БалканВо Србија процесот на имунизација е во тек„Дневно се трошат по три тони кислород, во овој пик развојот на клиничка слика кај пациентот е двапати побрз, најмладиот пациент има 19 години“Директорот на Клиничкиот болнички центар во Земун, Драгош Стојановиќ, за РТС изјави дека во таа болница во моментов се сместени 293 пациенти. Тој посочи дека развојот на клиничката слика на пациентите е скоро двојно побрз во овој пик, како и фактот дека дневната потрошувачка на кислород е околу три тони, што е еквивалентно на периодот кога таа болница имаше најголем број на пациенти. Што се однесува на возраста, тој вели дека тоа е од дваесеттите до четириесеттите години и од шеесеттите до осумдесеттите години. - Имаме најмлад пациент, 19 години, најстариот има 93 години - рече Стојановиќ. Процесот на имунизација е во тек, а некои се заразиле помеѓу двете дози на вакцината затоа што премногу се опуштиле. -Сите предупредуваме и бараме да се носат маски и да се држи растојание. Не опуштајте се, тоа што сте ја примиле првата или можеби втората доза на вакцина, или можеби поминал периодот после ревакцинација, не значи дека нема да можете да го понесете вирусот со вас. Идејата е да се вакцинираат што повеќе луѓе - рече директорот на КБЦ Земун. Извор: Blic.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Масакр на аеродромот во Ријад: 12 загинати, повеќе од 300 повредениДванаесет лица загинале, а повеќе од 300 беа повредени во вчерашниот ракетен напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, соопштија саудиските власти. Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути, кои се поддржани од Иран. Меѓу загинатите има четворица државјани на Саудиска Арабија, како и државјани на Бангладеш, Палестина, САД, Египет, Јордан, Сирија и Судан. Некои од повредените се во критична состојба. Проектилот погоди дел од аеродромскиот комплекс каде што се наоѓаат терминалите 3 и 4 за домашни летови. Ова беше трет напад врз аеродромот во Ријад во рок од неколку дена. 🇸🇦🇺🇸A US citizen is DEAD after Saudi airport attack 12 lives lost, over 300 wounded and counting… King Khalid Airport in Riyadh is in total CARNAGE. Officials insist the conflict is "contained," while ballistic missiles flatten civilian departure lounges and KILL travelers from nine other nations. This isn't distant crossfire anymore, it's a full-scale international inferno. Writer: Bri https://t.co/eBvPg9qvO0 — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 10, 2026 По нападот, сите аеродромски операции беа привремено прекинати, а летовите наменети за Ријад беа пренасочени кон други аеродроми. Очевидец изјави за Ројтерс дека по експлозијата видел неколку повредени лица како лежат во терминалот. Друг повреден патник раскажа дека видел нешто на небото непосредно пред ударот, по што дел од таванот се урнал во близина на излезот за качување во авион. Саудиската управа за цивилно воздухопловство претходно извести за жртви, повредени лица и материјална штета како последица на претходни напади. Тројца саудиски државјани загинаа во нападите на 8 октомври, додека еден судански државјанин почина претходниот ден во посебен напад врз аеродромот во Ријад. По најновиот напад, Хутите изјавија дека авиокомпаниите треба да го избегнуваат саудискиот воздушен простор, кој тие го прогласија за зона на воени дејствија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо МихајловПред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот!Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата. Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор. Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак. Обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја. Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина. Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре. Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт. Македонија не е депонија за туѓ проект. Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина. Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира. Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа. СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот. Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода. Скопје, 11.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter