3ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди
МакедонијаВо напната атмосфера тече расправата по амандманите на законот за правична застапеност напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ.Во напната атмосфера со меѓусебни препукувања меѓу Европскиот фронт и ВРЕДИ, во комисијата за политички систем тече расправата по амандманите за законот за правична застапеност... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
ЕвропаПолитички потрес во Литванија- премиерката наеднаш поднесе оставка Литванската премиерка Инга Ругине поднесе оставка, објави ЛРТ.Владата во заминување на седница донесе одлука да поднесе оставка и да му го врати мандатот на претседателот. „И покрај сите тешкотии, имаме многу со што да бидеме горди, а секој од вас даде значаен придонес за благосостојбата на нашата земја и подобрувањето на животот на нашиот народ“, им рече Ругине на министрите. Таа по седницата изјави дека ја напушта функцијата „со крената глава и мирно срце“, отфрлајќи ги тврдењата дека нејзината сопствена партија ја принудила да си замине. Писмото за оставка ќе биде доставено до литванскиот претседател Гитанас Науседа, кој ќе побара од владата во заминување да продолжи да ја извршува функцијата со технички мандат додека не се формира нов кабинет. Според коалицискиот договор, лидерот на социјалдемократите Миндаугас Синкевичиус е предложен за нов премиер. Претседателот на земјата има 15 дена да предложи кандидат за премиер до парламентот, по што, доколку биде потврден, ќе има уште 15 дена да го презентира составот на новата влада и нејзината програма. Новото владејачко мнозинство го сочинуваат Социјалдемократската партија, Сојузот на демократи „За Литванија“ и Сојузот на литвански земјоделци, зелени и христијански семејства, кои заедно имаат 75 места во парламентот. Коалицискиот договор предвидува и промени во составот на владата, вклучително и ново раководство на министерствата за земјоделство, енергетика, здравство и заштита на животната средина. Ова е втора промена на владата во текот на тековниот парламентарен мандат, откако претходниот литвански премиер Гинтаутас Палукас поднесе оставка минатата година поради истрага за неговите деловни врски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочина градоначалникот на Брвеница, Јовица ИлиевскиПричините за смртта засега не се објавени.Илиевски беше позната политичка фигура во оваа општина, каде што ја водеше локалната институција во последните години. Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца. Од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 година беше избран за градоначалник на Општина Брвеница за периодот 2021–2025 година. Во периодот 2013–2017 година беше член на Советот на Општина Брвеница. Како голем вљубеник, беше активно вклучен во областа на спортот, беше поддржувач на голем број спортски настани и даваше големи придонеси во спортот. Од 2001 до 2013 година имаше учество во младите категории во рамките на ФФМ, а од 2013 до 2021 година беше член во младата репрезентација до 21 година (У21) во рамките на ФФМ. Од средината на 2021 година беше член во А-репрезентацијата. Исто така, од 2016 година па сè дотогаш беше потпретседател на Фудбалскиот сојуз Тетово. Мицкоски: Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Премиерот на Фејсбук напиша: Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат. Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце. Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа. Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен. Вечен спомен!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина. Како прва компанија во Скопје што доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ТИТАН Усје уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан инвестициски циклус за модернизација и унапредување на процесите. Во март годинава ТИТАН Усје до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти. Компанијата доследно, навремено и транспарентно ги спроведе сите постапки и активности предвидени со процедурата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, апликацијата е јавно достапна и ставена на увид на сите заинтересирани страни. ТИТАН Усје строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и останува целосно посветена на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила. Компанијата со големо внимание ги следи сите законски промени и во меѓународното и во домашното законодавство и континуирано инвестира во нова технологија за да може да се усогласи на регулаторните барања. Во изминатите 15 години компанијата инвестираше 29 милиони евра во модернизација и заштита на животната средина. ТИТАН Усје го почитува интересот на јавноста за прашањата поврзани со животната средина и останува отворен за дијалог заснован на факти, стручни аргументи и точни информации. Компанијата цврсто верува дека транспарентноста, почитувањето на законите, процедурите и конструктивната комуникација се најдобриот начин за градење доверба и заеднички придонес кон подобра животна средина. Во изминатите години компанијата инвестираше значителни средства во современи технологии и опрема за заштита на животната средина, вклучително и најсовремени системи за филтрација и независен систем за континуирано следење на емисиите. Резултатите од редовните и контролните мерења потврдуваат дека сите параметри се во рамки на законски пропишаните вредности, при што дел од нив континуирано се повеќекратно пониски од максимално дозволените лимити. Преку континуирани инвестиции во технологија и управување со процесите ТИТАН Усје применуваат најдобри достапни техники и стандарди во индустријата, со цел дополнително намалување на влијанието врз животната средина. Дополнително на тоа, компанија се придржува до најдобрите меѓународни признаени практики и ESG стандарди, покажувајќи јa долгорочната посветеност и одговорност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување, се наведува во реакцијата на компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook