Романска ѕвезда завршил на психијатрија поради гас за смеење - Канал 5

Романска ѕвезда завршил на психијатрија поради гас за смеење

Фудбалерот на ФКСБ, Октавијан Попеску (23), бил присилно хоспитализиран во психијатриска болница откако полицијата го пронашла во состојба на еуфорија во неговиот стан, наводно предизвикана од консумирање на азотен оксид.

Романска ѕвезда завршил на психијатрија поради гас за смеење

По инцидентот, клубот веднаш го испратил на позајмица во грчки Левадијакос, наведувајќи ја потребата од „нов почеток“ како официјална причина. Романските медиуми, сепак, ги откриваат драматичните околности што доведоа до неговото заминување, пишува GSP.ro.

Драматична полициска интервенција

Попеску исчезнал неколку дена пред натпреварот против УТА, одигран на 30 август, кој ФКСБ го загуби со 1:3. Бидејќи не се јавил на повиците, раководството на клубот и неговите родители ги контактирале властите. Според порталот prosport.ro, причината била консумирањето на азотен оксид, познат како „гас за смеење“.

Порталот golazo.ro наведува дека полицијата и пожарникарите биле испратени на неговата адреса. Полицијата морала да провали во станот бидејќи никој не ја отворил вратата. Внатре, ги пронашле Попеску и уште едно лице во еуфорична состојба, опкружени со пакети балони со азотен оксид. Фудбалерот одбил да соработува, станал агресивен и ги навредувал службените лица.

Полицијата го совладала и го предала на медицинскиот тим, кој го пренел во Клиничката психијатриска болница „Проф. д-р Александру Обрегија“ за евалуација. По инцидентот, ФКСБ одлучила да не го објавува случајот јавно и го испратила Попеску на позајмица во Грција. Левадијакос нема опција да го откупи неговиот договор.

Клубот: Ова се чувствителни прашања

Недолго откако информацијата стигнала до медиумите, се огласиле и клупските лидери Џиџи Бекали и Михаи Стоица. „Немаме поим, но ако не е дрога и ако не го уапсиле, тогаш не е... Не знам што да кажам. Дури и да знам нешто, како можам да зборувам за тоа ако не сум сто проценти сигурен?

Што имам јас со тоа? Ако човекот направил нешто... Ако не направил ништо нелегално... Знам дека ММ (Михај Стоица) ја презеде одговорноста за него, тој му беше адут и беше добар во подготовките. А сега ми ги кажувате овие лаги... Како може некој да лаже така?

Боже да чува, какви лажговци. Како може да се измислат такви работи? Тој беше во лошо друштво тука, па го испративме на позајмица да избега. Но, му го продолживме договорот за уште една година, што значи дека сè уште веруваме во него“, изјави Бекали за Диги Спорт.

Михај Стоица беше поконцизен. „Тоа е чувствителна тема што нема никаква врска со фудбалот. Сето ова се гласини. Статијата е напишана врз основа на гласини дека нешто се случило. Тој имал една недела одмор и ја поминал дома. Немам коментари, ова се премногу чувствителни прашања што не се однесуваат на фудбалот“, изјави Стоица за Прима Спорт 1.

Што е гас за смеење?

Гасот за смеење е популарно име за азотен оксид. Тоа е безбоен гас што редовно се користи во медицината поради неговите аналгетски и седативни ефекти. И покрај предупредувањата на лекарите, се користи рекреативно за забава бидејќи предизвикува краткотрајна еуфорија, вртоглавица и изменета перцепција.

Иако ефектите се краткотрајни, прекумерната консумација може да предизвика сериозни здравствени последици, вклучително и невролошки проблеми. Во Романија, азотниот оксид не е на списокот на забранети супстанции и не е под национална контрола, иако јавно се дискутираше неколку пати.

Во остатокот од Европа, прописите стануваат построги. Обединетото Кралство и Холандија го забранија производството, продажбата, купувањето и поседувањето гас за рекреативни цели од 2023 година. Германија, исто така, се движи кон слична одлука и планира да го додаде на листата на нови психоактивни супстанции во 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од Белград

Претседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува  фудбалскиот клуб Чукарички.

Првиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од Белград

Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година.

„Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport.

По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот.

Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот.

„Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“.

Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани

Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.

Руски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани

Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени.

Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци.

– Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова.

Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер