Во Кривичниот суд продолжи судењето за трагичната сообраќајка во Марино во која загина 16 годишниот Матеј - Канал 5

Во Кривичниот суд продолжи судењето за трагичната сообраќајка во Марино во која загина 16 годишниот Матеј

Во Кривичниот суд продолжи судењето за трагичната сообраќајка во Марино во која загина 16 годишниот Матеј, а за што е обвинет пратеникот Сашко Јанчев од Левица.. 

Во Кривичниот суд продолжи судењето за трагичната сообраќајка во Марино во која загина 16 годишниот Матеј

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето против пратеникот на Левица, Сашко Јанчев кој е обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а беше повредена негова сопатничка на моторот.

На денешното рочиште сведочеше вештак од Обвинителството, кој презентираше фотографии и видео, кои според вештакот откриваат дека начинот на кој управувал Јанчев било причина за тешката сообраќајка која заврши фатално.

Одбраната на пратеникот, кој се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, реагираше дека на снимките не се забележува конкретното движење на возилото, а на фотографиите како што посочија, се гледа дека на местото на сообраќајката имало паркирано возило, кое според нив, било причина за непрегледноста на Јанчев.

На ова, обвинителот одговори дека возилата биле паркирани по направената сообраќана незгода.

Според обвинителот, иако Матеј возел без светло и кацига, тоа не било причина за несреќата, затоа што тој возел во правилна насока, а улицата била осветлена..

Несреќата се случи на 14 септември минатата година во скопското Марино. Според обвинението, Јанчев управувајќи го возилото „Хјундаи тусон“ непрописно свртел без да се увери дека нема да ги загрози другите учесници во сообраќајот, по што во неговото возило удрил мотоцикл „Јиинг“.

А според информациите од Обвинителството, мотоциклот немал регистарски ознаки и светлосни уреди, возачот немал возачка дозвола, а тој и неговата 13 годишна сопатничка не носеле заштитни кациги. Момчето им подлегна на повредите 26 дена по несреќата. Во пресрет на денешното судење, семејството преку писмено соопштение изрази незадоволство од ставот на обвинетиот изнесен на претходното рочиште, дека тој не чувствува одговорност за сообраќајната несреќа.

По рочишето денеска немаше изјави, а следното е закажано за 22 мај, кога повторно ќе има искази на вештаци од Обвинителството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Денес сончево со мала до умерена облачност

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

До крајот на работнава седмица и почетокот на викендов, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. А попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 6. јули 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 6. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 6. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате.

Кариера

Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките.

Здравје и совет

Не претерувајте со алкохолот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа.

Кариера

Малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо.

Здравје и совет

Можна е кашлица.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи.

Кариера

Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво.

Здравје и совет

Останете свои.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта.

Кариера

Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето.

Здравје и совет

Доаѓате до нови решенија.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување.

Кариера

Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка.

Здравје и совет

Проверете го автомобилот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела.

Кариера

Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам.

Здравје и совет

Смирете ги страстите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите.

Кариера

Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите.

Здравје и совет

Планирајте ги работите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја.

Кариера

Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска.

Кариера

Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи.

Кариера

Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба.

Здравје и совет

Бидете сериозни.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите.

Кариера

Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите.

Здравје и совет

Претерувате со консумација на слатки.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми.

Кариера

Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драгана Бојковска, Јованка Тренчевска, Павле Арсоски и Амар Мециновиќ вечерва во „Само вистини“

Вечерва во „Само вистини“ гости ќе бидат Драгана Бојковска, Јованка Тренчевска, Павле Арсоски и Амар Мециновиќ 

Драгана Бојковска, Јованка Тренчевска, Павле Арсоски и Амар Мециновиќ вечерва во „Само вистини“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер