По повод детската недела, под мотото „Другарството е дел од детската среќа“, денеска во просториите на општина Кавадарци, на средба со градоначалникот Митко Јанчев, беа дечињата од ЈОУДГ „Рада Поцева“, објект „Снежана“, придружувани од дел од воспитно – згрижувачкиот кадар.

-Дечињата му ги презентираа на градоначалникот детските права и обврски, преку интерактивни рачно изработени пораки и се запознаа со кабинетот и работата на градоначалникот и локалната самоуправа. Во рамките на оваа недела, секој ден ќе има активности проследени со музика, хуманитарна акција, музичка точка на градскиот плоштад и спортски ден, информираа од кабинетот на Јанчев.

Нашите најмали, се нашите најмили!
По повод детската недела, под мотото ,,Другарството е дел од детската среќа’’ денеска во просториите на Општина Кавадарци на средба со градоначалникот Митко Јанчев, беа дечињата од ЈОУДГ Рада Поцева, објект ,,Снежана’’ придружувани од дел од воспитно - згрижувачкиот кадар.

Дечињата му ги презентираа на градоначалникот детските права и обврски, преку интерактивни рачно изработени пораки, и се запознаа со кабинетот и работата на градоначалникот и локалната самоуправа.


Во рамките на оваа недела секој ден ќе има активности проследени со музика, хуманитарна акција, музичка точка на Градски плоштад, и спортски ден, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко јанчев на својот профил на фејсбук.