Во Каиро продолжија преговорите за примирје во Газа, планот е на маса - Канал 5

Во Каиро продолжија преговорите за примирје во Газа, планот е на маса

Преговорите чија цел е да се постигне примирје меѓу Израел и Хамас за време на Рамазан во Појасот Газа, каде што продолжуваат смртоносните израелски бомбардирања, а населението е во опасност од глад, продолжија во Каиро.

Во Каиро продолжија преговорите за примирје во Газа, планот е на маса

Според египетските провладини медиуми, во главниот град на Египет пристигнале претставници на Катар и на САД, пренесе Воис оф Америка.

Таму пратениците на Хамас треба да им „дадат одговор на предлогот од Париз“ изготвен на крајот на јануари, изјави извор близок до исламистичкото движење.

Предлогот на земјите-посредници - Катар, САД и Египет - се однесува на шестнеделна пауза во борбите и ослободување на 42 заложници држени во Газа во замена за Палестинците кои се држат во израелските затвори. Целта е да се постигне примирје пред почетокот на Рамазан, кој почнува на 10 или 11 март годинава.

Американски официјален претставник вчера рече дека Израел „повеќе или помалку“ го прифатил договорот за прекин на огнот во Газа, ставајќи ја топката во „доворот на Хамас“.

„Договорот е на маса. Израелците повеќе или помалку прифатија сѐ. Шестнеделен прекин на огнот во Газа би можел да започне уште денеска доколку Хамас се согласи да ослободи прецизно дефинирана категорија ранливи заложници“, изјави американски официјален претставник пред почетокот на продолжувањето на преговорите.

„Примирјето може да биде потпишано во рок од 24-48 часа доколку Израел ги прифати барањата на Хамас, изјави за агенцијата Франс прес висок функционер на Хамас, кој сакал да остане неименуван. Тие вклучуваат „враќање на раселените Палестинци во северна Газа и зголемување на хуманитарната помош“ на „400 до 500 камиони дневно“, додаде тој, во споредба со околу 80 што пристигнуваат во моментов.

Во замена за ослободување на заложниците, палестинското движење бара и конечен прекин на огнот и повлекување на израелската армија од Газа. Советот за безбедност на ОН вчера предупреди на важноста од заштита на палестинските цивили во Појасот Газа по смртоносниот инцидент со испорака на хуманитарна помош.

Земјите-членки на Советот за безбедност изразија загриженост поради извештаите за палестински жртви за време на пристигнувањето на хуманитарни конвои во северниот дел на Појасот Газа. Министерството за здравство на Хамас во Газа ги обвини израелските војници дека во четвртокот убиле 104 луѓе и раниле 760 додека им се делеше храна на Палестинците.

Поради потешкотии во испораката на хуманитарна помош по копно, американската војска вчера за прв пат со три авионио фрли хуманитарна помош во Газа. Во Рим, папата Франциск повика да се гарантира безбеден пристап до хуманитарна помош за населението на кое итно им е потребна.

За речиси пет месеци, 30.410 луѓе, повеќето цивили, се убиени во израелските воени операции во Појасот Газа, објави денеска Министерството за здравство на Хамас. Почетокот на војната беше поттикнат од невиден напад на командосите на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, кој резултираше со смрт на најмалку 1.160 луѓе, од кои повеќето цивили.

Во исто време беа киднапирани околу 250 луѓе, а според израелски извори, 130 заложници се уште се држат во Појасот Газа, а 31 се верува дека се мртви.

Примирјето на крајот на ноември овозможи ослободување на 105 заложници во замена за 240 палестински затвореници.

Конфликтот предизвика хуманитарна катастрофа, со глад „речиси неизбежен“ за 2,2 милиони луѓе, огромно мнозинство од населението во Газа, според Јенс Лаерке, портпарол на OCHA, агенција на Обединетите нации за координација на хуманитарните работи.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас, кој го смета за терористичка организација, како и САД и ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“

Граѓаните на Србија наскоро повторно ќе излезат на гласачки места - на 27 декември, кога ќе изберат нов претседател.

Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“

Официјалните кандидатури се очекуваат во наредните денови, а додека тоа не се случи, шпекулациите за одредени имиња што би можеле да се најдат на гласачкото ливче продолжуваат.

- Пред точно 24 часа беа објавени претседателските избори, но денес стоиме пред вас со името на кандидатот - рекоа тие на почетокот на медиумската конференција на Студентската листа.

- Влегуваме во овие избори многу поподготвени и поискусни. Нашите контролори ќе сторат сè за да се осигурат дека секој глас е заштитен - рекоа тие. - Сакавме да предложиме човек чија поддршка никогаш не беше декларативна. Сакавме некој што беше со нас од самиот почеток. Се надеваме дека граѓаните ќе ја препознаат кај нашиот кандидат подготвеноста да се држи до принципите што го изградија секој наш успех во неговата работа - нагласија тие. Претседателскиот кандидат е Радомир Саичиќ.

- Сега имаме можност слободата за која се боревме да ја претвориме во трајна промена. Владата и судовите мора повторно да ја заработат довербата на народот. Ќе се залагам за суверена Србија во која секој граѓанин ќе живее со достоинство - рече Саичиќ.

- Ние ги почитуваме и институтите за управување во Црна Гора, имаме најдобри можни односи со нашиот народ. Не гледам никакви противречности таму. Она што мислам дека е обврска на новата влада е да го обедини српскиот народ, а не да создава поделби - рече тој како одговор на новинарско прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

Не била само Алта банка, не било само Алта осигурување, не било само јавни претпријатија, има и други поврзани фирми и бизниси.

АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нови документи.

Скандалот со влезот на Алта банка во Македонија и бизнис шемите на ВМРО со СНС се проширува.

Во Србија истрагата за Алта банка води кон нови приведени, нови осомничени.

Освен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, веќе во притвор е и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп“ Белград.

Се сомничи, дека заедно со Мацура извршиле кривични дела поврзани со изнесување кеш од трезорот на Алта банка од околу 17 милиони евра. Според медиумите во соседна Србија околу 370 милиони евра никогаш не влегле во трезорот, туку биле фиктивно книжени.

Имињата на овие луѓе кои се веќе приведени, Бундало и Мацура водат директно и до бизниси и фирми во Македонија.

Еве го изводот со информации од Централниот регистар:

Татјана Бундало, директорка на Алта груп Белград која е приведена во Србија е сопственик на фирмата „Алта Реал Естате ДООЕЛ Скопје во Македонија.

Дополнително, поврзана е и со фирмата Алта груп ДООЕЛ Скопје.

Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време.

Двајца приведени во Србија за Алта банка, двајца поврзани со бизниси и фирми во Македонија.

Јавноста веќе знае, Давор Мацура, е член на Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола а ја кипи и ЗОИЛ Македонија за 1.7 милиони евра.

Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО.

Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски.

Прашањето е зошто Обвинителството и Ненад Савески не преземаат ништо?

Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност?

Затоа Христијан Мицкоски вчера побегна од одговор на прашањето од претседателот Филипче за тоа со кого го правел дилот за влезот на Алта банка.

Нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – Член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BYD“ мора да го повлече својот теренец: „Land Rover“ доби важна битка

„Јагуар Ленд Ровер“ (JLR) извојува голема правна победа против кинескиот BYD. 

„BYD“ мора да го повлече својот теренец: „Land Rover“ доби важна битка

Судот со седиште во Хаг пресуди дека моделот BYD Ti7 е премногу сличен на „Ленд Ровер Дефендер“, а неговото производство, увоз, продажба и дистрибуција се забранети низ целата Европска Унија.

„BYD Ti7“ е голем хибриден теренец со пет или седум седишта. Судот конкретно го наведе обликот на куќиштето, резервното тркало на задната врата и препознатливите детали што потсетуваат на „Дефендер“.

„BYD“ тврдеше дека има значителни разлики во дизајнот, но судот заклучи дека тие не го менуваат целокупниот визуелен впечаток на возилото. Пресудата се базира на дизајн на JLR од 2018 година. Европските компании на BYD имаат седум дена да ги прекинат сите активности поврзани со спорниот модел.

За непочитување на забраната е предвидена казна од 100.000 евра за секој ден прекршок или 25.000 евра за поединечен прекршок, со максимален износ од 10 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер