Воен дрон паднал на гробишта во Србија, уште еден во двор на семејна куќа - Канал 5

Воен дрон паднал на гробишта во Србија, уште еден во двор на семејна куќа

Воено беспилотно летало паднало вчера на гробиштата во селото Обрва на југот на Србија.

Воен дрон паднал на гробишта во Србија, уште еден во двор на семејна куќа

Истиот ден, воен дрон слетал во двор од куќа во селото Тавник. Двете села се наоѓаат веднаш до воениот аеродром Лаѓевци, пишува Нова.рс.

Дрон вчера околу 14 часот слета на гробиштата во село Обрва. Звукот на моторот ги вознемирил мештаните. Велат дека кога го виделе падобранот отворен, сфатиле дека нешто не е во ред со леталото.

„Прво мислев дека нешто се вежба. Слушнав како моторот на дронот врти. Изгасна, а набргу потоа го видов падобранот отворен, сфатив дека нешто не е во ред со леталото“, изјави Милан Среќковиќ од Обрва.

Како што изјави за Нова.рс, на гробиштата видел авион со падобран околу споменикот.

„Со десното крило се потпираше на споменик. Не беше оштетен кога слета. Често ги гледаме, но никогаш не слетале во близина на населено место“, вели Среќковиќ.

Според жителите на околните села, пред неколку месеци сличен случај се случил и во селото Мрсаќ.

Вчера на вежбата на аеродромот Лаѓевци, беспилотно летало непланирано слетало во двор од куќа во село Тавник.

Инаку, во последните неколку месеци селаните во околината на аеродромот Лаѓевци велат дека неколку пати виделе дронови како слетуваат на околните ниви. Но, никој никогаш не можел да ги сними настаните бидејќи војската многу бргу ги лоцирала и отстранила беспилотните летала.

Нова.рс пишува и дека на аеродромот има група воени експерти од Кина и дека постои можност на аеродромот да се одвива обука за опрема увезена од Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како да избегнете опуштена кожа по слабеење? Обрнете внимание на пет работи

Многумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. 

 Како да избегнете опуштена кожа по слабеење? Обрнете внимание на пет работи

Многумина се одлучуваат да ослабат за да се чувствуваат подобро во сопственото тело, но тој процес понекогаш носи и несакан ефект: опуштена кожа. Ова често се случува по нагло губење на тежината и може негативно да влијае на самодовербата. Еластичноста на кожата може донекаде да се зачува преку постепено слабеење, исхрана богата со клучни хранливи материи и избегнување на пушење и прекумерно изложување на сонце, пренесува Health.com.

Стратегии за одржување на еластичноста на кожата

Постепеното слабеење ѝ дава повеќе време на кожата да се прилагоди на намалувањето на масното ткиво. Важен е и тренингот за сила; градењето мускули може да го подобри изгледот на деловите каде што кожата станала опуштена.

Важна улога игра и урамнотежената исхрана која треба да вклучува доволно висококвалитени протеини протеини (од посно месо, риба и мешунки) и есенцијални масни киселини (од јаткасти плодови и семиња), но и хранливи материи што го поттикнуваат производството на колаген, како што е витаминот Ц, кој се наоѓа во цитрусните овошја, бобинките и пиперките.

На крајниот резултат влијаат возраста, генетиката, пушењето, изложувањето на сонце и времетраењето во кое кожата била растегната.

Нега на кожата по слабеење

По значително губење на тежината, кожата природно се затегнува додека се прилагодува на новиот облик на телото – процес што може да трае и до една година. Соодветната нега може да го поддржи ова закрепнување. Употребата на хидратантни средства ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Некои луѓе се одлучуваат и за додатоци во исхраната што содржат колаген или колагенски пептиди.

Разликата помеѓу опуштена кожа и масно ткиво

Понекогаш може да биде тешко да се направи разлика помеѓу вишокот кожа и преостанатите поткожни масти. Опуштената кожа претставува тенок слој што лежи врз мускулот, додека поткожните масти се подлабок и погуст слој на масно ткиво. Еден едноставен тест може да помогне во нивното разликување: ако ја фатите кожата со прстите и почувствувате дебел, сунѓерест слој, веројатно се работи за масно ткиво, а не само за вишок кожа.

Опции за затегнување на кожата

Ако и по подолг период не сте задоволни од изгледот на вашата кожа, на располагање се професионални процедури кои можат да помогнат. Во одредени случаи – на пример, кога вишокот кожа предизвикува болка или го ограничува движењето – овие процедури можат да имаат и функционална намена. Бидејќи повеќето од нив се естетски третмани, обично не се покриени со здравствено осигурување. Како и сите медицински процедури, тие носат одредени ризици за кои треба да се разговара со лекар.

Што ја одредува еластичноста на кожата?

Структурата и цврстината на кожата се обезбедени преку мрежа од колагенски и еластински влакна. При зголемување на телесната тежина, овие влакна се истегнуваат за да покријат поголема површина на телото. Ако кожата остане истегната подолг период, влакната може да се оштетат, што го отежнува враќањето на кожата во првобитната состојба по губењето на тежината. Со текот на годините, оваа мрежа природно се разградува, поради што кожата ја губи својата еластичност. Пушењето и прекумерното изложување на сонце дополнително ги оштетуваат колагенот и еластинот. Дебелината сама по себе исто така има негативно здравствено влијание.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер