Volkswagen го укинува својот најпопуларен производ, а не е автомобил - Канал 5

Volkswagen го укинува својот најпопуларен производ, а не е автомобил

По повлекување од фабриката во Хановер, Фолксваген одлучи да го испрати својот најпопуларен производ во историјата и да го замени со нов, кој не е толку штетен за животната средина.

Volkswagen го укинува својот најпопуларен производ, а не е автомобил

Станува збор за VW колбаси од кари, од кои гдишно се произведуваат над седум милиони. Одлуката е конечна и омилената закуска на работниците во Фолксваген се повлекува од кантините во сите фабрики на Фолксваген. Имено, Фолксваген одлучил да го повлече овој свинска колбас, но и сите состојки од месо. Така, кантините ќе нудат исклучиво вегетаријански и вегански јадења, а повремено и риба.

Нилс Потаст, готвачот кој веќе освои Мишелин sвезда, ќе помогне во креирањето на новото мени. Досега се подготвени 400 различни рецепти, од кои околу стотина ќе останат во понуда. Желба на Фолксваген, еден од најголемите производители на автомобили во светот, неговите работници да бидат поздрави, но и помалку да ја загадуваат околината.

Претходно, одлуката го налутила поранешниот канцелар на Сојузна Република Германија и поранешен член на надзорниот одбор на Фолксваген, Герхард Шредер, кој се огласил на социјалните мрежи.

„Да бев сеуште член на Надзорниот одбор на VW, вакво нешто немаше да се случи“, напишал тој, додавајќи дека е свесен дека вегетаријанската исхрана е добра и дека ја практикува повремено, но дека колбасот кари никогаш не треба да биде укинат .. Тој дури го лансирал и хаштагот „спаси го кари -колбасот“. Набргу му одговорил Гунар Килијан, шеф на кабинетот на Фолксваген.

"Не грижете се, Кариверст не исчезнува. Се` уште ќе се служи во други кантини, за да можете да уживате во колбасот што ви се допаѓа толку многу", напишал тој.

Официјалните информации велат дека токму тоа го сакале самите работници. Гужвите во кантините, односно рестораните надвор од кругот на фабрики каде и понатаму ќе се нудат колбасите, ќе покажат кој бил во право и ја кажувал вистината. Во секој случај, производството на колбаси од VW дефинитивно ќе се намали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

И утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

20 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Маврови Анови, Претор, Берово, 32 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 33 Битола, 34 Виница, Тетово, Штип, 35 Велес, 36 Зајчев Рид, Струмица, Кавадарци, 37 Демир Капија, 38 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)

Салма Хајек (59) стана баба. Нејзиниот посинок Франсоа Пино помладиот и неговата сопруга Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк го добија своето прво дете, син кого го крстија Франсоа.

Салма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)

Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино (64), со кого има 18-годишна ќерка, Валентина, и е маќеа на неговите деца од претходни врски - Франсоа (38), Матилда (25) и Огистен (19).

Откри како ќе се вика внукот

Во неделата, актерката сподели видео на Инстаграм во кое го држи внукот во раце и му зборува на шпански. Таа откри дека момчето се вика Франсоа, со што ја продолжува семејната традиција, но и дека веќе му го дала својот прекар - Панчито.

„Благословени сме што ја пречекуваме четвртата генерација во семејството што ќе го носи името Франсоа. Сепак, ќе го викам Панчито. Се чини дека му се допаѓа и не би можела да го сакам повеќе од мене“, напиша Хајек.

Објавени се и првите семејни фотографии.

Мајката на момчето, Лара, објави неколку фотографии од својот син минатата недела, а Салма Хаек со нејзиниот внук е на една од нив.

„Мојот сопруг (најкул Франсоа на светот) и нашиот син (најслаткиот Франсоа на светот)... нашиот прв месец како родители“, напиша Лара покрај фотографиите.

„Секогаш сакав да имам многу деца“

Хаек стана маќеа откако се омажи за Франсоа-Анри Пино во 2009 година. Нивната ќерка Валентина се роди две години претходно, во 2007 година. Со текот на годините, актерката често зборуваше за тоа колку ѝ значи големо семејство.

„Отсекогаш сакав да имам многу деца, но не можев. Чудо е што успеав да родам едно дете. Голем благослов е што мојот сопруг има уште три деца. Значи, јас имам четири и сите се сосема различни“, изјави таа за списанието „Ред“ во 2017 година.

Сега малиот Франсоа, или Панчито, како што Хајек одлучи да го нарече, се придружи на нивното големо семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна... За безбедност во мир!“

На белорускиот претседател Александар Лукашенко му беше врачена првата целосно белоруска автоматска пушка, „VSK-100B“, за време на неговата посета на претпријатието „Кидма Тек“, дознава Белта.

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна... За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“.

Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна... За безбедност во мир!“, објави Спутник.

За време на посетата, Лукашенко ја нагласи потребата од развој на борбено оружје со целосна локализација на производството.

Според каналот Телеграм „Пул првого“, белоруското оружје веќе е воведено во арсеналот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер