Во затвор почина Берни Медоф, кој украл милијарди долари и беше осуден на 150 години

Финансиерот Берни Медоф, кој измамил илјадници богати клиенти за милијарди долари, почина во затвор.

Медоф користел пари од постари деловни инвеститори за да плаќа на нови клиенти - типична тактика на пирамидалната шема , наречена „Понзи“.

82-годишникот починал од природна смрт во Федералниот медицински центар во Бутнер, Северна Каролина, објави Асошиејтед прес.

Тој беше ставен зад решетки во 2009 година откако се изјасни за виновен за измама на илјадници клиенти за милијарди долари во инвестиции во текот на неколку децении, и издржувал затворска казна од 150 години.

Се проценува дека инвеститорите вложиле 17,5 милијарди долари во бизнисот на Медоф, а досега биле вратени 13 милијарди долари.

Во најголемата шема во историјата, Медоф им велел на клиентите дека имаат 60 милијарди долари во неговата компанија Bernard L. Madoff Investment Securities.

Но, всушност, истражителите рекоа дека тој ги искористил парите што му ги платиле клиентите за да вложи депозити на нови инвеститори и дека тој не направил трговија со своите клиенти до моментот на апсењето во 2008 година

Медоф ја признал вината на почетокот на 2009 година. Истражителите рекле дека шемата започнала во 70-тите години на минатиот век, додека Медоф тврдел дека измамата започнала во 90-тите години на минатиот век - кога „пазарот заглавил поради почетокот на рецесијата и војната во Заливот“.

Дневен хороскоп за 15. мај 2021 година

Дневен хороскоп за сабота, 15. мај 2021 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок.

Кариера

Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат.

Здравје и совет

Слушајте ги луѓето во вашата околина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба.

Кариера

Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата.

Здравје и совет

Понекогаш земете си пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки.

Кариера

Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Бариерите се уриваат сами од себеси.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас.

Кариера

Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа.

Здравје и совет

Сите ќе ги победите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу.

Кариера

Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник.

Здравје и совет

Ослободете се од љубовните грижи.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг.

Кариера

На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено.

Здравје и совет

Дозирајте ја храната и пиењето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања.

Кариера

Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура.

Здравје и совет

Пијте повеќе течности.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани.

Кариера

Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став.

Здравје и совет

Претерувате во исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна.

Кариера

Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање.

Здравје и совет

Пораснете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени.

Кариера

Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред.

Здравје и совет

Денеска планетите се на ваша страна.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете.

Кариера

Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите.

Здравје и совет

Јадете пополека и доволно џвакајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо.

Кариера

Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас.

Здравје и совет

Мали нервози.

Џеј Ло во секси поза, чија е раката на нејзиниот задник? (ФОТО)

Додека има гласини за наводно помирување на поранешната двојка, Џенифер Лопез и Бен Афлек, Лопез реши да ги игнорира сите гласини и да се посвети на работата.

Таа снима во Мајами, а нејзиниот стилист Роб Зангарди објави фотографии од Џеј Ло во предизвикувачка модна комбинација. Носи црвен фустан со длабок шлиц и наметка.

Модната комбинација ја надополнила со големи обетки и неутрална шминка.

„Тој сјај на Џеј Ло“, напишал стилистот покрај фотографијата.

Освен што нејзините обожаватели делат комплименти, тие забележале и нечија рака на нејзиниот задник.

„Ова е најсексипилното нешто што некогаш сум го видела“, „Каде можам да се пријавам за да работам со тебе?“, „Кој е среќникот што ти го држи задникот?“, „Кралица“, се само некои од коментарите.

Имено, човекот на фотографијата е шминкерот Скот Барнс.

Ги имитира топлес позите на Ирина Шајк, па доби повеќе лајкови (ВИДЕО)

Снимката со Ирина Шајк, во кое ги покрива градите со раце, на Инстаграм ја погледнале 1,5 милиони луѓе, но пародијата на австралиската комичарка собрала дури 800 000 прегледи, и тоа за три дена помалку.

Селест Барбер се прославила со ироничните и смешни имитации на совршени, често нереални фотографии од познати личности, а последна на удар беше 35-годишна руска манекенка.

„Буахахааха“, „Ме убиваш секој пат“, „Умирам од смеа“, се само некои од реакциите, кои се прилично чести кога станува збор за нејзините имитации, на кои таа ја изгради својата слава на Инстаграм.

Имено, 7,9 милиони луѓе ја следат на таа социјална мрежа.

притисни ентер