3Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата
Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
ТехнологијаВојаџер 1 е надвор од Сончевиот систем- со месеци испраќа чудни пораки Сондата „Војаџер 1“ беше лансирана во 1977 година и го напушти Сончевиот систем пред десет години.Околу 46 години по нејзиното лансирање, почна да испраќа чудни податоци назад на Земјата. Во 2012 година, Војаџер 1 го напушти Сончевиот систем, односно хелиосферата и влезе во меѓуѕвездениот простор. Сега е оддалечена од Земјата околу 24 милијарди километри, односно се работи за вселенско летало кое досега отишло до најоддалечените делови на универзумот. Преку системот AACS, тој испраќа податоци за својата меѓуѕвездена средина, но веќе некое време испраќа мистериозни податоци на Земјата - повторувачки збир на единици и нули. Затоа, инженерите на НАСА испратија шифрирана команда за проверка на системот во март, по што потсистемот за податоци за летот (FDS) покажал што може да биде проблемот. Имено, се чини дека околу 3 отсто од FDS меморијата е оштетена, поради што со вклучувањето и исклучувањето на системот во ноември 2023 година не се реши проблемот. НАСА верува дека најголем дел од штетата е на еден чип во меморискиот систем. Во март, инженерите испратија FDS таканаречена команда „poke“ која менува одредени адреси на меморијата. Откако добиле одговор 22,5 часа подоцна, експертите забележале дека еден дел од системот покажува чудни отчитувања. Се чинело дека се во погрешен формат, а инженер од тимот успеал да ги декодира. Измешаниот сигнал содржел отчитување на целиот мемориски систем FDS. Тимот на Војаџер го споредил со оној што го добиле пред да се појави проблемот и успеале да го лоцираат изворот на дефектот, пишува Science Alert. Засега не е познато што точно ја предизвикало штетата на чипот; можеби енергетските честички кои патуваат низ вселената се виновни, или можеби едноставно е староста на системот. Откако беше лансиран во доцните 1970-ти, компјутерите на Војаџер се прилично застарени. Инженерите веруваат дека за неколку недели или месеци ќе успеат да го решат проблемот, односно да ја заобиколат штетата на ФДС, по што повторно треба да се добијат точни податоци за границата на меѓуѕвездениот простор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чЛишена од слобода жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чНа 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.Тагови: Ресен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжуваМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари. Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард. Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра. Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија. „Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот. Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт. Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата. „Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб. Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица. Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата. Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook