Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
2Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
3Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
АвтомобилизамВо овие земји е невозможно да избегате од полиција: Во Италија возат со Ламборџини, а во Германија со ПоршеВо САД често може да се наиде на Доџ Челинџер или пак Форд Мустанг.Многу држави се фалат кога ќе го обноват возниот парк со возила, натпреварувајќи се кој ќе има побрзи и подобри автомобили во полициската флота. Во Германија и Австралија одамна е нормално да скоро секоја единица на сообраќајната полиција во возниот парк да има барем едно Порше 911 за да се осигураат против брзите криминалци. Секоја земја која има развиена автомобилска индустрија, сака во полицијата да има претставници од сопствената индустрија, Така на пример, Велика Британија во полицискиот возен парк има доста Јагуари, а за брзи интервенции се чува и по некој Мекларен. Италија користи Алфа Ромео. Но доколку е потребна поголема брзина, италијанските полицајци ќе искочат на интервенција со Ламборџини Хуракан. Во САД често може да се наиде на гордостите на американската автомобилска индустрија- Доџ Челинџер и Форд Мустанг. Јапонците се фалат со својата индустрија па за полициски бркотници користат автомобили како Хонда „NSX“, Митсубиши Лансер и Нисан „GTR“. Сепак, неприкосновени во купување на спортски уникатни возила за потреби на полицијата се Обединетите Арапски Емирати. Во нивниот возен парк се наоѓаат најексклузивните модели од автомобилската индустрија, па така имаат Бугати Вејрон, разни Мекларени, Ламборџинија, Ферариња, неколку БМВ автомобили, Мерцедеси и Нисан „GTR“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
БалканВо преполн ноќен клуб во БиХ фрлен солзавец, настанало стампедо, повредени 38 лицаВо преполн ноќен клуб во Босна и Херцеговина бил фрлен солзавец, по што настанал стампедо, при што се повредени 38 лица.Синоќа, во ноќниот клуб „ВИП“ (VIP) во Јелах, близу Тешањ, Босна и Херцеговина, е употребен солзавец, што предизвика паника и стампедо, при што се повредени 38 лица. Инцидентот се случил околу полноќ. Гостите, обземени од паника, се обидоа да избегаат од просторот исполнет со чад, а многумина подоцна побараа лекарска помош, пренесува информативниот портал Crna-hronika.info. Присутните во клубот пријавиле силно кашлање, чувство на гушење, отежнато дишење и силно печење во очите, носот и грлото. Некои почувствувале вртоглавица и дезориентација, а според неофицијални информации, неколку лица накратко изгубиле свест поради вдишување на гасот. Девојка сведок на инциденот раскажа дека настанот се случил околу 00:30 часот, додека клубот бил преполн. Таа опиша сцени во кои луѓето се газеле едни преку други во обид да избегаат. „Имаше толку многу луѓе. Сè се случи околу 00:30 часот. Луѓето се гушеа; беше застрашувачки. Високите маси се превртуваа врз младите мажи и жени“, изјави сведочката. Таа напомена дека, покрај тешкотиите со дишењето, гостите се здобиле и со сериозни физички повреди. Според неа, неколку лица претрпеле скршеници на рацете или нозете, а дел од повредените биле итно пренесени во Зеница на понатамошен медицински третман. „Неколку лица се сериозно повредени. Многумина имаат скршени екстремитети. Голем број беа испратени во Зеница. Луѓето буквално не можеа да дишат“, додаде таа. View this post on Instagram A post shared by Crna Hronika BiH (@crnahronikabih) Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и започнала истрага за да ги утврди сите околности. Лејла Екиновиќ, портпаролка на Полициската управа при Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, потврди дека полициски службеници веднаш биле упатени на локацијата, каде што започнале со евакуација на објектот и укажување помош. „На 18 октомври 2026 година, во 00:10 часот, дежурната служба во Полициската станица Тешањ добила телефонска пријава дека непознато лице фрлило супстанца – за која постои сомневање дека е солзавец – во објектот „ВИП“ во Росуље, Тешањ, во момент кога таму имало голем број луѓе“, изјави Екиновиќ, пренесува „Телеграф“. Се појавија и информации дека низ прозорецот од тоалетот бил фрлен солзавец, наводно во близина на местото каде што се наоѓал сопственикот на клубот. Поради ова, се шпекулира дека нападот бил насочен директно кон него, но овие тврдења сè уште не се официјално потврдени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаСо изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На последното рочиште во фокусот беше сведочењето на вештакот ангажиран од одбраната, Петре Русески. Неговите тврдења за исполнетоста на условите за пренамена на објектот предизвикаа реакции кај обвинителството и кај семејствата на жртвите. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
СветТрамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која отворено ја бранеше Русија и упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“. „Мојата одлука во врска со Русија е многу едноставна. Во процес сум на договарање мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакам да направам ништо што би можело, на непромислен начин, да ја одврати Русија од преговарачката маса. Се постигнува голем напредок, што ги вклучува и тековните преговори за заложниците! Потпишувањето на тој документ во овој момент би довело токму до тоа, а јас можам да го потпишам подоцна, или во кој било момент што ќе го одберам!“, наведе Трамп на почетокот од објавата. Понатаму, тој се осврна на улогата на Москва на Блискиот Исток и на нападите врз руската нафтена индустрија. „Можеби уште поважно е тоа што Русија прави многу малку – ако воопшто прави нешто – за да ѝ помогне на Исламската Република Иран, во споредба со она што би можела да го направи. Сакам така и да остане, а така и ќе биде – под услов некои безумни луѓе да не се испречат на патот. Последно, Зеленски ги напаѓа рафинериите за дизел во Русија, добро знаејќи дека овие напади сериозно им штетат на глобалните пазари на дизел, вклучително и на оној во Соединетите Држави. Земјоделците, сточарите и бизнисите од секаков вид трпат големи штети поради тоа; сепак, и покрај ова, Русија продолжува да испорачува милиони барели дизел ширум светот по ниска цена“, изјави Трамп. На крајот, тој експлицитно го обвини Зеленски дека нема никаква желба за мир, опишувајќи ја ситуацијата во Украина во крајно мрачни тонови. „На Зеленски не му е грижа, а искрено, со сите пари што Европа великодушно му ги дава – а кои во минатото му ги даваше и ’нечесниот‘ Џо Бајден – тој нема никаква желба да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и немал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега. Неговата земја е во урнатини, голем дел од неа е изгубен, ги нема повеќе неговите океани и мориња, а машкото население е исцрпено, рането и/или мртво. САКАМ ОВАА ВОЈНА ДА ЗАВРШИ! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател. Патем, Украина нема океани. Оваа изјава на Трамп доаѓа во време на радикална промена во политиката на Вашингтон во однос на војната во Украина. По долг и пријателски телефонски разговор со Владимир Путин, Трамп неодамна одлучи привремено да ги укине санкциите за увоз на руски дизел и еднострано прогласи „енергетско примирје“ – потег што го затекна Киев неподготвен, додека руската војска на терен веднаш го прекрши со нови воздушни напади.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28