Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
МакедонијаВо тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергијаФинансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за период од 12 месеци, почнувајќи од денот на поднесување на барањето. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е во тек Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за граѓаните што спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија. Финансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за период од 12 месеци, почнувајќи од денот на поднесување на барањето. Пријавувањето трае 30 дена од денот на објавување на огласот (до 19 април). Ги повикуваат сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат на време и да не ја пропуштат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија. Право на поддршка имаат: домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до 80.000 денари, според бројот на членови) и згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари). Оние што веќе примаат паричен додаток за енергенси или финансиска поддршка за стари лица не се опфатени со оваа мерка. Барањето за финансиска поддршка се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2) и придружна документација. Обрасците се достапни во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk. Со барањето е потребно да се достават следните документи: изјава заверена на нотар за точност на приложената документација, фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување, фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија, фотокопија од лична карта на барателот и доказ за членовите на домаќинството. За дополнителни информации и прашања, граѓаните може да се обратат на: [email protected] Тагови: електрична енергија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на државиУтре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.Утре Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар како и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. На состанокот ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај; претседавачката и членовите на претседателството На Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ; претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула; вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДва нови полначи за електрични возила во Општина Ѓорче Петров, донирани од Гоу Грин Општина Ѓорче Петров доби два нови полначи за електрични возила, донирани од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green). Полначите, со моќност од по 22 kW, се поставени на општинскиот паркинг на улицата „Ѓорче Петров“ бр. 22, каде што се инсталирани, тестирани и ставени во функција. Со оваа донација се унапредува инфраструктурата за електрична мобилност во општината и се создаваат подобри услови за користење електрични возила од страна на локалните жители и посетители. Полначите се приклучени на електричната мрежа, со придонес од соларната енергија произведена од фотонапонските панели на општинската зграда. На овој начин, локалното производство на обновлива енергија се поврзува со потребите за полнење електрични возила. Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје Донацијата е реализирана во рамките на проектот Community Mobility Co-operative Pilot (COMOCO), што во Македонија го спроведува „СмартАП - Лабораторија за социјални иновации“, чија цел е развој и тестирање модели за заедничко користење и управување со инфраструктурата за електрична мобилност. Преку соработката со Општина Ѓорче Петров, „Гоу Грин“ придонесува за развој на практични решенија за одржлива урбана мобилност и поголема примена на електричните возила во локалната заедница. Поставувањето на двата полначи претставува конкретен пример за тоа како соработката меѓу граѓанските организации и локалната самоуправа може да резултира со функционална инфраструктура и долгорочни придобивки за граѓаните. Ваквите иницијативи се важен чекор кон почиста, поодржлива и поефикасна мобилност во урбаните средини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook