Во најголемиот регион во Канада со 36 000 жители, никој не е заразен со корона

Во Канада, има зголемување на бројот на заразени со коронавирус во последната недела. Од 13 октомври, кога имало повеќе од 4.000 нови случаи на инфекција, дневниот број е околу 2.000.

Но, еден канадски регион е ретко место во Северна Америка, кое не е заразено. Станува збор за Нунавут, територија на северот на земјата која во март донесе едни од најстрогите мерки. На скоро секој што не живее во областа Нунавут му е забранет влез, а жителите што се враќаат дома од југ прво ќе треба да поминат две недели во изолационите центри, односно во хотели во градовите Отава, Едмонтон, Винипег и Јелоунајф.

Овие хотели ги чуваат чувари, а медицинските сестри го проверуваат здравјето на изолираните граѓани. Некои ги прекршиле правилата, па нивната изолација била продолжена, додека некои се жалеле на лошата исхрана во хотелите.

Нунавут е најголемиот канадски регион со површина од дури два милиони квадратни километри во кој живеат само 36.000 луѓе. Официјалниот број на случаи на ковида-19 во Нунавут сè уште е нула. Природната изолација на регионот е една од клучните причини зошто вирусот не се шири. До некои места може да се стигне само со авион.

„Требаше да се донесе прилично драстична одлука за воведување строги мерки и заради потенцијалната закана за населението и заради предизвиците со кои се соочува овој регион на Арктикот“, рече локалниот шеф за јавно здравје, др. Мајкл Патерсон.

Кон крајот на септември, Нунавут пријавил случаи на коронавирус меѓу работниците кои претходно пристигнале од југ за да работат во рудниците за злато лоцирани на само 16 километри од Арктичкиот круг. Сепак, тоа жариште имало минимални шанси да се прошири меѓу луѓето затоа што работниците не ја напуштиле областа на рудникот со месеци, изјави Патерсон.

Изолацијата, колку што помага, исто така, претставува проблем. Повеќето заедници немаат услови за тестирање, затоа примероците се испраќаат до главниот град Икалуит. Понекогаш се чека до една недела за резултати.

"Многу е доцна со реакцијата на инфекцијата, на овој начин е доцна со идентификување на контактите на заразеното лице за да се спречи ширењето на инфекцијата. Медицинските ресурси на северот се ограничени и се работи за да се направи поефикасно тестирање", додаде Патерсон.

Одделот за интензивна нега во Општата болница Кикиктани во Икалуит може да прими околу 20 заразени пациенти. Во случај на ширење на инфекцијата, многу луѓе ќе мора да побараат помош на југ. Инуитските заедници имаат несигурни услови за живот затоа што неколку семејства понекогаш живеат под ист покрив.

Инуитите, кои сочинуваат 80 проценти од населението на Нунавут, се генерално со висок ризик кога станува збор за респираторни инфекции. Истражувањата покажале дека шансата Инуитите да заболат од туберкулоза е 300 пати поголема од другите Канаѓани кои не се припадници на домородните народи.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер