Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
1Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
СветПоранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања Јужнокорејскиот суд денеска го осуди поранешниот претседател Јун Сук Јеол на 18 месеци затвор,условно на три години, откако го прогласи за виновен за кршење на изборниот закон со давање лажни изјави за време на претседателската кампања во 2022 година.Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по неговата претседателска победа. Лажни изјави во кампањата Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун дал лажни информации двапати за време на кампањата, помеѓу декември 2021 и јануари 2022 година. „Кога кандидатот лично објавува лажни информации на јавни настани со големо влијание, како што се дебати и интервјуа, влијанието врз донесувањето одлуки на гласачите е многу значајно“, рече судот во својата пресуда. Обвинителите побараа двегодишна затворска казна, додека Јун, кој негираше какво било кривично дело, планира да поднесе жалба на пресудата, рече неговиот правен советник. Партијата би можела да изгуби милиони Според изборниот закон на Јужна Кореја, политичките партии добиваат државна компензација за трошоците за кампањата ако нивниот претседателски кандидат победи или добие најмалку 15 проценти од гласовите. Доколку кандидатот последователно добие затворска казна или парична казна од најмалку еден милион јужнокорејски вони, партијата мора да ги врати примените средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПретседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и наградиСиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook