3МОН: Со доградба на шест училници, овозможена е едносменска настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ЖивотВо Макарска две годишно дете преживеа пад од 4 катДвегодишно девојченце во Макарска падна од балкон од 4 кат и остане жива, заработи скршеница на ногата и мали повреди на главата . Малото девојче веднаш по падот е префрлена во клиничкиот центар во Сплит . Според локалните медиуми , двегодишното дете се протнало низ решетките од оградата на балконот , а падот наводно го ублажиле жиците за сушење на алишта од долниот кат, на кои девојчето паднало пред да ја допре земјата . Медимите известуваат дека двегодишното девојче во станот било се неговата мајка која во времето на инцидентот била во соба со второто дете. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
СветЗаврши потрагата по лавица во Истанбул: Властите сега тврдат дека такво животно никогаш немалоПотрагата по лавица во предградијата на Истанбул – која траеше 24 часа и предизвика паника меѓу локалните жители – синоќа доживеа неочекуван пресврт. Турските власти соопштија дека воопшто немало никаква лавица.Гувернерот на Истанбул мобилизираше тимови од експерти за заштита на животни, полиција и специјализирани воени единици, откако животното наводно било идентификувано како лавица. Беа објавени дури и две видеа на кои се гледа како животното се движи низ елитната истанбулска населба Ускумрукој. На жителите им беше препорачано да останат во своите домови, а властите го ограничија пристапот до шумата, која зафаќа површина од 54 квадратни километри северно од Истанбул. Сепак, доцна синоќа, властите го променија своето првично тврдење, наведувајќи дека анализата на новите снимки покажала оти животното „не е ниту лав, ниту каков било друг вид на голема мачка“, пренесува „Асошиејтед прес“. Граѓаните се збунети „Областа беше пребарана од воздух со помош на дрон опремен со термални камери, како и на терен од страна на нашите тимови. Беа поставени и мамки, како и камери со сензори за движење. Пребарувањето на теренот не донесе никакви конкретни докази за присуство на лав во тој дел“, се вели во соопштението. Овој ненадеен пресврт ги збуни многу граѓани, кои сега се прашуваат кое животно властите можеле да го помешаат со лавица. Некои претпоставуваат дека станува збор за големо куче, додека други на социјалните мрежи иронично објавуваат снимки од домашни мачки, прашувајќи дали можеби тоа е „лавицата“ што се барала. Дури и по соопштението од канцеларијата на гувернерот, некои медиуми објавија уште едно видео на кое се гледа животно како излегува од грмушките, прашувајќи ги читателите дали, всушност, би можело да станува збор за лав. Извор: Индекс.хрТагови: Истанбул лавица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаМинчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институцииГраѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација што решава проблеми, а не создава нови!„Професионалноста не е она што го пишува во нашето работно решение. Професионалноста е она што граѓанинот го добива кога ќе влезе во институцијата.“ Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешните генерички обуки за административните службеници во Охрид, нагласувајќи дека суштината на реформата на јавната администрација не е само во промената на законите, туку во конкретната промена што граѓаните ќе ја почувствуваат преку поквалитетни услуги, поголема ефикасност и одговорни институции. Министерот потенцираше дека државата не може да биде силна без професионални и компетентни луѓе во институциите, поради што Министерството инвестира во континуираното унапредување на знаењата и вештините на административните службеници. Oбуките се насочени кон три клучни области: менторство, комуникациски вештини, еднаквост и недискриминација, со посебен акцент на нивната практична примена во секојдневното работење и односот со граѓаните. „Нашата цел е институции кои нема да бидат пречка за граѓаните, туку нивна поддршка. Институции кои нема да го трошат времето на граѓаните, туку ќе го почитуваат“ порача Минчев, посочувајќи дека професионалниот развој мора да стане траен и системски процес, достапен за секој административен службеник, независно од институцијата и местото каде што работи. Во таа насока, Министерството интензивно работи на воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, која ќе започне со работа на почетокот на 2027 година. Академијата ќе претставува нов институционален модел за континуирано учење, развој на компетенции и унапредување на професионалните стандарди. Минчев се осврна и на пошироките системски промени што ги спроведува Министерството, меѓу кои и новата законска рамка за административните службеници и Законот за високите раководители, со кои се поставуваат појасни критериуми за професионалност, избор, оценување и одговорност. Тој потенцираше дека раководните позиции мора да носат одговорност за резултатите, а професионалниот придонес, компетентноста и интегритетот да бидат вистинската мерка за напредување и вреднување во институциите. „Државата не е силна кога има голем број на институции, туку кога институциите имаат капацитет да им служат на граѓаните“ истакна министерот, нагласувајќи дека реформата на јавната администрација е заедничка одговорност на сите институции и административни службеници. Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање услови во кои знаењето, стручноста и професионалниот интегритет ќе бидат најголемата вредност на секоја институција. Преку континуирана поддршка, нови можности за учење и вложување во човечките капацитети, Министерството докажува дека квалитетот на јавната администрација започнува од луѓето, а се потврдува преку нивната работа, однос и одговорност кон граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Со доградба на шест училници, овозможена е едносменска настава во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела ВодаВо основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода од први септември годинава е воведена настава во една смена.Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода од први септември годинава е воведена настава во една смена, откако претходно со заедничка инвестиција од 19 милиони денари на Владата и локалната самоуправа се проширија училишните капацитети со шест нови училници. Денес училиштето го посетија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. „Едносменското работење е концепт за кој се залага актуелната Влада и во соработка со локалните самоуправи, постепено ја прошируваме неговата примена. Ефектот е повеќедимензионален – децата повеќе се концентрирани на наставата наутро, се задржуваат повеќе на училиште со оглед дека имаат помалку часови на годишно ниво од нивните врсници во Европа, повеќе се социјализираат, а воедно се намалуваат и трошоците за функционирањето на училишните објекти“, рече Јаневска. Министерката посочи дека Кисела Вода ќе добие поддршка за проширување на капацитетите и на други училишни објекти, за да се воведе едносменска настава на целата нејзина територија. „Министерството веќе има изготвени проекти за проширување на уште три училишта со по шест училници – централното ОУ „Круме Кепески“, ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево и ОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Многу скоро ќе објавиме постапки за избор на градежни компании и на почетокот на следната година очекувам да започнат теренските активности“, информираше Јаневска и додаде дека во земјата, од вкупно 1023 училишни објекти, во 620 има настава во една смена. Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска рече дека општината целосно ги опреми новите простории во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ со столчиња, клупи, катедри, табли, смарт-уреди во сите училници и преносни компјутери за наставниците. „ Грижата за децата и континуираното подобрување на условите во сите училишта е наш заеднички фокус“, истакна градоначалничката, заблагодарувајќи се на Владата и Министерството за образование и наука за поддршката и партнерскиот однос, со порака дека кога локалната и централната власт работат со иста визија, резултатите се видливи веднаш и директно го подобруваат животот на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter