Во општината Црна Трава во Србија вонредна ситуација поради наноси од снег - Канал 5

Во општината Црна Трава во Србија вонредна ситуација поради наноси од снег

Војската се обидува да дојде до 3 бебиња во село Млачишта

Во општината Црна Трава во Србија вонредна ситуација поради наноси од снег

Вицепремиерот и министерот за одбрана на Србија Небојша Стефановиќ утрово околу девет часот пристигна во општина Црна Трава, која синоќа побара помош од армијата поради обилните врнежи од снег, поради што се завеани патиштата кон околните села.

Министерот за одбрана објасни дека задачата на инженерската единица на армијата е да го пробие патот до селото Млачишта, оддалечено 15 километри од Црна Трава.

Тој истакна дека армијата е секогаш таму кога треба да им се помогне на луѓето и кога ситуацијата е најтешка.

Претседателот на општина Црна Трава, Славољуб Благојевиќ, му се заблагодари на министерот за брзата и ефикасна реакција.

- Од денес во Црна Трава има вонредна ситуација. Над 90 % од населбите, месните заедници се завеани, па над 1.000 жители се тотално отсечени од седиштето на Црна Трава. Навикнати сме на ваква зима, но во последните 15 години ова беше исклучително тешка зима - рече Благојевиќ.

Извор: telegraf.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...

Силниот земјотрес што во синоќа ја погоди Панама предизвика голема материјална штета, а на социјалните мрежи се шират драматични снимки од оштетени и урнати згради.

Драматични сцени по земјотрес во Панама: Згради се нишаат, оштетени цркви и хотели...

Особена загриженост предизвикуваат сцените од градот Пенономе, оддалечен повеќе од сто километри од епицентарот, каде што се оштетени цркви, хотели и други објекти.

Земјотресот беше почувствуван и во соседните држави, додека надлежните служби продолжуваат да ги проценуваат последиците. Според првичните податоци од Институтот за геонауки при Универзитетот во Панама, земјотресот имал магнитуда од 7, а жариштето било на длабочина од десет километри, на околу 39 километри западно од Тоноси.

Сепак, подоцнежните анализи на меѓународните сеизмолошки институции укажаа на посилно тресење на тлото.

Американскиот геолошки институт (USGS), во еден од своите прелиминарни извештаи, ја процени магнитудата на 7,7 и предупреди на можноста од човечки жртви и голема материјална штета.

Бројни видеа што набрзо се појавија на интернет сведочат за силината на земјотресот. Жителите опишуваат како зградите силно се нишале, предмети паѓале од мебелот, а многумина во страв истрчале надвор од своите домови.

Според информациите објавени од CNN, потврдена е автентичноста на снимките од Пенономе на кои се гледаат тешко оштетени згради.

Меѓу нив е и црква чија камбанарија делумно се урнала, додека оштетен е и дел од надворешната фасада на друга зграда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Општина Илинден целосно ја реконструираше улица „9“ во населеното место Илинден, капитален инфраструктурен проект од суштинско значење за подобрување на сообраќајната поврзаност, безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните.

Целосно реконструирана улица „9“ во н.м Илинден

Со реконструкцијата на улицата во должина од околу 1.200 метри и широчина од 6 метри, со изградбата на тротоари од двете страни, како и со уредување на водоводната и канализационата мрежа и останатата подземна инсталација, се заокружува еден капитален инфраструктурен зафат со кој се унапредуваат условите за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

Улица „9“ претставува важна сообраќајна артерија која поврзува повеќе населени места и патни правци. Нејзината важност е дополнително нагласена и со фактот што долж неа се наоѓаат објекти од јавен интерес кои секојдневно ги користат голем број граѓани, меѓу кои зградата на Општина Илинден, ООУ „Гоце Делчев“ и Домот на култура „Илинден“.

„Реализацијата на овој проект е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реконструкција, модернизација и унапредување на локалната инфраструктура. Преку вложувањата во улиците и патната мрежа, Општината создава подобри услови за секојдневно движење, полесна пристапност до јавните објекти и поефикасно поврзување на населените места.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти насочени кон развој на локалната инфраструктура, унапредување на комуналните услови и создавање современа, безбедна и квалитетна средина за живеење за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Воз излета од шините кај Риека, вагоните паднале во провалија

Товарен воз на компанијата „Трансагент“ излета од шините утрово, на 10 октомври, на влезот во станицата Меја во близина на Риека, при што 11 вагони паднаа во провалија.

Видео: Воз излета од шините кај Риека, вагоните паднале во провалија

Во несреќата нема повредени лица, но станицата претрпела голема материјална штета и е целосно затворена за сообраќај. Несреќата се случи во неделата во 9:25 часот.

Од „Хрватски железници“ соопштија дека возот превезувал жито и се движел кон Риека.

Дефект на сопирачките Според досегашните информации, машиновозачот пред излетувањето го известил диспечерот дека сопирачките откажале и дека не може да го запре возот. Кратко потоа, возот излета од шините на влезот во станицата Меја.

Единаесет вагони завршија во клисурата, додека локомотивата и два вагона останаа на станицата. Никој не беше повреден во несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер