Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ ја усогласуваат програмата на идната Влада

По лидерската средба викендов во седиштето на ВРЕДИ, пред околу еден час партиските групи ги почнаа преговорите, за владината коалиција.. 

Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ Твоја Македонија самостојно во Парламентот консолидира 61 пратеник, изјави денеска лидерот на партијата, Христијан Мицковски...Тој е оптимист дека по преговорите со коалиционите партнери ќе стигнат до две третини во Собранието, што ќе биде потребно за да се донесат законски измени за, како што рече, добро на граѓаните на Македонија.

Во однос на шпекулациите дека од ВРЕДИ бараат претседател на Собранието да биде од нивната коалиција, Мицкоски рече дека разговорите се водат во вистинска насока, коалицијата со Вреди очекува партнерски однос, без меѓусебни понижувања.

Денеска се одржа и првата средба за формирање на новата влада, помеѓу работните групи на ВМРО ДПМНЕ и ВРЕДИ,

Азир Алиу од Алијанса на Албанците пред почетокот на средбата рече дека поконкретни разговори на кои ќе биде начната и темата за кадровски решенија, најверојатно ќе се отворат на наредниот состанок

На средбата беше истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните, соопштија од вмро-дпмне по сребата.. При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард, велат од вмро-дпмне додавајќи дека договорено било разговорите во позитивен дух да продолжат и во наредниот период.

Повик за доставување предлози за одбележување јубилеи во соработка со УНЕСКО за 2026-2027

-За таа цел УНЕСКО би се вклучил во одбележувањето на јубилеите предложени од страна на државите  членки, со што би им се дало поголемо светско значење и признание, објави Министерството за образование и наука. 

УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат предлози за одбележување јубилеи на историски настани и еминентни личности во периодот 2026-2027 година, кои имаат универзално значење и придонеле во промоција на мирот, разбирањето и зближувањето на односите меѓу луѓето.

-За таа цел УНЕСКО би се вклучил во одбележувањето на јубилеите предложени од страна на државите членки, со што би им се дало поголемо светско значење и признание, објави Министерството за образование и наука.

Повеќе информации за критериумите за поднесувањето предлози за јубилеј на личност/настан се достапни на линкот: https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391504_eng.

Во повикот објавен на веб-страницата на МОН е дпостапен форумулар кој пополнет треба да се достави во електронска форма до: [email protected] најдоцна до 2 декември 2024.

-Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија по добиените предлози ќе изврши дефинитивна селекција на два предлога за јубилеи и ќе ги достави до УНЕСКО. Предност ќе им се даде на предлози кои промовираат родова рамноправност, се наведува во повикот што го објави МОН.

Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Петровец

Утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Петровец, соопштија од РЦУК Скопје.

Во периодот од 9:00 до15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Воин Драшкоци“, „Ибе Паликуќа“, училиштето „Димитар Поп Беровски“ во Хром, општина Ѓорче Петров.

Од 10:00 до 12:00 часот корисниците од село Орман, село Никиштани, стопански објекти на Трудбеник, Водостопанство, Гранит, Дарс, МВМ Компани, Регенератор, дел од Новоселски Пат, дел од село Волково, стопански објект на Техника во општина Ѓорче Петров.

Од 8:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 2, дел од ул. 38, дел од ул. 203 во општина Петровец.

Без струја утре од 8:35 до 11:00 часот корисниците од дел од село Дрма, а од 10:30 до 12:00 часот корисниците од ул.2 село Идризово и викенд населба преку автопат во општина Петровец.

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие на СДСМ

Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие на СДСМ, нема јака опозиција со вакви репрезенти.

Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи.

Откако СДС, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра.

Во време кога Македонија се соочува со сериозни економски и социјални предизвици поради владеењето на СДС во изминатите 7 години, а народот мака мачи како да преживее до 1-ви во месецот, Заев и Филипче покажуваат раскалаштено однесување и воопшто не се загрижени за народот и состојбите во државата.

Во време кога рејтингот на Филипче е 5 % и тоне кон ниво на статистичка грешка, кога дури ни во сопствената СДС не знаат кој им е лидер, Филипче се забавува на скапи журки во странство и испраќа погрешна порака и слика во јавноста за приоритетите и вредностите кои треба да ги поседува лидер на партија.

Јавноста треба да знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и животниот стандард на граѓаните, додека се обидуваат да ја замајуваат јавноста со безсмислени прес конференции.

Нема јака опозиција со вакви репрезенти.

Додека бившиот и сегашниот лидер на СДС организираат забави во странство, ВМРО-ДПМНЕ само за 4 месеци донесе неколку нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања.

ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова економска реалност. ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер