Во Рим погребан легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ - Канал 5

Во живо

последно ажурирање на 12.2022

Во Рим погребан легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ

Светскиот фудбал се простува од  легендарниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој почина по долга борба со тешката болест.

Во Рим погребан легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ
на 12.202213:56
на 12.202213:50

На гробиштата во Рим погребан легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.

Скршена од болка е мајката на Синиша, Викторија Михајловиќ.

Тажниот ден заврши. Синиша Михајовиќ е погребан на гробиштата во Рим. Пред тоа во базиликата лоцирана веднаш до гробиштата беше извршен погреб на легендарниот Миха.

Илјадници луѓе беа на збогувањето со славниот фудбалски ас кој почина од леукемија на 53 годишна возраст.

на 12.202213:27

Австриецот со потекло од Балканот, Марко Арнаутовиќ, фудбалерот на Болоња и човек кој секогаш потенцираше колку му значи Синиша Михајловиќ, се прекрсти и го бакна ковчегот!

на 12.202213:24

на 12.202213:21

Со аплауз на сите присутни надвор од базиликата ковчегот ставен во специјалното возило.

YouTube video

на 12.202213:16

Светските фудбалски легенди Роберто Манчини и Дејан Станковиќ го изнесоа ковчегот со посмртните останки од базиликата во Рим кон вечното почивалиште на Синиша Михајловиќ.

Ковчегот е однесен на гробиштата каде ќе почива Синиша.

Погребот во црквата заврши. Само членовите на семејството одат на гробиштата, кои се наоѓаат веднаш до базиликата.

По православниот, погребот го служеше и католички свештеник, затоа се траеше повеќе од еден час.

на 12.202212:47

Погребот се уште трае во базиликата во Рим.

Сето тоа се одвива во придружба на хор, кога ќе заврши ќе значи и крај на погребот.

на 12.202212:44

Во базиликата во тес е погребната служба, надвор од старата базилика во Рим илјадници тажни лица се простуваат од славниот фудбалер.

на 12.202212:12

Во базиликата во Рим „Света Марија на ангелите и мачениците“ на чело со владиката Андреј започна богослужбата. Неколку стотици луѓе во моментов се во црквата каде ќе биде оддадена чест на Синиша, надвор од базиликата има околу 2000 луѓе кои сакаат да му оддадат почест на починатиот Михајловиќ. На погребот се присути и италијанските легенди Франческо Тоти и Даниел Де Роси.

на 12.202211:52

На погребот на Михајловиќ се присутни и сите фудбалери и целиот тим на неговиот екс клуб Лацио, тие дојдоа со клупски автобус, а во базиликата влегоа со орел, за да му оддадат почит на Михајловиќ.

Венец испрати и клубот Милан

на 12.202211:22

на 12.202211:18

Во римската базилика започна службата!! Тажни лица, солзи и липања во Рим...

на 12.202211:12

На погребот се присутни и легендите Бруно Конти и Морган де санткис, како и Марко Арнаутовиќ, Драгиша Биниќ, Стеван Стојановиќ, Звездан Терзиќ...

на 12.202211:10

Славниот Миха ќе биде погребан во Рим во базиликата „Santa Maria degli Angeli e dei Martiri“.Претходно ковчегот со телото на Михајловиќ беше изложено во општината во Рим каде илјадници граѓани и навивачи од сите краеви на Европа се простија од својот идол. МИхајловиќ почина од леукемија во 54 година од животот.

Семејството, пријателите и навивачите од различни делови на светот пристигнаа во базиликата Santa Maria degli Angeli e dei Martiri, на плоштадот Еседра во Рим за да се простат од големиот човек и спортист.

YouTube video

На погребот се присутни многу јавни личности од Италија, Србија...кои со тага се простуваат славниот фудбалер.

Големите пријатели на Синиша, фудбалските легенди од Хрвстска Роберт Просинечки и Звонимир Бобан испратија венец со порака:

- Збогум, Миха! Твоите Роби и Звоне!!

На погребот се присутни неговите фудбалски пријатели, кумот Дејан Станковиќ со семејството, Југовиќ, Монтела, Сергеј, газдата на лацио Лотито, Бата Мирковиќ, Гордан Петриќ, Јокановиќ, Драган Стојковиќ Пикси, целиот тим на Болоња ...

Венец испрати и Светската фудбалска асоцијација ФИФА и неговите пријатели и екс соиграчи од Хрватска Звоне Бобан и Роберт Просинечки, ...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот жител на Конго ја прими експерименталната вакцина против опасен вирус

Првиот човек во Демократска Република Конго вчера прими експериментална вакцина против смртоносниот вирус Бундибугио, сој на ебола, објавија Универзитетот во Антверпен и Институтот за тропска медицина, чии тимови учествуваат во теренската работа.

Првиот жител на Конго ја прими експерименталната вакцина против опасен вирус

Станува збор за клиничко испитување кое ќе тестира неколку експериментални вакцини, објави фламанскиот јавен радиодифузер VRT.

Неколку кандидати ќе бидат оценети истовремено во испитувањето.

Во моментов нема одобрена вакцина против најновиот сој на ебола.

„Ова испитување е важен чекор во одговорот на итните потреби на погодените заедници“, рече Стив Ахука-Мундеке, координатор за одговор на ебола во земјата.

Тој рече дека приоритет е да се запре преносот на вирусот и да се спасат животи, а истовремено да се усогласи истражувањето со потребите на тимовите што работат на првите линии.

Берн-Томас Њангва, локалниот директор на Лекари без граници, го нарече „клучен чекор“.

„Соработката со заедниците е од суштинско значење за градење доверба и обезбедување учество во развојот на вакцини што ќе им бидат достапни на оние на кои им се најпотребни“, рече Њангва.

Откако започна епидемијата во мај, вирусот Бундибугио се прошири од ДР Конго во Уганда, Франција и Кенија, а на 20 октомври беше потврден првиот случај во Нигерија.

Ширењето на ебола надвор од Демократска Република Конго ги зголеми загриженостите на здравствените власти за потенцијалот за брзо пренесување на реткиот вирус Бундибугио, кој инфицираше повеќе од 9.000 луѓе и уби повеќе од 4.300.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар во рускиот град Омск по напад на Украинците (ВИДЕО)

Дронови ја нападнаа хемиската фабрика Омски Каучук во рускиот град Омск во саботата и предизвикаа пожар. 

Огромен пожар во рускиот град Омск по напад на Украинците (ВИДЕО)

Фабриката се наоѓа на приближно 2.500 километри од украинската граница, пишува Украинска правда.

Детали за нападот

Украинската заедница ОСИНТ Ексиленова+ објави видео од нападот, а инцидентот го потврди и гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко. Според информациите на аналитичарите, ударот предизвикал голем пожар во индустриската зона на фабриката.

Првите податоци укажуваат на удари во близина на два производни капацитети. „Првичните извештаи засновани на геолокацијата укажуваат на удари во близина на единицата Д-3, каде што се произведува метил терц-бутил етер, и единицата Д-5“, рече тој во соопштението.

Поврзани инциденти

„Украинска правда“ претходно објави дека во саботата наутро била погодена и фабриката „Тољатикаучук“ во градот Тољати во областа Самара. Таму по нападот е забележана експлозија и пожар.

Ден претходно, на 23 октомври, беше нападната главната производствена зграда на фабриката „Протон-Електротекс“ во Орел. Станува збор за погон со целосен производствен циклус кој произведува оптоелектронска опрема и уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)

Ким Кардашијан ги продолжи прославите на својот 46-ти роденден со патување во Италија. 

Ким Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)

По свечената вечера во Лос Анџелес, ријалити ѕвездата отпатува во Рим, каде што нејзиното појавување во фустан со особено длабоко деколте привлече големо внимание од минувачите и фотографите.

Речиси веднаш по семејната прослава во Беверли Хилс, Кардашијан се качи во авион и се упати кон Европа со нејзината мајка, Крис Џенер. Нивната дестинација беше Рим, каде што обиколуваа луксузни бутици, вклучувајќи ја и продавницата за накит „Булгари“, што создаде возбуда кај минувачите и папараците. Иако момчето Луис Хамилтон не ѝ се придружи на патувањето, Кардашијан изгледаше во одлично расположение.

Избор на фустан за обиколка на бутикот

За обиколка на продавниците, таа избра тесен бел макси фустан со плисови на пределот на стомакот и врзување околу вратот. Деколтето беше толку длабоко што мораше да го држи материјалот со рака кога излегуваше од автомобилот за да избегне несреќа пред собраните фотографи.

Изгледот го комплетираше со високи чевли на платформа и црна коса врзана во висока опашка. И Крис Џенер можеше да се види во позадина, како се одлучува за класично розово јакна од Шанел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер