Во Пакистан автобус со муслимански верници падна во провалија, 17 загинати и 16 повредени - Канал 5

Во Пакистан автобус со муслимански верници падна во провалија, 17 загинати и 16 повредени

Во југозападен Пакистан, 17 лица загинаа, а 16 се повредени кога автобусот во кој се наоѓале паднал во провалија.

Во Пакистан автобус со муслимански верници падна во провалија, 17 загинати и 16 повредени

Портпаролот на провинцијата Белуџистан, Шахид Ринд изјави дека сообраќајната несреќа се случила синоќа кога верниците се упатиле кон едно свето место за да го прослават Рамазан Бајрам.

Возачот изгубил контрола над автобусот и паднал во провалија на само 25 километри од дестинацијата.

Петнаесет лица се во тешка состојба, а во автобусот имало 33 лица, меѓу кои и возачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕСМ ќе потроши речиси 17 милиони евра за струја за само 20 дена

Околу 17 милиони евра за само 20 дена ќе потроши ЕСМ за набавка на електрична енергија од осум приватни снабдувачи..

ЕСМ ќе потроши речиси 17 милиони евра за струја за само 20 дена

Станува збор за кракторочна набавка од вкупно 70.560 мегават часови, потребни за снабдувањето што ЕВН Хоме го врши кон домаќинствата и малите потрошувачи до 13 декември. Просечната цена на набавката изнесува околу 240 евра за мегават час.

Во овие 20-тина дена, ЕСМ се надева дека ќе го зголеми домашното производство, а таа цел се планира и повторно активирање на ТЕЦ Неготино. Веќе е распишан повик за набаква на околу 45 илјади тони мазут, со проценета вредност од над 42 милиони евра, а отварањето на понудите кое беше планирано за денеска е презакажано за петок.. Освен, активирањето на ТЕЦ, следниот период се очекува да почне и увозот на јагледн од Косово за да се стават во погон сите блокови во РЕК Битола и РЕК Осломеј.. На ваков начин, премиерот Мицкоски очекува да се избегнат ценовни шокови..

-Оваа недела во сабота јас ќе бидам присутен и ќе одржам колегиум во РЕК Битола заедно со луѓето од РЕК Битола, така што како главен столб и стожер на енергетската стабилност во Македонија, работиме и остануваме држава со најниски цени на енергенсите и покрај тоа што немаме многу енергенси кои што се наш природен ресурс,- Христијан Мицкоски- претседател на Влада.

Умерено сезонско поскапување на струјата и парното очекува и економистот Борче Треновски. Тој смета дека државата треба да ги заштити граѓаните со најниски примања преку таргетирани мерки.

-Мора да внимава Владата кога ги носи мерките да ги зголеми цените пред сè на оние кои се во средната и повисоката, како да кажеме, транша за плаќање, односно да внимава на оние кои се во најниските, помалите потрошувачи – таму 80-90% се оние со понизок доход. Таму цената или да не се промени, или да се амортизира со зголемувањето на цените во другите, со цел да може тој дел од населението да го заштити,- Борче Треновски – универзитетски професор.

Спроед последните најави од претседателот на Регулаторната, Ристов, од 1 јануари струјата ќе се покачи за 2-3%, а со предлог одлуките веќе е најавено и покачување на парното за 7,5% проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?

Во последните 24 часа полицијата интервенирала во пет различни случаи за семејно насилство поради физички напади, психичко малтертирање, но и закани со оружје во семејниот дом. 

 Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?

Според МВР, вчера бил уапсен и 40-годишен маж од Тетово кој подолг временски период физички ја малтертирал сопругата, а и упатувал и закани со огнено оружје. Додека случаите со семејно насилство се нижат, правници од земјава кои размениле искуство за тоа како овие случаи се решаваат во други европски земји, предупредуваат дека кај нас најмногу недостасува работа во делот на превенцијата.

– Кај нас прво што недостасува е прво промена во кривичниот законик – фемицидот да добие посебна квалификација како фемицид, а со тоа ќе се извлечат и другите подзаконски и регулативи и акти – да може полицијата да биде соодветно обучена полицијата, каде сега гледаме промени, да биде посебно обучена, посебни центри во СВР, во центарот за социјална работа, но и во медицинските центри коишто ќе може да работат и ќе може да ги проценуваат, идентификуваат и ќе рабтоат со жртвите, но и со насилниците, тоа е едната форма на превенција, изјави Срџан Амет, адвокат.

За зголемен број на случаи со семејно насилство обвинуваат и од опозициската СДСМ – од таму велат дека бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 70 отсто во однос на лани, но и дека тоа ништо не значи доколку случаите не се процесуираат до крај. Поради ова, СДСМ иницира и итна собраниска седница за заштита на жените.

– Бараме итна седница на Собранието на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита,- изјави Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ.

За власта не е спорно одржувањето на таква седница во собранието – оттаму велат и дека бројот на пријави за семејно насилство е во пораст, но тоа тврдат дека е поади тоа што довербата во институциите сега е поголема во однос на порано.

– Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговраме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до јавното обинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени се уште немаат судска разрешница како што очекуваат граѓаните,- изјави Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија во 2026 година досега се регистрирани седум фемициди и повеќе случаи со насилство врз жени,. Последниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид која беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер дополнително го разбуди гневот во јавноста, по што следуваа и серија протести, а следниот е закажан за утре во паркот жена Борец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“

Од седуммина предложени сведоци на одбраната на Дејан Јованов-Деко, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во судница се појавија само двајца.

Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“

Дел од нив, како што објаснија неговите адвокати, се премислиле и не сакале да сведочат во постапката. Затоа одбраната се откажа од нив што предизвика реакција од судијката Дијана Груевска-Илиевска која предупреди дека одбраната е должна да го обезбеди присуството на предложените сведоци, но и негодување кај родителите на загинатите.

-Двајца се повлечени, а пиротехничарот не успеа да го пронајдат ниту судот ни одбраната. Се поставува сериозно прашање: дали воопшто постои тој фамозен пиротехничар и врз основа на кои податоци е предложен како сведок? Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка во која секој доказ и секој сведок ќе придонесат за утврдување на вистината. Нашата болка е реална, нашата загуба е неповратна, а нашето трпение не е бесконечно,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во „Пулс“.

Еден од сведоците кој се појави во судницата беше девојка која во Пулс повремено работела како шанкерка. Кажа дека еден или два ПП апарати забележала во билетарницата на влезот од објектот но не се сеќаваше дали имало и на друго место. Таа раскажуваше и што се случувало ноќта на 16 март кога избувнал пожарот.

-Не го видов поставувањето на пиротехничките средства на бината. Претходно имало пиротехнички средства во „Пулс“, но толку силни како таа вечер, немав видено. Бевме на левиот шанк кога почна пожарот. Од нашата страна и таму каде што се наоѓа задната врата беше жариштето и сите се упативме на другата страна. Таа врата претходно ја имам видено отворена само за проветрување на просториите, не знам дали таа вечер била отворена,- -Анастасија Соколова – Сведок.

Обвинителот Борче Јанев укажа на разлика меѓу денешното сведочење и нејзиниот претходен исказ во ОЈО Кочани, кога рекла дека не знае дали има друга врата или излез за евакуација. Таа објасни дека ја забележала вратата за време на подготовките за работа, но не ја видела да се користи.

Вториот сведок, Бојан Спасовски угостител од Гевгелија, зборуваше за настапот на ДНК во неговиот локал. Настапот го договорил телефонски со Панчо, но не знаел дека групата ќе користи пиротехника. Претпоставуваше дека станувало збор за таканаречени топли прскалки бидејќи по согорувањето оставале чад.

Следно рочиште за случајот е закажано за 30 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер