дејвид Луерас (42), Лорен Филипс (34) и Марикруз Матис (33). Торнбург ѝ рекол на полицијата дека ги распарчил нивните тела и ги складирал во соба во мотелот во Јулис пред да ги запали. Торнбург рече дека делел хотелска соба со Луерас. Тој на полицијата ѝ рекол дека верува оти Луерас „мора да биде жртвуван“. Му го пресекол грлото, а потоа го исекол на парчиња во кадата. Според полицијата, посмртните останки биле чувани во кеси за ѓубре неколку дена пред тој да ги пренесе во пластични садови. Тој додаде дека жените ги познавал „површно“. Сепак, тој верувал дека и тие мора да бидат жртвувани. Прво ѝ го пресекол грлото на едната и ги ставил нејзините делови во контејнер. Два дена подоцна, според изјавата, друга жена влегла во собата каде што ја избодел и ја задавил. Нејзините останки исто така завршиле во контејнерот. Според изјавата, Торнбург тврдел дека има длабоко познавање на Библијата и дека верувал дека Бог го повикал да изврши човечки жртви. Торнбург подоцна признал дека ја убил и својата поранешна девојка, 36-годишната Тања Бигај, во Аризона во 2017 година, како и неговиот поранешен цимер, 61-годишниот Марк Џевел, во мај 2021 година. Тој рече дека му го пресекол грлото на Џевел, а потоа ја вклучил цевката за гас и запалил свеќа во собата што ја делеле. Во октомври истата година, судија од округот Тарант утврдил дека постои основано сомневање дека Торнбург имал ментална болест или интелектуална попреченост. Судијата му нареди на експерт да разговара со Торнбург за да утврди дали има попреченост, како и да собере информации за каков било претходен третман. Во декември, Торнбург е обвинет за убиства на три лица чии јагленисани тела биле пронајдени во Форт Ворт. И покрај убиствата, тој изјавил дека неговата цел во животот била да му служи на Бог и да им помага на луѓето и дека сакал да стане мисионер. Во февруари 2022 година, Торнбург е обвинет за убиство на неговиот поранешен цимер Џевел и се соочил со доживотен затвор за убиство и подметнување пожар. Официјални лица рекоа дека Торнбург дури и зборувал на погребот на Џевел. По неколкугодишно одложување на судењето, судењето почнало во ноември годинава. За време на судењето, Торнбург признал дека изел дел од срцето на Луерас пред да ги спакува неговите останки. Подоцна истиот месец, тој бил прогласен за виновен за тешко убиство, завчера е осуден на смрт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степенВремето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32