Од денеска на Клиниката за токсикологија почнале со работа 18-те претходно вработените на кои економската директорка Бесија Иљази вчера им ги потпиша договорите за работа, велат извори од клиниката. Извори за Канал 5 велат дека денеска во униформа на работа дошол и болничарот кои се обидел да смени резулати од урина со дрога со чиста урина. Иако Иљази потпишала овие договори се неважечки велат од Државниот сантирарен инспекторат. Од ДСЗИ се уште не добиле повратница од пошта дека Клиниката за токсикологија го добиле решението каде се вели дека овие 18 луѓе не смеат да доаѓаат н работа.
Од ДСЗИ рекоа дека наредна мерка ќе биде казна за двајцата директорки и за Данил Петровски и за Бесија , бидејќи во клиниката не смеат да работат луѓе кои не се одобрени од двајцата директори. Медицинскиот директор на клиниката Данил Петровски се уште го користи стариот одмор. Тој во вторникот беше разрешен бидејќи бил на дежурство а користел денови од годишен одмор.
Министерот за здравство објасни дека не станувало збор за политички чекор туку дека 18те луѓе требало да продолжат на работа.
Петровски потенцира дека тоа е дозволено во случаи кога има потреба од медицински кадар се случувало и доктори да дојдат од одмор за дежурство. Вчера и докторот од токсикологија Нико Беќаровски побара јавно да му се извини министерот Демири кој го обвини Беќаровски дека е албанофоб. Беќаровски демантираше дека направил било каква етничка навреда и дека не може незаконското вработување на клиниката да биде поврзано со етничка припадност.