Во притвор во Шутка петмина осомичени во „Империја“

Петмина  осоминчени од истрагата на СЈО наречена Империја добија триесет дневен притов. Судот засега не ги објави причините за изречената мерка.

Триесет дневен притвор доцна синоќа добија пет лица осомничени во истрагата на СЈО наречена “Империја”. Причината за изречената мерка за сега не е објавена во јавноста. Петмината осомничени во предметот, меѓу нив, бизнисменот Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ, беа префрлени во затворот Шутка по одлуката на судија на претходна постапка.. Ова е исходот по долгата серија распити во кривичниот суд, која заврши неколку часови по полноќ. Од СЈО велат дека очекуваат и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела.

,,Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот.– соопштија вчера од СЈО

Освен петтемина спроведени пред судија, во Империја се опфатени уште 8 други лица, меѓу нив мајката и сестрата на Јордан Камчев. Двајцата осомничени, Камчев и директорот на “ЗК Пелагонија” Панделески вчера и писмено се обратија до јавноста, изјавувајќи дека нивните фирми работат според сите законски прописи. СЈО ги товари за неколку кривични дела, меѓу кои за злосторничко здружување, перење пари, измама, злоупотреба на службена должност, како и оштетување на доверители.

Мислеле дека ја снимиле „поларната светлина“- епското промашување го виделе 6,3 милиони луѓе

Две млади момчиња неодамна шетале по улиците на британски Норич и ги здогледале „светлата на Аурора“. Секако, веднаш ја вклучиле камерата на телефонот.

Ако не ви е познато, Аурора Бореалис е видена над поголемиот дел од Европа, по силната соларна бура. Единствениот проблем е што Карим Ахтар и неговиот пријател Сули не биле сведоци на оваа природна појава.

Момчињата уживале во својата прошетка, а нивното внимание го привлекла особено силната (виолетова) светлина, која ја осветлила целата област.

Тие биле возбудени, а потоа доживеале невидено разочарување, пишува Дејли Стар.

„Мислевме дека ја видовме поларната светлина, но светеше од блискиот хотел“, велат тие.

Видеото од „епско промашување“ се појави на интернет и привлече големо внимание. Само на TikTok има повеќе од 6,3 милиони прегледи.

@paakkz We thought we missed them in iceland but saw them in norwich 🤣🤣 #fyp #viral #zyxcba ♬ original sound - Pakkz

„Истото ми се случи пред супермаркет“, „Ова навистина ќе ме налути“ и „Барем убаво си поминавте“, гласат дел од коментарите.

Шефот на канцеларијата што го штити Фицо бил со него во моментот на атентатот, откри детали

Шефот на Канцеларијата за заштита на уставните функционери, Павол Крејчи, присуствувал на атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, објавија словачките медиуми.

„Тој беше со премиерот. Целиот костум му беше облеан во крв“, одговори министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.

Тој додаде дека не гледа причина шефот на канцеларијата да биде одговорен и да биде сменет од функцијата. Полицискиот инспекторат ја проверува безбедносната постапка.

Крејчи е претседател на Словачката џудо асоцијација, во 2023 година се кандидираше за партијата Хлас.

Тој ја води Канцеларијата што ги штити владините претставници од ноември 2023 година, кога владата на Фицо веќе беше на власт неколку недели. Хлас е една од двете партии во коалиција со партијата Смер на Фицо.

Да потсетиме, по атентатот, премиерот со хеликоптер беше префрлен во болницата во Бањска Бистрица и неговата состојба по операцијата е сериозна.

На пејачка ѝ се скина градникот среде настап, снимката е хит (ВИДЕО)

Пејачката Оливија Родриго доживеа незгода на сцената кога ѝ пукна горниот дел среде настап во Лондон, а видеото од засрамувачкиот момент набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Таа продолжила да пее, а еден од танчерите го забележала проблемот и се обидела да ѝ помогне, па скокала околу бината по пејачката, што насмеа многумина.

„Ова е срамно“, извика Родриго, држејќи ги рацете над градите за да не ѝ падне горниот дел, а фановите коментираа на сцената.

@rosabain She handled it like an absolute champ though omg I love her!!!😭🫶🏻💜⭐️✨ #fyp #olivia #oliviarodrigo #oliviarodrigoguts #guts #gutstour #gutstourlondon #london #02 #o2arena #uk @Olivia Rodrigo @livies hq ❤️ ♬ original sound - Rosa⸆⸉🎀

„Танчарката ја брка низ сцената за да ѝ го прицврсти горниот дел, не можам“, „Оваа танчерка е нејзина вистинска пријателка“, „Ова е премногу смешно“ и „Како танчерката продолжува да ја прави поентата додека се обидува да си го поправи горниот дел , ова е тоа", се некои од коментари на фановите.

притисни ентер