Во Кина легално почнаа да се возат автомобили без возач (ВИДЕО) - Канал 5

Во Кина легално почнаа да се возат автомобили без возач (ВИДЕО)

Во Кина за прв пат е дозволено да влезат во сообраќај автономни возила без возач.

Во Кина легално почнаа да се возат автомобили без возач (ВИДЕО)

Иако голем број прототипови без возач веќе успешно ги поминаа своите први тестови на јавните патишта, овој пример досега е најблиску до она што нѐ очекува во иднина. Deeproute.ai објави видео од тест рутата, каде што прототип на автономно возило успешно ги надминува сите предизвици во возењето без учество на возачот.

На пробната патека долга 22,5 километри во деловната зона на кинескиот град Шенжен, прототипот опремен со систем за автономно возење на ниво 4 успешно ги надмина сите предизвици на сообраќајниот метеж. Да потсетиме, Шенжен со 17,5 милиони жители е четврти по големина кинески град, а автономното возило мина низ специјално избраната зона без и најмала грешка за околу еден час.

Ова го означи првиот правен тест на возило без возач во Кина, што е овозможено со новото законодавство усвоено на 6 јули во Шенжен. Видеото покажува како автономниот систем се движи во предизвикувачки ситуации каде што автомобилите често менуваат ленти, возилата поминуваат низ црвените светла, а пешаците се движат блиску до коловозните ленти. Многубројните ситуации би биле фрустрирачки дури и за просечен возач, со којзнае какви последици и реакции, додека автономниот систем се справуваше со сите предизвици на крајот смирено простувајќи ги прекршоците и опасните маневри на другите учесници во сообраќајот.

Тестното возило е MG Marvel R, кое е опремено со пет LiDAR, осум камери и сензори, но главната разлика е алгоритмот кој совршено го предвидел движењето на другите учесници во сообраќајот на прикажаниот тест и го приспособил движењето на сопственото возило.

YouTube video

DeepRoute.ai ќе го понуди системот Driver 2.0 по цена од 3000 УСД за производителите кои ќе одлучат да го користат на сериски автомобили и роботакси возила. Системот е подготвен за широка употреба, а ќе биде пуштен во продажба до 2025 година. Дополнителна предност на системот, покрај цената, е тоа што веќе е интегриран во надворешниот дизајн на автомобилот, па за разлика од некои роботакси, речиси е невозможно да се забележи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

НБРМ подготвува посебно решение за проблемот со пензионерите што примаат пензии преку Алта банка, а немаат платежните картички за да можат да подигаат пари од банкоматите.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

Станува збор за околу 3.500 граѓани, за кои гуверенот Славески во телевизиско гостување, рече дека се размислува да се отворат вратите на банката и тие со едно одење на шлатер да може да подигнат до 20.000 денари во рок од две недели.

Славески тврди дека по изборите во Србија немало милионски трансфери ниту податоци што укажуваат на перење пари. Според него, по 26 октомври одливите кон Србија изнесувале околу 180.000 евра, а приливите околу 16.000 евра, во најголем дел редовни плаќања на клиенти, меѓу кои и за увоз на стоки.

Гувернерот тврди дека не знаел кој е крајниот газда на банката и немало потреба да знае, бидејќи НБРМ дала согласноста за влез во македонскиот банкарски систем на српската банка како институција. На ова денеска реагираа од опзоициската СДСМ...

-Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Наместо да им се дозволи непречено да располагаат со парите, се штитат парите на мафијата,- -Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ создава паника за да отвори можност банката да ја преземе бизнисмен близок до опозицијата.

-Целта на Филипче и СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, за утре близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена,- Бране Петрушевски – заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Заинтересирани има, а купувач за мнозининскиот пакет акции на Алта банка, Славески очекува да се најде во следните 3 месеци, колку што ќе трае и тримесечна привремена администрација.

Според одлуката објавена во Службен весник, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, кои имаат рок од 3 недели да ја утврдат состојбата во банката.

Во меѓувреме, Трговскиот суд во Белград донесе решение за отворање стечајна постапка во матичната АЛТА банка. Државата ќе обештети депозитите до 50.000 евра во рок од три години, а останатите ќе чекаат разврска на стечајната постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Контроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилство

На сопругот му е задача и обврска да врши „машки надзор“ во бракот... 

Контроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилство

Овој контроверзен став на претседателот на Македонски концепт Петар Богојески покрена бура од реакции во јавноста, а остри осуди пристигнаа и од политичките партии, новинари, невладини оргазации. Неговите тези за тоа како треба да функционираат односите меѓу мажите и жените ги објаснуваше синоќа во телевизиско гостување во кое дебатираше со адвокатката Катерина Котеска на тема за македонските семејства, насилствата и разводите...

-Феминизмот е тој кој жените ги направи да се однесуваат на неадекватен начин и да отфрлат било каков машки надзор. –Кој да ми врши надзор? Сопругот. – Зошто да ми врши надзор? – Зашто тоа му е задача. / Дали е насилство изневерувањето од сопругата? Или е насилство реакцијата на сопругот на фактичката состојба? Тоа неговото не е насилство. Петар Богојески – претседател на „Македонски концепт“ (гостување во Алфа ТВ).

Денеска Богојески се дообјаснува на фејсбук. Се закани за тужби кон новинари бидејќи се ваделе заклучоци само врз база на кратки исечоци од емисијата, но останува на ставот дека феминизмот е лош за жените.

Новинарот Бранко Героски во изјава за Канал 5 вели дека нема простор за релативизирање и најмалку што може да стори по скандалозните тези е да се извини на јавноста.

Понижувачки, ретроградни и опасни се зборовите на Богојески, оценува портпаролката на Владата од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која на социјалните мрежи напиша дека е згрозена од искажаните ставови. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. – стои во реакцијата на Митева. Осуда има и од ЛДП, од Националната мрежа за борба против насилство, од женската медиумска мрежа „Еднаква“. Бараат реакција и од обвинителството, комисијата за заштита од дискриминација, како и од Воената академија кадешто Богојески работи како професор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами кој е првообвинет за злоупотреби со ВЛТ терминалите излегува од притвор, соопшти кривичниот суд.

Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Кривичниот совет на предлог на одбраната го прифатил предлогот и донел решение со кое на Бајрами му се укинува притворот и му се прифаќа гаранцијата во износ од 1.140.781 евра во недвижен имот.

За неколку дена поминува и законскиот рок до кога Бајрами може да биде во притвор. Судот му одредил мерки за претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во судот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер