Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на демократијата

Бидете вие таа водилка, а ние, политичарите ќе бидеме вашата поддршка и сила. 

Со оставање пораки за пратениците на четири специјално поставени огласни табли, средношколци и претставници на малдинските организации и ограноци денеска во Собранието на Република Македонија го одбележаа 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата.

На настанот, во организација на Клубот за младински прашања и политики со поддршка од Националниот демократски институт (НДИ), се обрати претседателот на Собранието Талат Џафери кој порача дека само активните граѓани се чувари на демократијата и водилка за општествени промени.

– Бидете вие таа водилка, а ние, политичарите ќе бидеме вашата поддршка и сила. Охрабруваме и поздравуваме различни видови на младински активизам и придонес за општеството, затоа што веруваме дека демократија, без формите на активизам и без активно учество на граѓаните, пред се на младите во процесите на креирање на политики, е ранлива и секогаш на раб на опстанок, рече Џафери.

Денеска, додаде тој, со гордост ги поздравуваме младинските иницијативи кои добиваат награди во светот, кои се посветени на подигнување на свеста за спречување на насилството, за животната средина и за правата на лицата со попреченост, но и ги охрабруваме, особено вас драги средношколци што денеска сте наши гости во Собранието, да се активирате, да создавате иницијативи, да ја искористите сета своја креативност за да придонесете кон општествените промени.

– Бидете моторот што ќе го отвора патот кон поубава и посреќна иднина, за сите што живееме во оваа прекрасна земја која иако мала по територија, ги има сите предуслови да биде земја за пример. Тоа што сме мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество е огромна предност за нас, затоа што тие различности не збогатиле со спознавањето на убавината да научиш да живееш и градиш иднина со различните, да ги разбираш и почитуваш обичаите на другите, да ги празнуваш заедно празниците и да сочувствуваш тогаш кога се несреќни. Бидете солидарни, отворени и полни почит за секој поединец, затоа што само преку инклузија на сите ќе создадеме услови за економски, социјален и културен развој. Бидете гласот на помалку моќните, затоа што слободата на говорот е човечко право и е темелот врз кој е изградена демократијата, без слобода на говор, нема демократија, потенцира Џафери.

Пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од Клубот за малдински прашања на Собранието, посочи дека принципот на еднаквост и еднаков третман пред законот, валадеењето на правото и правично судење ја сочинуваат основата на секое демократско општество.

– Демократијата е безсмислена без учеството на народот, а учеството во задничките политички работи е предуслов за изградба на демократски систем, рече Митовска.

Нејзината колешка од СДСМ Ивана Туфекџиќ појасни дека Клубот е формиран за креирање на законот за младинско учество на кој, како што рече, работат заедно со младинските организации и претставници на партиските подмладоци.

– Целта на формирањето на Клубот беше во Собранието да се надминат партиските поделби при креирањето на младинските политики, рече Туфекџиќ.

На настанот беа претставени учесниците на тимот составен од средношколци и студенти кој ја изработи апликацијата „спикаут" за елиминирање на меѓуврсничкото насилство и поттикнување за пријавување на насилството во училиштата, како и млади од различни форми на активизам за различни теми кои се значајни за општеството.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер