Во касарната „Илинден“ одбележана петгодишнината од пристапувањето во НАТО - Канал 5

Во касарната „Илинден“ одбележана петгодишнината од пристапувањето во НАТО

Со минутен молк и громогласен војнички извик „Слава им“ на загинатите во Кочани и за армиските војници – преку пораки за сочувство и силни емоции, Македонија одбележува пет години членство во НАТО – алијансата.

Во касарната „Илинден“ одбележана петгодишнината од пристапувањето во НАТО

„Ренџери“, „Волци“, пешадиски баталјони и воена полиција, сите застанати рамо до рамо, испукаа 59 куршуми во чест на жртвите...

Првите говори ги држеа лицата во униформа, генералот Лавчиски и НАТО адмиралот во Неапол Стјуарт Манч. Адмиралот со пофалби за Македонија, како силен и способен сојузник кој придонесува на сојузничката маса. Говорот го започна со молк, а потоа изрази сочуство за жртвите од трагедијата во Кочани.

-Во ваквата голема загуба, знајте дека НАТО алијансата стои до вас. Во име на здружените сили на Алијансата – Неапол ви гo нудиме нашето сочуство и поддрша во ова време,- Стјуарт Манч – Адмирал на НАТО во Неапол.

Големи жртви и болни компромиси биле направени за оваа стратешка цел, кавки не биле побарани од ниту една држава, порача врховната командатка на Армијата – Гордана Силјановска Давкова

-Не случајно, како врховна командантка на вооружените сили, се гордеам со нашата армија како наш, важен актер во НАТО. Верувам и покрај одредени недоразбирања, трансатлантската соработка базирана на меѓународните правила и принципи, ќе продолжи да биде темелот и гаранцијата на европската и евроатлатнската безбедност и стабилност,- Гордана Силјановска Давкова – Претседател на Македонија.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски повтори дека ќе продолжат вложувањата во армијата која и во иднина ќе го дава сериозниот придонес во алијансата.

-НАТО е сојуз, кој и покрај сите различни гледишта, на многу теми има една заедничка суштина, грижата едни за други. Тоа е најголемата вредност во алијансата, столбот кој не држи исправени во најтешките мигови,- Владо Мисајловски – Министер за одбрана.

Говорите беа проследени со показни вежби и спасувачки операции

На одбележувањето на петгодишнината од нато членството во касарната илинден присуствуваа и премиерот Мицкоски, амбасадорката на САД – Агелер, собранискиот спикер Гаши и други политички претстваници..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битола денес беше град на трчањето

Над 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.

Битола денес беше град на трчањето

Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката.

ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата.

Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката.

Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола.

Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Пожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад.

Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач ​​утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс.

Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух.

Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач ​​на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер