ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
2ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
БалканВо Косово започнува електронски надзор за ефикасно сузбивање семејно насилствоКосовскиот премиер Албин Курти објави дека ќе се бори против семејното насилство „како никогаш досега“ со користење на електронски надзор, јавија косовските медиуми.Тој го изјави ова по состанокот синоќа организиран од косовската полиција, на кој беше претставено како ќе функционираат електронските врски за следење на сторителите на насилство, односно осомничените. Електронскиот надзор, што ќе стапи во сила веднаш, ќе се применува за секој поединец, велат надлежните по донесувањето на судската одлука за налогот за заштита. Најмногу жртви на семејно насилство во Косово се жени. Законот за електронски надзор стапи на сила во јуни 2015 година, но никогаш досега не е спроведен. „Долгогодишно барање беше нашата полиција, со цел поефикасна превенција, подобри истраги и посеопфатен третман, да премине и во оваа фаза на поврзување со електронски мониторинг“, рече премиерот на Косово. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓаСДММ е со студентите - Бараме достоинствени услови во домовите и студентски оброк од 200 денари.Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжува да се распаѓа. Еден месец по реконструкцијата, распад систем. Прво протекуваше вода од сите страни, немаше греење, сега пукна и бојлер. За среќа, па нема повредени. Ова ли е домот од А-категорија што го ветуваа Јаневска и Мицкоски? Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер! Ама затоа двојно се зголеми партиципацијата за сместување. За што плаќаат студентите 6.600 денари месечно? За дефекти во домот што требаше да биде целосно реновиран! Што добија студентите? Ништо. Ниту достоинствени услови за живот во домовите, ниту повисок студентски оброк – преживуваат со мизерни 140 денари студентски оброк. Со вториот ребаланс власта ги скрати парите за образование, за реконструкција и енергетска ефикасна рехабилитација на студентските домови. Нема повисок студентски оброк. Ете толку им е грижа за студентите. Мицкоски нема пари за младите, затоа што ги троши за своите криминални тендери. Студентите заслужуваат достоинствен живот. СДММ е со студентите. Бараме зголемување на студентскиот оброк на 200 денари, тоа е минимумот за пристоен и здрав оброк, за подобри услови за студентите. Прес конференција на Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!Кого зафркавате и со чија интелигенција си подигрувате кога за само 24 часа сами си ја паѓате сопствената лага? Како раштиман оркестар сте – што воопшто правите на владина седница, дали министрите воопшто имаат поим што прават другите ресори, или воопшто не ги интересира и се на некој светски конгрес додека ја бламираат целата држава? На 28 октомври премиерот Христијан Мицкоски се сликаше на гламурозна скапо платена претстава и триумфално ја промовираше апликацијата „м.Услуги“, ветувајќи му на народот крај на шалтерите и дигитални документи на мобилен. Но, само ден подоцна, бледата реалност ја спушти рампата: министерот Стефан Андоновски излезе и ладнокрвно соопшти дека дигиталната лична карта и возачка дозвола не важат при полициска контрола, бидејќи МВР и институциите воопшто не се подготвени! ЛДП бара јавен одговор на прашањата: Колку народни пари чинеше оваа скапа промотивна фарса за џабе, кога електронските документи на мобилен не можат да се користат на терен? Кој ќе понесе одговорност за оваа скандалозна некоординираност на владата? Ќе понесе ли некој одговорност за ова ново јавно бламирање на премиерот и целата владина машинерија? Можеби она што треба јавноста да го дознае многу брзо: Дали некој намерно го мести премиерот во сопствената партија, бидејќи ова веќе е чисто лудило – еден ден едно, друг ден друго и тоа за секое живо прашање? „Ова е врв на несериозност и политичко аматерство! Граѓаните се уморија од евтини ПР-трикови, празни QR-кодови и фешти каде се делат лажни надежи. Додека министрите се сликаат за лајкови, граѓанинот и понатаму мора да ја носи пластичната лична карта за секој случај и да истражува по шалтерите каде што државата е дигитална, а каде заглавена во камено време. Доста со лажни паралелни реалности – или направете функционален систем кој работи за народот, или престанете да го малтретирате со секојдневни бламажи“, вели Цветанка Геговска, членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). ЛДП бара итна одговорност и престанок на овие евтини дигитални маскаради. Државата не е циркус за промотивни видеа, а граѓаните заслужуваат сериозни институции, а не министерство за чист ПР!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Серена Вилијамс изненади во најсекси фустанот досега Најтрофејната светска тенисерка во историјата, Американката Серена Вилијамс не престанува да ја изненадува јавноста со своите смели и необични појавувања за неа. Откако се повлече од спортот, славната тенисерка му се посвети на семејството и децата, но и на значајни настани во светот на модата. Често ја гледаме на разни настани и не е тајна дека таа привлекува внимание со својата послаба фигура. Неодамна таа присуствуваше на свечена вечера во Лос Анџелес, а за таа пригода го облече најпровокативниот и најпопуларниот дезен оваа сезона. Станува збор за животински принт, во овој случај леопард-дезен, кој совршено го истакна нејзиниот секси изглед. Како што можете да забележите, за оваа пригода Серена одбра фустан со нагласен струк, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура, а е дело на британската дизајнерка Клио Пепијат. Фустанот има и длабок шлиц на бутот, кој додава „зачин“ на ова секси издание, како и длабоко деколте кое едвај ги задржуваше градите на место. Серена го заокружи своето сензуално издание со ненаметливи додатоци, но и со брановидна фризура. Може да се заклучи дека поранешната тенисерка „доминираше“ на овој настан.Тагови: Серена Вилијамс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter