Во Луковица се справуваат со природата, ама не и со општеството - Канал 5

Во Луковица се справуваат со природата, ама не и со општеството

 Како е да се живее во 21-от век во населено место до кое нема асфалтиран пат меѓу ретките во државата знаат околу 40-тина постојани жители на тетовското село Луковица кое е дел од општина Желино.

Во Луковица се справуваат со природата, ама не и со општеството

Животот е подреден на она што го нуди природата бидејќи не можат да се потпрат на цивилизациските придобивки затоа што ја немаат една од основните-асфалтиран пат до останатите населени места.

За да се стигне до Тетово потребно е возење од околу еден час иако има триесетина километри. Од Тетово по автопатот во правец кон Скопје, па се излегува кај Групчин. Се продолжува по двонасочен рурален пат се до Мерово. Коловозна лента има до месноста „Крстец" односно крстосница каде патот продолжува до Седларево или се оди лево до Луковица. Од тука почнуваат шестте километри до Луковица, неасфалтираната делница што за да се помине со лека кола потребни се половина час и ограничено забрзување на возилото од само 10-15 километри на час за да се избегнат оштетувања. Поспорото управување со возилото е неопходно зошто се поминува земјен пат врз кој со години се истурал песок, а има и камења. Песокот се поставувал за да се пополнат дупките врз земјениот пат, но од тоа се добива и контраефект, односно опасност да се дупне гума од тркалата или поради поголемите камења да се оштети долниот дел од возилото. Бидејќи Луковица е на 930 метри надморска височина има многу и нагорнина, многу таканаречени „Ѕ" кривини поради што е потребна голема внимателност и умешност на управување со возило за да се избегне излетување во планинска провалија.

Долж патот се согледува сета убавина која природата ја дала на планината Сува Гора. Зеленило во сите нијанси, дабови и букови дрвја, ливади со зелена трева и среде лето во август.

На влезот во Луковица или Лукојца како што најчесто дијалектолошки се нарекува од мештаните се наоѓа една од трите цркви во селото-Света Петка. Околу селото се наоѓаат и манастирската црква „Св. Илија" и црквата „Св. Ѓорѓи".

Ќирко Милошески е еден од малкумината возрасни кој успева да живее во ова село и да обезбеди егзистенција. Има стадо од 170 кози од кои добива млеко па прави домашно сирење и заработува од нивната продажба.

-Околината и атарот на Лукојца е толку многу чист зошто нема кој да ја загади природата. Нема луѓе, само ние кои живееме неколку десетина. Козите има каде да се напасуваат, има зеленило што го јадат, а добиваме чисто млеко од кое после се прави и сирење. Одгледуваме детелина и зрнесто жито со кои се нахрануваат. Даваат одлично млеко бидејќи јадат чиста храна и имаат одлична природна околина. Сепак тоа е мачна работа, на која сме оставени самите да се снаоѓаме како знаеме и умееме, вели 55-годишниот жител на Луковица.

Други негови соселани исто така се занимваат со сточарство, а одгледуваат крави и телиња. Исто така прават млеко и сирења, а се продава и месо, односно јариња и телиња. Продажбата на млекото, сирењето и месото е единствениот начин таму во Луковица да се обезбедат пари за намирници, облека, покуќнина и се друго што треба за секојдневно живеење. Тоа е единствениот начин на егзистирање, со оглед дека секојдневното патување до други места е речиси повеќе проблематично отколку неопходно.

-Во селото има само неколку теренски возила и тоа е единствениот начин за колку толку безбедно патување до другите места. Поголем број такси фирми не ни сакаат да возат до тука или од тука. Селото нема продавници, ниту посети на лекар. Нема ништо друго освен куќите за живеење. Среќа е што струја има стабилна, ама нема постојано интернет врска.

Ако некој се разболи нема ни лекови каде да се купат. Иако има објект за училиште настава нема. Тие што имаа деца се иселуваат. Во 2020 година ќе има деца кои ќе треба да почнат да одат на училиште, ама нема наставник, ќе бараме да има настава тука, вели Милошески.

Природните убавини пред се се причина да има неколкумина пензионери кои во текот на летото живеат во Луковица по неколку месеци.

-Тука е поладно од Тетово во лето и за повозрасните луѓе е полесно. Навечер знае да залади и биде потребна облека со долги ракави. За движење низ планината има многу места, како извори со вода. Од околните ридови има неверојатни погледи кон езерата Матка, Козјак, Милеумскиот крст на Водно. До Козјак има козја патека до каде се стига за 45 минути одење пеш по планината, вели Стојан Спасеноски, пензионер кој во текот на летото со сопругата Цвета престојува во Луковица.

– Во Лукојца има добра почва. Иако сме на повисоко успева сите земјоделски култури-компир, жито, јаболки, ореви, домати, костени. Воедно и шумски плодови има, вели Ќирко.

Голем е револтот на мештаните поради децениското убедување и чекање властите да го уредат и асфалтираат патот.

-Се менуваат партии и градоначалници, само патот останува неасфалиран. Јас колку што знам да се направи патот чини околу 150 илјади евра. А замислете еден министер ја чини државата поради плати, возила и трошоци над 400 илјади евра. Револтиран сум од ваквите неправди. Еве јас сум вложил се што имам и купив 170 кози за сам да егзистирам да не бидам на товар на државата, но институциите не помагаат, не ни градат пат, рече Ќирко.

Оние кои потекнуваат од Луковица го посетуваат родното место посебно за Илинден кога патрониот празник се слави во манастирската црква Свети Илија.

-Секоја година се обидуваме да организираме црковно-народен собир. Доаѓаат оние кои потекнуваат од тука а живеат насекаде низ Македонија и во странство. Се собираат по 12 кумови кои ја организираат прославата. Кумовите се одрдедуваат по случајност односно оние кои ќе најдат париче во славските лебови од годинешната прослава. Со донации на верници во 2014 година започнавме да градиме и конак каде ќе може да престојуваат 15-ти луѓе. Има уште работа за градба на санитарен чвор, додека собите и трпезаријата се готови, изјави Ацо Спасеновски од црковниот одбор.

Во моментот во Луковица има помалку од 40-тина жители. Селото броело и над стотина куќи, но иселувањето е причина голем број објекти да останат руинирани и неупотребливи за живеење. Од сите 18 села во општина Желино само во Луковица живеат Македонци./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагнал да вози Ферари, па се заглавил во тесна уличка- сите му се смеат (ВИДЕО)

Тесните улици на историскиот центар на Севиља станаа „стапица“ за црвен луксузен автомобил со португалски регистарски таблички.

Трагнал да вози Ферари, па се заглавил во тесна уличка- сите му се смеат (ВИДЕО)

Возачот на скапиот автомобил се нашол во незавидна ситуација откако се обидел да сврти, а потоа се соочил со сериозни тешкотии при маневрирањето низ тесен премин, објавува „Ел Дебет“.

Во видео кое се појави на мрежите, снимено од очевидец, можете да видите како Ферарито се заглавило откако се обидело да сврти на улицата Бамберг, на аголот со улицата Арготе де Молина.

Минувачите се обиделе да го насочат возачот за да избегне оштетување на каросеријата.

Од друга страна, корисниците на социјалните мрежи биле помалку љубезни кон возачот на Ферари. Многумина потсетиле на ризиците од возење низ најтесните и најпрометните делови на Севиља.

„Кој би возел автомобил вреден 250.000 евра низ стариот центар на градот?“, прашал еден од нив.

Медиумите известуваат дека пристапот до овој дел од градот е ограничен на станари, сопственици на гаражни простори и возила на јавниот сервис, токму поради тесните улици и недостатокот на простор за непречено движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)

Главниот обвинител на американската држава Мисисипи пресуди дека полицијата оправдано употребила сила кога пукала во автомобил за време на истрага за кражба во која загина едногодишно момче. 

Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)

Коен Вајли беше убиен во јуни додека седел во скутот на неговата мајка. Полицијата тврди дека возачот го возел автомобилот кон полицајците, пишува Би-Би-Си.

Пукање по пријава за кражба

На 14 јуни, полицијата била повикана во продавницата „Волмарт“ во Сенатобија за пријава за кражба на пелени и детска облека. Според Бирото за истраги на Мисисипи, полицајците пронашле две жени и едно бебе како се приближуваат кон автомобил на паркингот. Тие се обиделе да го запрат возилото, но според официјалната верзија, тоа тргнало кон еден од полицајците и речиси го погодило.

Потоа еден полицаец отворил оган. Куршумот го уби момчето и сериозно ја повреди жената-возач, Латоја Ферел.

Мајката на Коен, Велесија Вајли, која седела на совозачкото седиште со своето дете во скутот, негира дека таа или Ферел украле нешто. Таа рече дека го држела својот син кренат за полицајците да можат да го видат непосредно пред да биде застрелан. Не се поднесени кривични пријави против ниту една жена.

Спорна одлука на обвинителството

Државната обвинителка Лин Фич го објави заклучокот од истрагата во кратка изјава во понеделник. „Во овој инцидент, канцеларијата на државниот обвинител утврди дека употребата на сила била оправдана“, напиша таа. Полицијата не ги објави снимките од пукањето, ниту оние од камерите што ги носеле полицајците на нивните униформи, ниту снимките од камерите за надзор од паркингот. Сепак, некои беа протечени на интернет, според кои се гледа дека полицајците пукаат во автомобил што бега од нив.

Адвокатот на семејството Вајли, Бенџамин Крамп, се спротивстави на одлуката на обвинителот. „Како некој може да прифати таков заклучок додека на семејството на Коен и на јавноста сè уште не им е дозволено да ги видат снимките од полициските камери?“, рече Крамп. „Ако видеата ја потврдат одлуката на државата, објавете ги. Нема да се откажеме од борбата додека ова семејство не ја дознае вистината“, рече тој.

Мартин Зумах, адвокатот на полицаецот што пукаше, за Асошиејтед прес изјави дека возачот „се обидел да го убие“ неговиот клиент. „Тој немаше друг избор освен да пука“, рече Зумах.

Смртта на момчето се случи на американскиот празник Џунтинти, кој го означува крајот на ропството, што предизвика протести во Сенатобија. Демонстрантите тврдат дека расата играла улога во полициските акции. Коен и двете жени во автомобилот се црнци, додека полицаецот кој пукал наводно е бел, како и државниот обвинител. Минатиот месец, градот го отпушти својот началник на полицијата, кој е бел, откако еден весник откри негови СМС-пораки во кои тој постојано користел расни навреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тринаесетгодишната ќерка на Ким кардашијан и Канје Вест шокира со новиот изглед (ВИДЕО)

Норт Вест објави ново видео на TikTok во понеделник во кое покажа уште една промена во својот изглед. 

Тринаесетгодишната ќерка на Ким кардашијан и Канје Вест шокира со новиот изглед (ВИДЕО)

Тринаесетгодишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест се појави со нов детаљ на вратот што личеше на пирсинг, а видеото набрзо предизвика бројни реакции. Норт експериментираше со изгледи и претходно, особено со шарени перики, драматична шминка и лажен накит.

@northwest ♬ original sound - North West

Во новото видео, таа покажа многу изразена шминка, долга светло сина перика и екстремно долги црни вештачки нокти. Ги нагласи очите со темна шминка, ги обои усните во црно и покажа црни украси на забите. Сепак, детаљот во средината на вратот што личеше на пирсинг привлече најголемо внимание.

Норт ја движеше камерата навнатре и нанадвор за да го покаже својот нов изглед додека во позадина се слушаше „The Reason“ од Hoobastank. Неколку часа претходно, таа објави уште едно слично видео, во кое носеше розова маска за очи, а околу вратот можеше да се види и накит.

@northwest ♬ original sound - North West

Ким Кардашијан не се појави во ниту една од тие објави.

Следбениците изненадени од нејзиниот изглед

Трансформацијата на Норт предизвика бројни реакции од корисниците на социјалните мрежи. „Пирсинг на грло?!“ напиша едно лице. „Ова е толку тажно...“ коментираше друг корисник, додека трет напиша: „Нема шанси да има 13 години“.

Норт претходно објасни дека пирсингот е лажен

Порано овој месец, Норт разговараше во живо со својата мајка за нејзиниот накит, а потоа разјасни дека пирсингот што го носи не е вистински. „Луѓе, овие пирсинг не се вистински“, рече таа. „Ги менувам толку често што мислите дека се вистински“. Ким се согласи со својата ќерка, додавајќи: „Да, како луѓето некогаш можат да помислат дека се вистински? Тие секогаш се различни“.

Сепак, Норт не крие дека еден ден би сакала вистински „мост“ пирсинг на мостот на носот. Нејзините родители засега не се за идејата. „Можеби ќе ризикувам кога ќе бидам постара“, рече Норт, додека Ким ја затресе главата во позадина. Како компромис, таа предложи: „Засега, можеме само да ги залепиме“.

Нејзиниот изглед веќе предизвикуваше контроверзии

Норт претходно беше критикувана поради начинот на кој експериментира со својот изглед. Следбениците реагираа на нејзините објави со лажни пирсинзи на образите и бутовите, како и со фотографија од неа со тетоважи на лицето.

Канје Вест, исто така, реагираше на нејзиниот изглед претходно, кој ја критикуваше својата поранешна сопруга за тоа што, според него, ѝ дозволува на нивната ќерка да се облекува и дотерува посоодветно за нејзината постара возраст.

Ким и Канје имаат четири деца - 13-годишната Норт, осумгодишниот Чикаго и синовите Сеинт (10) и Псалм (7). Поранешните сопружници го делат законското и физичкото старателство над децата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер