Во Турција се урна воен тренажен авион (ВИДЕО) - Канал 5

Во Турција се урна воен тренажен авион (ВИДЕО)

Воен авион за обука се урна денеска во централниот дел на Турција, јави Анадолија.

Во Турција се урна воен тренажен авион (ВИДЕО)

Авионот од засега непознати причини се урна во провинцијата Коња.

Во регионот се испратени голем број медицински и противпожарни екипи.

YouTube video

Се дознава дека пилотот се катапултирал од авионот пред падот.

YouTube video

Според гувернерот на Коње, Вахдетин Озкан, загинал работник кој користел градежна машина на градилиштето каде се урнал авионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска.

Ристовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска, на која се разговараше за организацијата на две значајни меѓународни спортски натпреварувања што ќе се одржат во Македонија, во септември следната година.

Станува збор за Балканското првенство во џиу-џицу и Европското првенство во контакт џиу-џицу, на кои се очекува учество на повеќе од 1.300 натпреварувачи.

Во рамки на посетата на Скопје, претставниците на Европската џиу-џицу федерација извршија увид во сместувачките капацитети и натпреварувачката сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржат натпреварувањата.

Министерот Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка за успешна организација на првенствата.

„Организацијата на вакви големи меѓународни натпреварувања е значајна можност за македонскиот спорт и за промоција на нашата држава. Како Министерство за спорт ги поддржуваме ваквите настани и ќе настојуваме да обезбедиме услови Македонија да биде успешен домаќин“ - истакна министерот Ристовски, соопштуваат од МС.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брод со 7.000 тони дизел се преврте во близина на Ибица, има жртви (ВИДЕО)

Еден член на екипажот загина, а шестмина се полесно повредени во несреќата на товарниот брод „Мед Емре“, кој превезуваше 7.000 тони дизел гориво, и се преврте рано утрово во близина на шпанскиот остров Ибица.

Брод со 7.000 тони дизел се преврте во близина на Ибица, има жртви (ВИДЕО)

Бродот со малтешко знаме пловел од јужното шпанско пристаниште Алхесирас кон Барселона. Не потонал целосно, туку делумно останал на површината на морето, превртен на страна, соопшти Шпанската поморска служба за спасување (Салваменто Маритимо).

Спасувачки авион го забележал уништениот брод во 9:26 часот наутро, околу 19 наутички милји северозападно од Ибица. Досега не се забележани знаци на загадување на морето во областа на несреќата, соопшти шпанското Министерство за еколошка транзиција.

Мрсни дамки

Директорот на Управата за вонредни состојби на Балеарските Острови, Пабло Гарис, изјави дека на површината на морето се забележани одредени масни дамки, што е честа појава во вакви ситуации, но засега нема потврда за излевање на гориво.

Пристанишната управа на Валенсија и сопственикот на бродот работат на план за спасување на бродот, но пред тоа е потребно да се обезбеди неговата структурна стабилност. Регионалната влада на Балеарските Острови го стави пристаништето Сант Антони на располагање на спасувачките служби како логистичка база.

Причината за превртувањето на бродот сè уште не е позната, а криминалната полиција на Цивилната гарда започна истрага.

Проблеми со навалување на бродот

Координативниот центар за поморско спасување во Валенсија доби повик за помош во среда во 22:30 часот. Неколку минути подоцна, екипажот пријавил дека морето навлегло во бродот и наклон од приближно 90 степени. Несреќата се случила кратко по полноќ, околу 30 наутички милји северозападно од Ибица.

На бродот имало 17 членови на екипажот од индиско и турско потекло. Седум од нив биле евакуирани на Ибица, од кои шест биле транспортирани на аеродромот, а еден директно во болницата Кан Мисес, каде што била потврдена неговата смрт. Тој е 46-годишен турски државјанин.

Шестмината повредени биле згрижени од екипи за итна медицинска помош. Сите претрпеле полесни повреди, а главниот здравствен проблем била хипотермијата.

Во спасувачката операција учествувале три хеликоптери, еден авион и еден брод специјализиран за интервенции во случај на излевање на загадувачки супстанции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Следните две години ќе бидат предизвикувачки, но ќе ги реализираме преземените обврски

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

Мицкоски: Следните две години ќе бидат предизвикувачки, но ќе ги реализираме преземените обврски

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

„Следните две години ќе бидат прилично предизвикувачки во смисла дека е потребно да се вратат, да се презапишат стари долгови и да се врати каматата, и тоа да се финансира буџетскиот дефицит и капиталните инвестиции, некаде околу 5 милијарди евра. Не зборувам за поголеми трошења, туку за трошења каде што буџетскиот дефицит ќе се движи до 3,5% од БДП. Тоа е навистина едно добро ниво, имајќи ги предвид состојбите во другите земји во Европа. Италија и Франција се над 5-6%, на пример. Треба да излезете на меѓународниот финансиски пазар и да барате пари. Во времето на короната светот велеше ‘полесно беше затоа што се печатеа пари’, сега таква ликвидност немаме. Тоа значи дека тоа ни претставува дополнителен притисок и предизвик, но убедени сме дека ќе го обезбедиме тоа што е потребно и притоа треба да обезбедиме тековна ликвидност за тековните проекти“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека е убеден дека и покрај предизвиците, обврските кои како Влада се преземени, потенцирајќи ги тука колективните договори во здравството, образованието, администрацијата, судството и обвинителството, ќе бидат реализирани, вклучително и зголемувањето на пензиите и социјалните трансфери.

„Кај социјалните трансфери имаме една работа којашто почесто ќе треба да ја комуницираме. Работевме една ревизија со Министерството за социјална политика, демографија и млади. Отприлика имаме околу 4.000 корисници на ГМП, тоа е гарантирана минимална помош и социјална сигурност, коишто немале право да користат. Кога тоа ќе го сведете во пари, ќе дојдете до половина милијарда денари. И сега, тоа што е останатото, го работат со Министерството за внатрешни работи, ги мечираат базите, да видиме дали тие луѓе што се корисници се тука и навистина треба да бидат корисници. Сега, замислете вие, половина милијарда денари годишно одат онаму каде што не треба да одат. И ќе повторам, тука имаат различни етнички состави, од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Куманово. Буквално, секаде. Тоа било системски“, истакна Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер