Во општина Гостивар сите училишта започна со работа, на прв час 660 првачиња

 На почетокот на новата учебна година 2020/21 година во училишните клупи во десетте основни училишта и нивните подрачни единици во општина Гостивар дојдоа 660 првачиња. 

Пред и во објектите се спроведуваа препорачаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.

Училишните управи обезбедија безбеден тек на учебната година која започна во услови на пандемија за учениците од прво до трето одделение.

Според информациите од локалната самоуправа почеток на учебната година со физичко присуство има само во ОУ „Ѓон Бузуку" во селото Србиново кое има уште четири подрачни училишта и ОУ „Лирија" во Равен во чиј склоп работат училиштата во Вруток и Речане и двете подрачни училишта на ОУ „Единство" во селата Лакавица и Беловиште. Овие образовни институции добиле согласност за физичко присуство на наставата. Во останатите основни и средни училишта наставата ќе се изведува по интернет

Во општина Гостивар во десетте основни училишта и четирите средни се запишани 8.635 ученици кои се распоредени во вкупно 610 паралелки. Наставата се одвива на албански, македонски и турски јазик.

На првиот час за првачињата во ОУ „Единство" присуствуваше и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој на првчињата им посака успех во школувањето. Тој со неговите соработници посети и други училишта за да ги видат и реализираните инвстиции и какви се условите. Во средното техничко училиште ја предаде во употреба и реновираната спортска сала.

– Во изминатиов период работевме посветено на обезбедување на достоинствени услови за децата и за непречен образовен процес. Нашата општина со гордост тоа можам да го кажам дека е најдобара што се однесува до просторните услови. Тоа нашите деца го заслужуваат и се надевам дека ќе бидеме за пример и во поширокиот регион, изјави Таравари.

Од локалнта самоуправа посочија дека во изминативе три години со сопствени средства и донации за реновирање и опремување вложени се над половина милион евра. За подобрување на условите во училиштата пред почетокот на оваа учебна година вложени се близу 150 илјади евра.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер