БалканВо Словенија закажан референдум за асистираното умирање Словенечките власти најавија референдум за 23 ноември за законот што би го регулирал асистираното (потпомогнато) умирање, објавија денеска словенечките медиуми.Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци, објави словенечка СТА. Несогласувањето меѓу над триесет словенечки политички партии по ова прашање е многу остра, со јасна разграничување помеѓу конзервативните, традиционалистички партии и оние што се залагаат за попрогресивни политики. Противниците на законот за асистирано умирање веруваат дека одбраната на човечкото достоинство е вкоренета во грижата, а не во убиството, и се залагаат за инвестирање во хосписи, палијативна нега и психолошка поддршка, наместо во правна еутаназија. Најсилното противење на асистираното умирање доаѓа од редовите на конзервативните партии како што се Демократската партија (СДС), Нова Словенија (НСи) и Народната партија (СЛС), кои тврдат дека законот го крши уставното право на живот, ја поткопува медицинската етика и е предмет на можна злоупотреба.Тагови: референдум словенија умирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветТрамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близуАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони го бомбардираа Јемен, а Хутите кои се поддржани од Иран лансираа беспилотни летала и ракети врз саудиските градови. Нападите го оштетија нафтоводот исток-запад на Саудиска Арабија, го проширија досегот на Техеран во војната и ги зголемија глобалните ризици за снабдување со нафта. Само неколку часа по извештаите за борбите меѓу Хутите и Саудиска Арабија, Трамп им рече на новинарите „па, се надевам дека сме при крајот на војната“. Тој посочи дека Иран сака договор, и дека цената на нафтата е сè уште висока.Проширувањето на војната во Јемен се заканува да го влоши глобалниот недостиг на енергија предизвикан од војната, што го наруши превозот низ Ормутскиот теснец. Теснецот пренесуваше околу 20% од глобалната нафта и течен природен гас пред конфликтот.Трговците велат дека продолженото затворање на нафтоводот исток-запад на Саудиска Арабија би можело да го намали глобалното снабдување со нафта за дури 4%.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаБитола домаќин на Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“Синоќа во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше организиран првиот меморијален кошаркарски турнир посветен на битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски. Турнирот го организираше новоформираниот кошаркарскиот клуб „Зоран Петковски – Петкото“, а на него присуствуваа и членови на семејството Петковски. Во своето обраќање градоначалникот на Битола Тони Коњановски рече дека Зоран Петковски е името кои не се заборава, голем спортски работник, поранешен кошаркар. Своите кошаркарски почетоци ги имаше Пелистер, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа настапуваше за Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер. „Се уште со голема така се присетуваме на нашиот пријател, другар, поранешен советник, спортски работник. И за неговото семејство, но и за нас голема е загубата на толку млад човек за кој спортото беше толку многу важен и за кој, спортот зближуваше, рекреираше, бодреше и инспирираше. Тоа беа неговите зборови на кои се присетувам и денеска на овој Прв Меморијален кошаркарски турнир „Зоран Петковски – Петкото“ кој два дена ќе се одржува во нашиот град“ рече градоначалникот на Битола. Петковски во еден мандат беше советник во Советот на Општина Битола, задолжен за спортските теми. Човек кој со својата посветеност, енергија и љубов кон спортот остави неизбришлива трага во спортскиот живот на Битола. Неговата поддршка на спортските иницијативи и неговиот несебичен дух ќе останат запаметени како пример за вистински битолски патриот и спортски ентузијаст. Велеше во Битола, ќе создадеме услови и за екипните и за индивидуалните, но и училишните и рекреативните спортови. Ќе успееме, умно ќе ги искористиме и споиме постојните ресурси со новосоздадените и новопронајдени можности. Овие негови зборовои за нас остана аманет. Некои луѓе оставаат толку многу зад себе, што секој што ги познавал носи по една своја приказна за нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваатОдлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат.Специјализираните совети во Хаг донесоа првостепена пресуда. Хашим Тачи и уште тројца се прогласени за виновни за воени злосторства. Има жалба. Процесот не е готов. Принципот е тој. Повикуваме сите да ја почитуваат одлуката на судот и да избегнат поттикнување тензии или поделби. СДСМ не се меша во работата на судот. Не кроиме пресуда според коалиција, нација или моментален интерес. Ако судот донел одлука за некој дека е виновен – тогаш тоа треба да се прифати, додека повисок суд не каже друго. Таму обвинителството не работи на телефон. Затоа се бориме за Европска Унија. Законот мора да важи за сите. Хаг судеше и кога на обвинителна клупа беше Ратко Младиќ. Тогаш рековме: пресуда мора да се почитува. И сега истото. Законот не се бира по нација. Во оваа насока реакциите на претседателот на Собранието, Африм Гаши се крајно несоодветни, тој извршува државна функција, претседател на Собранието и е претставник на држава што сака да биде дел од ЕУ. Не може двојни аршини. Ова не е пресуда против албанскиот народ. Не е пресуда против правото на Косово на слобода. Судот суди поединци. Кој денеска ја претвора пресудата во етничка лекција, прави иста грешка како оној што злосторството го крие зад некое знаме. Кај нас е обратно. Кај нас премиерот се меша во суд и во обвинителство. Кај нас предметите се тргаат, толкувањата се измислуваат, Европската комисија во извештаите наведува за притисок врз правосудството. Тие сакаат партија да биде суд. Ние одбиваме. СДСМ ќе ја почитува одлуката на судот и ќе повторува едно: никој не е над законот. Ни таму. Ни тука. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00