Во Италија стапија на сила новите рестриктивни мерки за Божиќ

Коронавирусот повторно се зајакнува во Италија, каде репродуктивниот број на инфекции (Р) расте втора недела по ред, предупредија денеска тамошните здравствени власти.

Бројот на репродукција, со кој што се следи колку брзо се шири вирусот, се искачил на 0,9 од 0,86 и 0,82 во последните две недели, изјави претставникот на италијанското Министерство за здравство Џовани Реза.

Италија успеа да го забави ширењето на инфекцијата со регионални ограничувања на почетокот на ноември, но нивното влијание сега опаѓа.

Реза рече дека Италија има 330 заразени на 100.000 жители во последните две недели, што е помалку од 375 од минатата недела, но го нарече „навистина минимално намалување“.

Идеално, тој треба да биде помал од 50, додаде Реза. „Сето тоа значи дека треба да бидеме внимателни и да ги задржиме ограничувањата што ги наметнавме.

Денес во Италија стапија на сила посебните мерки за празниците што повеќето Италијанци ќе ги поминат дома. Максимум две лица имаат дозвола да се посетуваат, со неограничен број деца под 14-годишна возраст.

Италија, земја со 60 милиони жители, е една од европските земји најпогодени од коронавирусот. Од почетокот на пандемијата, починале 70.400 луѓе, најмногу во Европа.

Боингот на Трамп се судрил со друг авион- инцидент на писта во Флорида

Крилото на приватниот авион Боинг 757 (N757AF) во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп удрил во паркиран авион на аеродромот во Флорида .

Крилото на приватниот авион Боинг 757 (N757AF) во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп удрил во паркиран авион на аеродромот во Флорида откако безбедно слетал и се оддалечил на неговата паркинг позиција рано наутро во неделата, соопшти американската Федерална управа за авијација ( FAA - Федерална Администрација за воздухопловство).

Не е познато дали Трамп, кој во саботата одржа предизборен митинг во Вилдвуд, Њу Џерси, бил во својот Боинг 757 кога се случил инцидентот. Во судирот нема повредени, јавува CNBC.

Боингот 757 е произведен во 1991 година како патнички авион и доставен до Стерлинг Ервејс. Леташе и како деловен авион на Пол Ален, а бидејќи е во сопственост на Трамп се нарекува Трамп Форс 1, по аналогија со претседателскиот Air Force One.

Авионот има два мотори на Rolls-Royce RB211 и е конфигуриран да прими 43 патници. Има трпезарија, бања, туш кабина, спална соба, гостинска соба и кујна, како и детали позлатени со 24-каратно злато.

Во редовен сообраќај, Боинг 757 може да превезе до 240 „обични“ патници.

Обид за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, состојбата му е критична

Обид за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Бил застрелан со неколку куршуми  додека се движел меѓу топла луѓе во градот Хандлова. 

Вооружениот напаѓач испукал неколку куршуми, од кои најмалку три завршиле во телото на словачкиот премиер. 59-годишниот Роберт Фицо се бори за живот по обидот за атентат што ја крена на нозе Словачка. Нападот се случил во градот Хандлова, 150 километри од Братислава додека Фицо се поздравувал со политички приврзаници по завршување на владин состанок.

Според медиумските извештаи, со повреди во стомакот, рацете и нозете Фицо со хеликоптер итно е пренесен на операција во блискиот град Банска Бистрица и е во критична состојба. Атентаторот, чиј идентитет не се открива е уапсен на самото место.

Неофицијално, се работело за 71-годишник од југот на земјата, кој пред да отвори оган наводно му довикнал со прекарот Робо и го повикал да дојде кај него.

Мотивите за нападот и профилот на напаѓачот не се познати.

Шокирана сум и сите сме шокирани за она што се случи со премиерот Фицо. Физичкиот напад врз премиерот не е само напад врз човек, туки и врз демократијата. Полицијата го уапси напаѓачот и ќе излезе со информации што е можно поскоро., изјави Зузана Чапутова претседателка на Словачка

Веста за обидот за атентат со неверување беше примена и на собраниска седница.

-Дами и господа, ја прекинувам седницата бидејќи имам информација дека е застрелан премиерот на Словачка. , изјави Лубос Блаха, потпретседател на словачкиот парламент

Брутален и кукавички – со вакви зборови осуди стигнуваат од сите страни на светот. Првите луѓе на Европската унија, Мишел и Фон дер лајен нападот го нарекоа ужасен и шокантен напад кој со ништо не може да биде оправдан. Пораки со осуда и со поддршка за Фицо упатија и Столетненберг, Шолц, Зеленски и дузина други лидери.

Фицо се смета за контроверзен популист, кој лани направи политички камбек и по четврти пат стана премиер и ја предводеше левичарската партија Смер. Од умерен политичар во минатото преку ноќ почна да застапува проруски и антизападни ставови. Вети дека на Украина нема да и испрати ни метак воена помош и ги критикуваше западните санкции кон Москва. Останува запаметен и како жесток противник на носењето маски и ковид-вакцините за време на пандемијата, како и жесток критичар на мигрантите и ЛГБТ заедницата.

Маричиќ од Котор: Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст. 

Регионалниот состанок му претходи на Лидерскиот самит на западен Балкан кој ќе се одржи утре, 16 мај 2024.

Средбата ја отвори домаќинката на регионалниот состанок, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ истакнувајќи ја важноста на соработката во регионот кој има заедничка визија.

На средбата се обрати Герт Јан Копман - Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување. (ДГ НЕАР), висок претставник на Европската Комисија со што ги нагласи напорите и заложбата на Европската Комисија за реализација на Планот за раст за Западен Балкан.

На средбата се зборуваше за приоритетите за спроведување на рефорсмките агенди на земјите од Западен Балкан со акцент на конкретните чекори кои треба секој од земјите вклучени во Планот да ги превземат.

Во своето обраќање Маричиќ го наведе усогласувањето на приоритетите на државата со приоритетите на Брисел. Ги истакна договорените и усогласени обврски и мерки кои ќе се спроведуваат. Ја истакна важноста на СЕПА - Пристап до единствената област за плаќање во евра, Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните Вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на Дигиталните иновативни центри.

Понатаму во обраќањето ги наброја утврдените, следни чекори односно работата на проектите за Академија за единствен пазар со што се осигурува усогласување на националните системи со оние на ЕУ, важноста за прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор.

Вицепремиерот Маричиќ за крај се заблагодари до Европската Комисија, главниот инцијатор на целиот процес Герт Јан Копман, генералниот директор на ГД Неар, на целиот регион на Западен Балкан како и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, вработените во администрацијата кои во соработка со министерството за финансии ги поставија главните приоритети, упорно работеа на реализација на Планот за раст за Западен Балкан.

Европската Унија направи голем исчекор и заложба со иницијативата за Планот за раст за соработка на регионот. Затоа, регионот и сите засегнати страни заедно со Европската Комисија мора да продолжат да работат да ја реализираат иницијативата на регионот.

Регионот го постави Планот за раст во функција за забрзување на членството во ЕУ до 2030 и треба сите заедно да бидеме активни, транспарентни и упорни во успешна реализација на оваа важна иницијатива.- рече Маричиќ.

Состанокот на министрите и вицепремиерите на Западен Балкан го носи насловот „Еден регион, заедничка визија“ и му претходи на утрешниот Лидерски самит на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од регионот на Западен Балкан, како и највисоките претставници на Европската Комисија.

На средбата учествуваше и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили.

притисни ентер