Во Србија 158 новозаразени , властите тврдат дека состојбата се смирува - Канал 5

Во Србија 158 новозаразени , властите тврдат дека состојбата се смирува

Во последните 24 часа во Србија се евидентирани 158 нови случаи на инфекција со коронавирус, а владиниот кризен штаб заклучи дека епидемиолошката состојба се стабилизирала и се смирила, пренесува агенцијата Бета.

Во Србија 158 новозаразени , властите тврдат дека состојбата се смирува

Д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, заменик директор на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ - Батут“, на прес-конференцијата на седиштето на кризниот штаб на владата изјави дека се исполнети условите во многу српски градови за укинување на претходно прогласената вонредна состојба.

"Во Крушевац и Шабац не се потврдени нови случаи на инфекција во претходните 24 часа. Во тој период, просекот на позитивни во Белград и Ниш беше еден процент, во Крагуевац два проценти, а во Нови Сад и Краљево три проценти, додека во Оџак се забележани мали отстапувања". рече Кисиќ Тепавчевиќ.

Епидемиологот Предраг Кон оцени дека „не постои сомнеж“ дека епидемиолошката состојба во Белград „брзо и недвосмислено“ се смирува, додавајќи дека во некои белградски општини нема поединци со коронавирус.

Според Министерството за здравство, претходните 24 часа биле тестирани 10.571 лица, од кои 158 се потврдени дека имаат коронавирус.

Од почетокот на епидемијата, тестирани се 831.677 лица, а коронавирусот е потврден кај 30.048 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мухамед Зеќири осуден на една година и седум месеци затвор

Апелациониот суд му изрече казна затвор од една година и седум месеци на поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири, објави „Коха“.

Мухамед Зеќири осуден на една година и седум месеци затвор

Зеќири е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување при склучување договори за консултантски услуги без јавна набавка.

Договорите се однесувале на анализа на состојбите и можна приватизација на „Македонска пошта“ и „Македонски железници“.

Според Обвинителството, со договорите е предизвикана штета на државниот буџет од над 1,1 милион евра.

Судскиот процес беше проследен со одложувања, поништени пресуди и повторно судење. Во меѓувреме, Зеќири веќе ја одлежа првично изречената казна од две и пол години затвор, вклучувајќи го и времето поминато во притвор и куќен притвор.Тој има право да поднесе жалба до Врховниот суд во рок од осум дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбици

Во вторник (13.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Стефанија Костадинова

„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбици

Состојки за денешниот рецепт:

500 мл. млеко

1 пудинг од ванила

3 лажици густин

6 лажици шеќер

250 гр. маргарин

250 гр. шеќер во прав

2 пакетчиња кокос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер