СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - Канал 5

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар

 Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар

Пливачките клубови во Скопје повторно немаат каде да работат. Јавните базени се затвораат, се отвораат за камера и повторно се празнат. Децата и спортот чекаат термини што ги нема.

Град со повеќе од половина милион жители функционира како пливањето да е луксуз, а не јавна услуга.

Мицкоски сечеше ленти. Базенот во Кисела Вода беше пуштен пред камери, со градоначалникот Ѓорѓиевски покрај него, како завршен проект. Потоа објектот заврши под клуч. Нема часови. Нема тренинзи. Има празен бетон што се води како реализација.

Клековски во меѓувреме нареди празнење поради комарци. Прво полнат за снимање. Потоа празнат со изговор. Тоа не е управување со спортска инфраструктура. Тоа е доказ дека државата се третира како сцена, а објектот како реквизит.

Сè е како Скопје 2014. Зад фасадата - стиропор.

Истата логика се гледа кај жичницата на Водно. Три од четири безбедносни сензори не работеле додека се превезувале патници. Носечките и влечните сајли биле под дозволениот минимум. Производителот Допелмаер утврдил ризик гондолата да се откачи. Во Швајцарија поради еден неисправен сензор имало смрт. Кај нас не работеле три. ЈСП претходно уверуваше дека е безбедна.

Ѓорѓиевски ја објави опасноста. Не објави кој дозволил жичницата да превезува граѓани во таква состојба, кој потпишал прегледи во 2024 и 2025 година и кој сноси одговорност. Опасноста стана соопштение. Одговорноста остана без име.

Како и со водата во Гостивар. Нема одговорни, кривичните пријави стојат во фиока, а градот 10 недели е без извештај за исправноста на водата.

Нема документ, нема потпис и печат. Само зборот на арамијата Мицкоски, кој лаже кога ќе прозбори, хиперхлоричарот Тошковски и Келковски, кој од првиот ден на работа во Владата е на екскурзија.

Ова е системот околу Мицкоски. Премиер, министер, градоначалник - едниот отвора, другиот затвора, едниот полни, другиот празни, едниот снима од дрон, лепи билборд со коњ со пет нозе и се повлекува кога треба да стави потпис.

Вардар и Лепенец се загадени, а проверката оди од воздух. Кој ги загадил - резултат нема.

Ѓубрето со месеци стоеше низ градот и по брегот на Вардар. За Ѓорѓиевски тоа не е комунален проблем.

Автобусите се најавуваат во круг, тендерот се реобјавува, јавниот превоз останува ист. Градот се рекламира. Не се одржува.

СДСМ бара одговорност, не лента. Зошто базенот е затворен откако беше отворен со народни пари? Кој наредил инфраструктурата да се празни наместо да се одржува? Кој дозволил жичница да превезува патници со неисправни сензори?

Без тие одговори Скопје не добива спорт, не добива безбедност и не добива град.

Добива доказ дека власта работи за кадри и за ПР, а последиците ги остава на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови експлозии во Франкфурт, цели кафуле и бар за наргиле

Во текот на ноќта, во Франкфурт одекнале нови експлозии насочени кон едно кафуле на улицата „Бергер“ (Berger Straße) и бар за наргиле на улицата „Цајл“ (Zeil). 

Нови експлозии во Франкфурт, цели кафуле и бар за наргиле

Со ова продолжува серијата напади со експлозивни направи забележани во областа на Франкфурт и Офенбах во изминатите денови, пишува tagesschau.de.

Од полицијата соопштуваат дека две експлозии се случиле утрово, околу 4:20 часот.

Според првичните информации, направите експлодирале пред кафулето „Рио“ во населбата Норденд и пред барот за наргиле „Трут“ (Truth) на улицата „Цајл“. На двата објекта е причинета значителна штета, а искршени се и неколку прозорски стакла.

Експлозијата во близина на кафулето „Рио“ беше толку силна што оштети близок бар за супи, соседна филијала на банката „Шпаркасе“ (Sparkasse) и најмалку еден паркиран автомобил.

Експлозијата ги разбудила жителите, но според достапните информации, нема повредени. Втора експлозивна направа експлодираше пред бар за наргиле.

Ова се само најновите во низата слични инциденти. Во понеделникот, експлозија одекна во близина на станбена зграда во франкфуртската населба Бокенхајм. Рано утрото во неделата беа пријавени експлозии во населбата Заксенхаузен и во Офенбах, при што беа оштетени бар, кафуле и киоск за весници. Во врска со нападот во Заксенхаузен е уапсено 15-годишно лице, на кое му е одреден притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена фрла ѓубре во Лепенец (ВИДЕО)

На видеото се гледа како таа пристапува до брегот со автомобил „Порше“, го фрла отпадот во реката и потоа си заминува.

Жена фрла ѓубре во Лепенец (ВИДЕО)

Утрово пред телевизијата Канал 5 е снимен момент на кој, според видеото објавено на порталот „Курир“, се гледа жена како со автомобил марка „Порше“ застанува во близина на мостот кај реката Лепенец, по што излегува од возилото со кеса и ја фрла во реката.

Снимката предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради начинот на кој е одложен отпадот и фактот што станува збор за водотек.

На видеото се слуша и глас како ѝ довикува на жената: „Фрлај, фрлај“.

Просторот околу реката Лепенец подолг период се соочува со проблем со наталожен отпад. Иако надлежните јавни комунални служби редовно интервенираат со чистење и одржување на просторот, несоодветното однесување на поединци придонесува за повторно создавање на диви депонии и дополнително загадување на околината.

Несоодветното одлагање отпад не претставува само естетски проблем, туку може да има негативно влијание и врз животната средина, особено кога отпадот се фрла директно во река. Од Канал 5 потсетуваат на потребата од одговорно однесување и правилно одлагање на отпадот, со цел да се зачува животната средина и просторот во кој сите живееме.

Снимката предизвика остри реакции и револт кај граѓаните, особено поради фактот што локацијата е точно кај устието каде Лепенец се влева во Вардар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Северина ужива во летото

Балканската музичка ѕвезда Северина го сумираше своето лето со нова фотогалерија, а меѓу бројните сцени се најдоа моменти покрај морето, атрактивни модни изданија, вечери и дружења. 

Фото: Северина ужива во летото

– Од самрак до зора – напиша пејачката во објава на Инстаграм, придружена со пораките „Сакам што се сакаме“ и „љубовта возвраќа со љубов“.

Атрактивната Севе ја отвори галеријата со фотографија направена покрај море, за време на зајдисонце.

Позираше во долг, тесен бел фустан од тантела со длабоко деколте и обемни ракави, а изгледот го надополни со очила за сонце.

Исто така, претстави и неколку други летни комбинации, меѓу кои се издвојуваше еден сив комплет со необичен крој, кој се одликуваше со отвори и метални детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер