Терористички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
2Терористички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
3Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
СветВо Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптерВластите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ Ерлајнс“ и воен хеликоптер.Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката Потомак, јавија американските медиуми. Се дознава дека во патничкиот авион Bombardier CRJ70 носел 60 патници. -Има жртви, изјави доцна синоќа Тед Круз, сенатор од Тексас, пренесе Волстрит џурнал. Според претставници од авиоиндустријата и владата, во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Во воениот хеликоптер Black Hawk се наоѓале три лица. Сударот се случил некаде пред 21 часот локално време, моменти пред слетувањето на патничкиот авионот. Леталата се урнале во реката Потомак. За инцидентот бил информиран и претседателот Доналд Трамп. -Господ нека ги благослови нивните души. Благодарност за неверојатните напори на нашите екипите за итна помош. Ја следам ситуацијата и ќе споделам повеќе детали кога ќе станат достапни, изјави Трамп. Националниот аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон поради инцидентот синоќа беше затворен. На местото на несреќата можеа да се видат неколку десетици возила на службите за брза помош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лицаНеколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќеска, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната киевска област. Меѓу повредените во Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од повредените се хоспитализирани. Рускиот напад, исто така, го оштети клучниот Северен мост во Киев, кој во моментов е затворен за сообраќај во двата правци, додаде тој. Од утрото, оштетени се коловозот, тролејбуската контактна линија и далноводот, рече Кличко. „Сообраќајните работници и комуналните работници веќе работат на Северниот мост“, увери градоначалникот. Додека воздухопловните сили на Украина предупредија дека балистичките ракети се насочени кон главниот град, серија експлозии го потресоа градот. Првиот бараж од ракети го нападна Киев брзо, а воздухопловните сили објавија дека најмалку шест ракети биле лансирани кон градот во рок од неколку минути непосредно пред 23 часот локално време на 6 ноември. До утрото на 7 ноември, воздухопловните сили објавија дека Русија лансирала 172 дронови од типот Шахед, од кои 137 со млазен погон, и неодреден број балистички ракети кон Украина преку ноќ. Воздухопловните сили тврдеа дека собориле или потиснале четири балистички ракети и 149 дронови од типот Шахед, вклучувајќи 117 дронови со млазен погон, на 24 локации.Тагови: балистички ракети Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТерористички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи. Strzelanina na rynku głównym w Krakowie 3 osoby nie żyją #rynek #krakow #poland https://t.co/m3KjcDvsrO — mat tam (@kitrvj) November 7, 2026 Strzelanina w Krakowie #kraków #krakow #strzelanina #rynek https://t.co/KSVCcuVgpH — mariiusz (@mariiusz251589) November 7, 2026 Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци. Strzelanina w Krakowie #Krakow https://t.co/KEE4p2CKE4 — Sjuras (@Sjuras17514) November 7, 2026 W Krakowie ktoś strzelał do przypadkowych ludzi w centrum na rynku. 5 osób nie żyje, nie wiem ile rannych… 🤬🤬🤬🤬🤬🤬🤬 https://t.co/HEk2SneBV1 — Patryk 🇵🇱 (@Benchm4de) November 7, 2026 Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил. Film ze strzelaniny w krakowie #krakow #strzelanina https://t.co/allT7fJEve — jelenikon (@sbxusijf) November 7, 2026 BREAKING: Several killed and many wounded in suspected terror attacking at the main square in Krakow, Poland. A man in a black car drove across the square in black car, shooting from a rifle. https://t.co/c6uUoqR3Ar — Visegrád 24 (@visegrad24) November 7, 2026 Takie coś znalazłem co do strzelaniny w Krakowie #kraków #strzelanina https://t.co/FEbp3PjF5G — MilekER (@MilekkER) November 7, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОпозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата. Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама. Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани. Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози. Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите. Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата. Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија. „Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter