Во Крагуевац се произведени првите примероци на електричниот Фиат - Канал 5

Во Крагуевац се произведени првите примероци на електричниот Фиат

Наскоро на улиците на Крагуевац ќе пристигнат првите примероци.

Во Крагуевац се произведени првите примероци на електричниот Фиат

Првите примероци на новиот електричен автомобил Stellantis се произведени во фабриката Fiat Chrysler Automobili во Крагуевац. Станува збор за автомобили кои ќе се користат за различни тестови, вклучително и краш тестови.

Наскоро ќе бидат произведени првите примероци кои ќе изведуваат пробни километри по улиците на Крагуевац, дознава РТС.

Веста ја потврди претседателот на Самостојниот синдикат на FCA Србија, Саша Ѓорѓевиќ, велејќи дека во тек се тестови на првиот електричен автомобил произведен во Србија.

Ѓорѓевиќ потсети дека кога моделот Fiat 500L беше тестиран пред почетокот на сериското производство, беа направени околу 200 примероци само за тестирање. „Секој од тие модели мора да помине опширно тестирање - безбедносни тестови, странични удари... Секој од нив треба да добие одреден број ѕвезди на тестовите за да биде целосно безбеден“, објасни Ѓорѓевиќ.

Првиот човек на синдикатот смета дека истата практика ќе се повтори и со електричниот новитет, па маскираните копии можеа да ги видат и граѓаните на Крагуевац, но и целиот регион. Точниот датум и локација на премиерата на новитетот не е познат, но се шпекулира дека тоа би можело да биде летово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола: Девет лица што управувале пловен објект биле под дејство на алкохол

Акциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, вчера констатирани 52 прекршоци, девет лица што управувале пловен објект биле под дејство на алкохол

Акциска контрола: Девет лица што управувале пловен објект биле под дејство на алкохол

Вчера (05.07.2026), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 пловни објекти. Кај 31 пловен објект и кај 31 лице, констатирани се 52 прекршоци и тоа: немање задолжителна опрема, управување необележан пловен објект, управување нерегистриран пловен објект, управуване пловен обект за време на забрана, управување пловило без одобрение за пловидба, превезување повеке патници од дозволеното, неносење пловидбена дозвола, и сл., а по извршено алкотестирање, кај девет лица било утврдено дека се под дејство на алкохол. Кај пет лица кои вршеле изнајмување на педалинки, била констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување.

Целта на акциските контроли, кои ќе бидат редовни во текот на летото, е доследно почитување на одредбите на Законот за внатрешна пловидба и зголемување на степенот на безбедност на вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за 1 денар по литар

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за 1 денар по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 29.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,576%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,201%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,681% и кај мазутот намалување во просек за околу 0,967%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132%.

Од 7.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95

-

85,50 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98

-

87,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

-

82,50 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

-

81,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС

-

41,230 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,265 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините

Практикантството е инвестиција во младите, вработливоста и локалниот развој.

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините

Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините.

Со реализацијата на овие активности спроведуваме една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021–2031, која Собранието ја усвои како изменет и дополнет документ усогласен со приоритетите на Националната развојна стратегија 2024–2044. Станува збор за мерка која предвидува имплементација на програми за практикантство со цел да се зголеми вработливоста на младите невработени, жените и другите ранливи категории, да се намали јазот помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и да се превенира недостигот од вештини, особено во планските региони каде младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност.

Оваа мерка е дел од Приоритетот 1.5 од Стратегијата за регионален развој, насочен кон подобрување на структурата на работната сила и инвестирање во човечкиот капитал. Воедно, преку оваа иницијатива воспоставуваме поефикасен систем за планирање, координација и спроведување на развојните политики, со посилна поврзаност меѓу националните институции, локалната самоуправа, академската заедница и младите.

Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира нивната практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки покажува дека младите не се само тема во предизборните програми, туку вистински приоритет. Преку вакви програми им овозможуваме на студентите да стекнат практични знаења, работно искуство и полесен пристап до пазарот на труд, а на општините им обезбедуваме нова енергија, идеи и квалитетен кадар. Нашата цел е младите да добијат реални можности за личен и професионален развој во сопствената држава и да ја градат својата иднина дома во Македонија.

YouTube video

Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер