Водата во Гостивар и натаму неупотреблива- се врши дотур на техничка вода - Канал 5

Водата во Гостивар и натаму неупотреблива- се врши дотур на техничка вода

Водата во Гостивар и натаму е целосно неупотреблива согласно последните резултати од анализите на мострите.

Водата во Гостивар и натаму неупотреблива- се врши дотур на техничка вода

Водата во Гостивар и натаму е целосно неупотреблива согласно последните резултати од анализите на мострите – Управувачкиот комитет за справување со кризи ги повика гостиварци и натаму строго да ја почитуваат забраната за користење на водата од водоводната мрежа, а на денешната седница донесоа дополнителни заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните. А, додека трае забраната, Општините Куманово, Тетово, Девар, Кичево, Кавадарци и Неготино ќе обезбедат техничка вода со сопствени цистерни, а во приправност, доколку има потреба ќе се ангажираат и армиските цистерни.

„Главниот штаб ја задолжи Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дотур на техничка вода за објектите од витално значење. Истовремено, Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и АХВ ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ги ќе ги доставуваат до Главниот Штаб при центарот за управување со кризи.“

Тоа што се случува во Гостивар е трагедија и тука мора да има сериозна одговорност, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Канал 5, кој посочи дека екипите на скопски водовод се веќе на терен и работат на тоа гостиварци што побргу да си ја добијат водата назад.

„Најпрво да се овозможи технички исправна вода, и целиот процес да го овозможат таму и ќе останат до крај на процесот, дел од нашите вработени за да помогнат таму. Дополнително ќе работиме и ќе помагаме во делот и питка вода да се обезбеди, но прво мораме технички исправна вода да обезбедиме на населението, а дотогаш како претседател на ЗЕЛС, повикав, освен Владата онаа сериозна помош која ја дава во Гостивар, повикав и останатите градоначалници од државата да се приклучат со обезбедување на вода и веќе денеска мислам дека неколку цистерни ќе бидат присутни таму како поддршка.“

Од АХВ пак за Канал 5 велат дека до крајот на денот или евентуално утре изутрнина ќе се знаат и резултатите од најновите мостри за квалитетот на водата во Гостивар, кои треба да покажат дали состојбата се подобрува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста и пожртвуваноста на предците кои се бореле за слободата на Македонија.

Мицкоски со честитка за 11 Октомври: „Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи“

Во објавата, Мицкоски истакнува дека борците од пред 85 години немале гаранција за победа ниту сигурност дека ќе се вратат во своите домови, но верувале дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

Пред осумдесет и пет години, во една од најтешките ноќи на нашата историја, имало луѓе кои не знаеле дали ќе го дочекаат утрото. Но, знаеле дека татковината мора да дочека подобро утро. Тие немале гаранција дека ќе победат. Немале сигурност дека ќе се вратат во своите домови. Немале можност да знаат како ќе изгледа светот што ќе го остават зад себе. Но, имале нешто посилно од стравот. Имале верба дека слободата вреди повеќе од сопствениот живот.

Нашите предци го направија она што во нивното време изгледало невозможно. Ја отворија вратата на слободата. Нашата должност е таа врата никогаш да не се затвори и низ неа да поминат генерации кои ќе живеат подобро, послободно и подостоинствено.

Нека овој 11 Октомври не биде само ден на сеќавање. Нека биде ден на нова одговорност. Одговорност да ја чуваме слободата. Затоа што слободата не е завршена приказна. Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи.

Честит 11 Октомври!

Да е вечна Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Дванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. 

Видео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредени

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран.

Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба.

Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена.

По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион.

Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад.

По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер