Во Кривичен сведочеше свиркачот Ѓорѓи Лазаревски

Со сведочењето на таканарачениот свиркач Ѓорѓи Лазаревски продолжи судењето во случајот „Таргет - Тврдина“. 

Верував дека системот за следење на комуникациите нема да се злоупотреби, но по некое време сфатив дека самоконтролата попуштила. Вака свиркачот Ѓорѓи Лазаревски денеска како сведок на рочиштето за случајот на СЈО во врска со масовното нелегално прислушување рече дека ги добил првите сомнежи дека системите за следење на комуникациите се злоупотребуваат. Тоа се случувало во периодот од 2006 до 2008 кога со доаѓањето на Сашо Мијалков на чело на УБК бил деградиран на пониска функција. Пред стариот систем за следење на комуникациите да се замени со нов кон крајот на 2008та се поврзал со компјутерот поврзан со опремата за прислушување и за 5 минути собрал како што рече интересни податоци.

,,Дојдов до логовите кои броеви се наоѓаат за системот за следење на комуникациите и од кој доаѓа наредбата за нивно следење. Интересно беше што Г.Г, Н.Н и Директорот пристапуваат до броеви кои не беа легални за прислушување. Во нелегалните броеви имаше броеви на политичари од тогашната опозиција но и од еден министер од актуелната власт – Миле Јанакиески.

За овие иницијали и псевдонимот рече дека најверојатно упатувале на Горан Грујевски, Надица Николиќ и Сашо Мијалков. Лазаревски тврдеше дека во тоа време се сомневал оти може да докаже дека во земјава масовно се прислушува. Помеѓу оние со кои разговарал за ова бил Звонко Костовски кој му раскажал за прислушуван разговор помеѓу тогашните министри Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески но и му кажал дека се следат илјадници броеви без судска дозвола.

,,Копираните логови ги чував неколку години и сакав јавно да споделам за тоа што се случува во УБК. Но не најдов некој што би ми посочил што да направам. Останаа кај мене неколку години по што исконтактирав со Зоран Верушевски.

Одговарајќи на прашања на Специјалното обвинителство Лазаревски рече дека во една прилика Верушевски побарал од него и Звонко Костовски во системот за следење на комуникациите да ги внесат броевите и на Мијалков и Груевски. Но рече дека одбивале да го сторат тоа бидејќи не сакале да се вплеткуваат во криминал. Во случајот Тврдина – Таргет на обвинителна клупа се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски, шестмина вработени во УБК и агентите бегалци Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон.

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“.

„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“, вака градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го отвори културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод роденденот на најпознатиот македонски драматург.

Во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. Присутните ја проследија промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски, и уживаа во изведба на култните песни на „Леб и сол” во изведба на бендот Сешн Селекшн. Градоначалникот Герасимовски на синот Игор Стефановски му врачи карикатура со ликот на Горан Стефановски во чест на неговите безвременски дела со кои пренесуваше универзални пораки за сите граѓани.

„Во чест на денот на раѓањето на бардот на македонската драма Горан Стефановски денеска повторно уживавме во неговите драми. За потсетување на сите нас и за оставање траен белег на едно прекрасно време, Општина Центар и јас како Градоначалник, сакавме да оставиме видлива трага преку создавање мини културни простори под ведро небо што ќе се користат за промоција на младите и неафирмирани уметници. Овие културни сцени што ќе никнуваат низ Центар, збогатени со мурали и графити, ги изразуваат поддршката и трудот што Општината ги вложува во областа на културата. Чест ми е што првото центарско ќоше ќе го носи токму името на легендата од Дебар Маало – Горан Стефановски. Кога ќе поминеме низ Боемска улица, верувам дека секој еден ќе го сврти погледот и ќе се потсети на славните реплики од неговите драми. Можеби овој агол е мал, во споредба со големината на целокупното негово творештво, ама сигурен сум дека ќе влијае врз уметноста во нашето Скопје.“, рече денеска Герасимовски.

На настанот граѓаните можеа да го видат и надополнетиот мурал на Горан Стефановски со најпознатиот рефрен на песната „Скопје“ од Леб и сол „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје, нацртан од уметниците Драш и Мачка.

Со овој настан, со кој Општина Центар им оддава признание на најдобрите меѓу најдобрите, нека биде поттик за сите, заедно да создаваме трајни културни вредности што ќе станат нераскинлив дел од нашиот културен идентитет.

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

 Во првиот натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига немаше победник, во Лондон Вест Хем и Ливерпул одиграа 2-2.

Мохамед Салах во игра влезе дури во 79. минута од натпреварот. Непосредно пред да влезе на теренот, египетскиот фудбалер влезе во вербална расправија со тренерот Јирген Клоп, веројатно незадоволен што доби шанса на крајот за да го „спаси денот“.

На последните четири првенствени натпревари Ливерпул забележа само една победа, со едно реми и два порази и е сè подалеку од шампионската титула,

Арсенал води на табелата со 77 бодови од 34 натпревари, пред Манчестер сити со бод помалку и натпревар помалку. Ливерпул остана третопласиран со 75 бодови од 35 натпревари.

притисни ентер