Во Велес свечено отворени 58. Рацинови средби - Канал 5

Во Велес свечено отворени 58. Рацинови средби

Со Меѓународен поетски митинг во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" во Велес, синоќа беа отворени 58-те Рацинови средби.

Во Велес свечено отворени 58. Рацинови средби

На поетскиот митинг настапија поети од земјава, како и гости поети од Србија, Бугарија, Црна Гора и Италија. Традиционалната Беседа за Рацин ја одржа проф. д-р Атанас Вангелов, а кој потоа прв со свои стихови го отвори Меѓународниот поетски митинг.

Вангелов го постави прашањето што би рекол Рацин да е денес тука и појасни дека тоа ќе го одговори на еден индиректен начин, преку една негова песна Работник од 1930 и друга од 1936 година.

Тој потсети дека во 1939 година кога се појавува стихозбирката „Бели Мугри" на Рацин тогаш неговиот далеку помлад брат по перо Блаже Конески ја пишува својата прва песна „Спомен".

– Имам впечатлива слика во таа песна на Конески која се споредува со наврнат воз со мака што рика во неговите гради затоа што бил роден во смачкано племе.Некаде пред крајот на својот живот Конески уште еднаш се врати на тој наврнат воз во својата песна „Спомен по многу години". Во таа песна поетот на „Везилка" и „Тешкото" рече, уште рика маката во мене дека сум роден во смачкано племе.Јас сум убеден дека нешто слично би кажал и Рацин како само за оној Работник кој работи со рака и мисли со глава, така и за онаа смачкано племе кое Рацин го вика,На трудот црн народ.Уверен сум исто така дека во неговите стихови би имало многу повеќе горчина,многу повеќе гнев од оние од што ги среќаваме во неговите „Бели Мугри".Беспомошниот Рацин како што вели Конески загина во јуни 1943 година и тој не доживеа да се остварат неговите идеали,како што доживеа Мирослав Крлежа во неговата длабока старост.Рацин беше понесен од македонската идеа и социјалистичката револуција како што кажа Конески на Рацинови средби во Велес, две-три недели пред да почине на 17 ноември 1993 година, потсети Вангелов.

Споредувајќи го Рацин со Мирослав Крлежа, тој нагаси дека Крлежа и Конески доживеа да се остварат неговите идеали, но не и Рацин.

– Од тие остварени идеали потекнуваат песните на Конески „Молитва", „Влажни пореци", „Че Ге Вара" и многу други песни во кои јас го слушам Рацин, кој како и поетот Коле Неделковски кој зборува низ уста на Конески во неговата поема „Ракувања". Тој глас на Рацин одамна се слеа со гласот на Конески како што неговиот глас се слеа со гласот на оние што и денес копнеат по правда и достоен живот како неговиот Работник, што работи со рака и мисли со глава, потенцира Вангелов.

Вечерта беше заокружена со Вокално инструментален концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец".

Рациновите средби продолжуваат денеска со традиционалната посета на Спомен куќата на Рацин и промоција на збирка на поезија на млади поети. Свеченото затворање на 58. Рацинови средби е вечерва во 19 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" со претставување на портретите и доделување на наградите Почесно Рацинови признание за 2021 на Алја Генадјевна Шешкин и на Почесното Рациново признание на Милован Стефановски.

Претходно во фоајето на театарот е најавена и промоција на виното „Рацин" на винаријата „Шато Сопот".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

 Зеленски по разговорите во Осло изјави дека Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори.

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си.

Зеленски потврди дека американскиот систем за рано предупредување против руски напади сега повторно функционира и им се заблагодари на САД за соработката.„благодарни сме на американската страна.

- Сега функционира, одлично е“рече Зеленски нагласувајќи колку се важни навремените предупредувања за безбедноста на украинското население.

Неговата изјава доаѓа по неколкудневните тензии меѓу Киев и Вашингтон поради украинските тврдења дека САД повеќе не даваат навремени информации за руските ракетни напади.

Американскиот државен секретар Марко Рубио претходно ги отфрли обвинувањата дека Вашингтон намерно крие разузнавачки информации од Украина. Тој тврдеше дека немало политичка одлука за прекин на соработката, туку дека проблемите се од техничка природа.

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека учесниците на состанокот постигнале вистински напредок по две важни групи прашања – долгорочни мировни решенија и итни мерки што би можеле да го намалат бројот на жртви. Зборувајќи за долгорочното решение, тој рече дека се пронајдени одредени елементи од можен мировен договор и дека предлозите ќе ѝ бидат презентирани на руската страна за време на утрешните разговори во Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Според УХМР времето денеска ќе биде претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 21. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 21. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 21. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Шкорпија 24.10.-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер