Во Пијанечко-малешевскиот регион само еден активен случај на Ковид-19

Добра вест за беровчани и пехчевци. Два од трите позитивни случаи на вирусот Ковид-19, денес се регистрирани како оздравени пациенти, со што на крајниот Исток во моментот има само еден позитивен случај на коронавирус.

Како што информираа од Здравствениот дом во Пехчево, пациентот е во стабилна состојба и се очекува и тој наскоро да влезе во статистиката на оздравени пациенти.

-Денеска имаме добра вест да споделиме со граѓаните на Пехчево и да соопштиме дека еден од пациентите кој пред 14-тина дена брше регистриран како позитивен на вирусот е оздравен. Станува збор за пациент кој претходно со својата пожртвуваност активно се вклучи во поддршката за спречување на заразата во нашата општина, информираат од Здравствениот дом во Пехчево.

Од таму се надеваат дека наскоро и последниот случај кој е позитивен на вирусот ќе влезе во статистиката на оздравени пациенти, со што во Пехчево, повеќе нема да има граѓани кои се позитивни на Ковид-19.

Во меѓувреме, како што соопштија од Министерството за здравство оздраве и пациентката од беровското село Владимирово, која беше прв и единствен позитивен случај на коронавирус во Берово.

Според најновите податоци во моментот во четирите општини кои потпаѓаат под Пијанечко-малешевскиот регион, Берово, Делчево, М.Каменица и Пехчево има само 1 активен случај на коронавирус, додека од четирите случаи на вирусот од почетокот на пандемијата, во овие општини само 1 пациент од Делчево е единствениот кој според Министерството за здравство почина од коронавирус./МИА

95-годишен Индиец никогаш не се шишал, сега ја покажа косата (ВИДЕО)

Индиец на  95-годишна возраст од државата Карнатака тврди дека никогаш во животот не се шишал, а сега мора да ја завитка косата подолга од 7 метри на главата за да може воопшто да се движи.

За време на карантинот, многумина се жалеа дека не биле на бербер со недели, но Индиецот тврди дека тој не ја скратил косата скоро еден век. Додапалија, кому многумина му се поклонуваат во неговиот роден град Молакалмур како божество, мора да ја завитка косата во џиновска топка на главата и да ја зацврсти со крпа за да може да се движи.

Според видеото, самиот Додапалија верува дека тој е човечко божество и никогаш не ја исекол косата од страв дека ќе го изгуби тој статус. Иако долгата и тешка коса очигледно е повеќе пречка отколку благослов, особено на негова возраст, тој повеќе би сакал луѓето да му помогнат да си ја врзува косата наместо да ја исече, пренесува Oddity Central.

Во краткиот клип, се гледа слабиот Додадалија, додека неколку луѓе се обидуваат да му ја одврзат косата од главата, за да се сликаат.

Утре во 21 часот, гледајте Отворено студио со Гоце Михајлоски

Отворено студио, со почеток во 21 часот со Гоце Михајлоски, на Канал 5 Телевизија.

Утре 15 Јули, македонскиот народ одлучува за својата судбина, а Канал 5 останува со вас и на иборниот ден.

Ги следиме и анализираме резултатите од гласањето на предвремените парламентарни избори.

Кој ќе биде казнет а кој награден, кој ќе оди на одмор а кој во политичка пензија?

Дали повеќе гласови, значат и „палка“ за формирање влада?

Во почетниот дел гости во отвореното студио ќе ги слушнете анализите на Зоран Димитровски и Бранко Геровски, а во завршниот дел од изборната вечер со Љубиша Николовски и Александар Пандов.

Каков епилог ќе има „црната“ кампања?

Дали власта ќе „падне“ како што падна и претходниот „режим“ или е можно власта и опозицијата во проширен сосатв да седнат на маса?

Кому ќе му недостасува „кралицата“ за да победи доколку има политичко „реми“? Кој ќе добие „морков“,а за кого ќе остане „стапот“?

Македонија одлучува, а ние заедно со вас почитувани гледачи го следиме изборниот ден, анализираме и коментираме утре во отвореното студио, со почеток во 21 часот со Гоце Михајлоски, на Канал 5 Телевизија.

Бергамо прогласи победа над вирусот, како се живее во градот по пандемијата?

Додека во земјава епидемијата се уште е во полн ек, италијанскиот град Бергамо кој што во пикот броеше и по стотина починати од коронавирусот пред неколку дена прогласи победа над болеста по повеќе од 130 дена без ниту еден нов случај.

За тоа како се живее во овој град по пустошот што зад себе го остави пандемијата ни зборува нашинката Катерина Василевска која живее и работи во Бергамо.

Со неа разговараше Мирјана Мирчевска Јовановиќ .

притисни ентер