Во Крушево се одржа првиот маратон во пливање „Тоше Проески" - Канал 5

Во Крушево се одржа првиот маратон во пливање „Тоше Проески"

Со преку 40 учесници од 9 до 55 години, со примена на заштитни мерки, денеска во Крушево на Крушевското езеро се одржа првиот пливачки маратон, насловен „Тоше Проески" кој треба да премине во традиција.

Во Крушево се одржа првиот маратон во пливање „Тоше Проески"

Се пливаа два и пол километри, а организатор е пливачкиот клуб „Вардар 2018" од Скопје и ова е првата маратонска трка од петте во август според националната пливачка федерација.

Учесниците задоволни од организацијата и текот на натпреварот.

Според Филип Дерковски од пливачкиот клуб „Орион" кој е и победник на маратонот што го исплива за 43 минути, искуството е многу битно, а атмосферата е одлична

– Имам 19 години и имам искуство во пливачките маратони. Овде, на Крушевското езеро атмосферата е одлична, пливањето е нов тренинг за зацврстување.Задоволство ми е што бев помеѓу најдобрите, рече Дерковски.

Јана Констандиновска од пливачкиот клуб „непун" е победник во женската конкуренција.

– За пливањето маратони најбитни се тренинзите, физичката, но и психичката подготвеност, рече Констандиновска.

Докторот Бошко Илиев од кавадарци има 55 години и големо искуство на натпревари во државава и на Балканот.

– Атмосферата е одлична, ова е атрактивна манифестација и се надевам дека сум во чекор со помладите, ни изјави Илиев.

Според организаторот Митко Јордановски, тренер од пливачкиот клуб „Вардар 2018" се запазени сите мерки за заштита и очекув а ова да стане традиција.

– На пливачите им меревме температура, на сите им нагласивме да држат физичка дистанца и да бидат со заштитни маски. Ова е трка во календарот на маратонските пливачки треки во август на купот во државава. целта е да направиме Крушево да биде уште повеќе атрактивно и да го промовираме маратонското пливачко искуство, рече Јордановски.

Публиката ја имаше од повеќе градови. Јоргос Вунулакис по потеклоод Крит, грција, а живее во Скопје е воодушевен од манифестацијата.

– Ова е прекрасна атракција во Крушево. Очекувам и организаторот и сите други да се на висината на обврската. Уште една причина да се биде во Крушево, рече Вунулакис.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски е горд на новата манифестација која е во текот на научно-културните средби „10 дена Крушевска република" со сите мерки и тенденција за нова туристичка атрактивност во Крушево.

– Во моментов имаме исполнетост на сместувачките капацитети од 60 до 70 насто. Тоа се домашните туристи зашто пандемијата стана наша нова реалност. Оваа манифестација е збогатување на понувдата на Крушево, а во иднина ќе додадеме и натпревари во кајакарство и во риболов, рече Христоски.

Крушево смета дека со нови содржини го привлекува вниманието на посетителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска во Киев им оддадоа почит на загинатите украински бранители.

Мерц и Зеленски во Киев оддадоа почит на загинатите украински бранители

„Ние го цениме почитувањето кон нашите војници и солидарноста со украинскиот народ. Важно е што во овој тежок момент Германија е со нас – во поддршка и во сеќавање. Вечна почит кон сите бранители на украина кои ги дадоа своите животи за доброто на Украина и цела Европа“, објави Зеленски на телеграм, пренесува Укринформ.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите врз Украина.

-„Господине Путин, запрете ја оваа. Бесмислена војна! Подготвени сме за преговори, подготвени сме да разговараме за нејзино прекинување. Но, овие варварски напади врз цивилното население на Украина мора да престанат“, изјавил Мерц.Тој и Зеленски ја посетија националната академија на науките во Киев, која беше погодена во напад со дрон во понеделникот.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Есенска дератизација деновиве се спроведува на целата територија на Општина Аеродром, со цел уништување на глодачите и заштита на здравјето на населението.

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Опфатени се 3.000 шахти, во кои се поставуваат 9.000 мамци, како и во сите основни училишта и градинки на територијата на општината.

Есенската и пролетната дератизација се важна превентивна мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите и се спроведуваат во соработка со Центарот за јавно здравје - Скопје.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!

Продолжува отчетот пред граѓаните.

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме!

По средбите и разговорите низ Македонија, денес Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го продолжи отчетот под мотото “Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија” во Гостивар, каде пред граѓаните беа презентирани резултатите од досегашната работа.

Пред гостиварчани, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски говореше за конкретните резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард, но и за едно од најважните прашања за македонската држава, европската интеграција.

Во однос на капиталните инвестиции, Димитриевски посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините и кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

„Кога зборуваме за резултати, зборуваме за нешто што граѓаните можат да го видат и почувствуваат. Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура. Но, зад секој од овие проекти стои нешто многу поважно, подобар услов за живот, подобра услуга и нова можност за развој на секоја општина.“ порача Димитриевски.

Димитриевски во своето обраќање се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните.

„Работиме на зголемување на платите во јавниот сектор, од административните службеници, преку вработените во образованието и здравството, до припадниците на безбедносниот сектор. Со потпишаните колективни договори и постепеното зголемување на платите, вложуваме во луѓето и во вреднувањето на нивниот труд. Подобриот стандард мора да биде резултат што граѓаните ќе го почувствуваат“ порача Димитриевски.

Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски порача дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура, нагласувајќи дека ставот што ЗНАМ го застапува од своето основање денес е и став на Владата и државна позиција на Македонија.

Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина.

„Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата свои обраќања имаа и пратеникот Павле Арсовски, кој говореше за актуелните политички процеси и работата во Собранието, поранешниот министер за правда Игор Филков, кој се осврна на реформите во правосудството и владеењето на правото, како и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Движењето ЗНАМ продолжува со отчетот пред граѓаните низ Македонија, со порака дека резултатите мора да бидат видливи во секој град и секое населено место, затоа што Македонија не се гради само со зборови и ветувања, туку со работа што останува зад нас и со дела што граѓаните ги чувствуваат во својот секојдневен живот.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер