Маричиќ од Котор: Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст. 

Регионалниот состанок му претходи на Лидерскиот самит на западен Балкан кој ќе се одржи утре, 16 мај 2024.

Средбата ја отвори домаќинката на регионалниот состанок, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ истакнувајќи ја важноста на соработката во регионот кој има заедничка визија.

На средбата се обрати Герт Јан Копман - Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување. (ДГ НЕАР), висок претставник на Европската Комисија со што ги нагласи напорите и заложбата на Европската Комисија за реализација на Планот за раст за Западен Балкан.

На средбата се зборуваше за приоритетите за спроведување на рефорсмките агенди на земјите од Западен Балкан со акцент на конкретните чекори кои треба секој од земјите вклучени во Планот да ги превземат.

Во своето обраќање Маричиќ го наведе усогласувањето на приоритетите на државата со приоритетите на Брисел. Ги истакна договорените и усогласени обврски и мерки кои ќе се спроведуваат. Ја истакна важноста на СЕПА - Пристап до единствената област за плаќање во евра, Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните Вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на Дигиталните иновативни центри.

Понатаму во обраќањето ги наброја утврдените, следни чекори односно работата на проектите за Академија за единствен пазар со што се осигурува усогласување на националните системи со оние на ЕУ, важноста за прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор.

Вицепремиерот Маричиќ за крај се заблагодари до Европската Комисија, главниот инцијатор на целиот процес Герт Јан Копман, генералниот директор на ГД Неар, на целиот регион на Западен Балкан како и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, вработените во администрацијата кои во соработка со министерството за финансии ги поставија главните приоритети, упорно работеа на реализација на Планот за раст за Западен Балкан.

Европската Унија направи голем исчекор и заложба со иницијативата за Планот за раст за соработка на регионот. Затоа, регионот и сите засегнати страни заедно со Европската Комисија мора да продолжат да работат да ја реализираат иницијативата на регионот.

Регионот го постави Планот за раст во функција за забрзување на членството во ЕУ до 2030 и треба сите заедно да бидеме активни, транспарентни и упорни во успешна реализација на оваа важна иницијатива.- рече Маричиќ.

Состанокот на министрите и вицепремиерите на Западен Балкан го носи насловот „Еден регион, заедничка визија“ и му претходи на утрешниот Лидерски самит на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од регионот на Западен Балкан, како и највисоките претставници на Европската Комисија.

На средбата учествуваше и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили.

Ербас го одложува првиот лет со авион на водороден погон

Европскиот производител на авиони Ербас објави дека го одложува планираниот прв лет на својот авион на водород, кој првично беше планиран за 2035 година.

Според последните информации, проектот би можел да биде одложен од пет до десет години, што значи дека комерцијалните водородни авиони би можеле да стапат во употреба само околу 2040 година или подоцна.

Ова одложување доаѓа во време кога улогата на водородот во иднината на воздухопловната индустрија сѐ повеќе се доведува во прашање. Иако водородниот погон се смета за потенцијално револуционерно решение за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, предизвиците поврзани со инфраструктурата, регулацијата и трошоците остануваат значајни.

Ербас, исто така, објави дека ќе го намали буџетот за својата програма за водород за 25% и дека ги суспендира плановите за тестирање на водородни горивни ќелии на модифициран Ербас А380. Покрај тоа, компанијата официјално се откажа од неколку програми за тестирање, вклучувајќи експерименти со директно согорување на водород во турбински мотори, што укажува на пад на довербата во технологијата на водород како долгорочно решение.

Од друга страна, воздухопловната индустрија продолжува да инвестира во други еколошки иницијативи, како што е зголемувањето на употребата на одржливо воздухопловно гориво (SAF). Оваа алтернатива на традиционалното гориво за авиони може да ги намали емисиите до 70%, но моментално е поскапа и не е достапна во големи количини. Сепак, сѐ поголем број авиокомпании и регулатори го гледаат SAF како пореална и побрзо применлива опција за намалување на емисиите во наредните децении.

United Airlines потпиша нови договори за купување SAF, па дури и го обои авионот во специјална боја на својот Боинг 787-9 Dreamliner и идниот 737 MAX 10 за поддршка на одржливи горива. Во меѓувреме, Ер Нов Зеланд склучи договор за користење SAF на аеродромот во Сан Франциско, што ќе им овозможи на нивните авиони Боинг 777 и 787 да користат одржливо гориво на долги летови, пренесува Simpleflying.

Иако одложувањето на водородниот авион на Ербас претставува чекор назад за технологијата, индустријата сè уште бара начини да го намали своето влијание врз животната средина и да ја подобри одржливоста на воздушниот сообраќај во иднина.

Инцидент на аеродромот во Париз: Патник скокнал од авионот среде полетување (ВИДЕО)

Необичен инцидент се случил на летот IB578 на Iberia во петокот, на аеродромот Орли во Париз, кога патник го отворил излезот за итни случаи и скокнал на пистата додека авионот се подготвувал за полетување.

Според достапните информации, летот ИБ578, управуван од Ербас, тргнал од капијата навреме, околу 17:20 часот по локално време. За време на таксирање до пистата, патник станал од своето место и се обидел да ја отвори вратата за итни случаи.

Еден од членовите на кабинскиот екипаж се обидел да го спречи, но патникот сепак успеал да ја отвори вратата и да скокне од висина од околу 3,5 метри на пистата.

Службите за итни случаи на аеродромот Орли реагирале брзо и му пружиле помош на патникот. Неговата здравствена состојба и причините за оваа постапка не се познати. Од авиокомпанијата Iberia не се изјасниле за инцидентот, ниту пак е потврдено дали ќе бидат преземени дополнителни мерки против патникот.

И покрај инцидентот, летот IB578 го продолжил патувањето кон Мадрид, но со задоцнување од околу пет часа. Авионот нешто пред полноќ слетал во главниот град на Шпанија. По кратка техничка проверка, следниот ден авионот е вратен во редовен сервис.

Сличен инцидент се случил пред три месеци на летот на Ибериа експрес од Ибица до Мадрид, кога патник, најверојатно поради страв од летање, го активирал излезот за итни случаи. Во тој случај, екипажот спречил понатамошна ескалација, но летот бил откажан, а патниците биле пренасочени на други летови.

Се појавија снимки кога Монтоја полуде, откако девојката пред камери го изневери со друг(ВИДЕО)

Социјалните медиуми се преплавени со вирален момент од шпанското реално шоу „Остров на искушението“.

Социјалните медиуми се преплавени со вирален момент од шпанското реално шоу „Остров на искушението“, шоу во кое паровите се разделени во различни вили, каде ги искушуваат нови потенцијални партнери, додека нивните партнери од реалниот живот гледаат сѐ што се случува.

Еден од клиповите стана глобален хит откако натпреварувачот Хозе Карлос Монтоја ја гледаше неговата девојка Анита Вилијамс како оди во кревет со друг маж, што целосно го полуде и тој истрча преку плажата кон нејзината вила, додека водителката Сандра Барнеда очајно се обидуваше да го спречи.

Монтоја пристигнал пред вилата и почнал да вика, а Анита излегла да го пречека, нарекувајќи го „никаквец“, но набрзо го прегрнала. Сега се објавени дополнителни снимки од инцидентот кои покажуваат уште повеќе детали од нивната жестока расправија.

На ексклузивната снимка што ја емитуваше Телечино, Монтоја мораше да биде задржан од други мажи од вилата пред драматично да падне на колена во песокот. Тој ѝ викал на својата девојка „Ти си најголемата лажга на светот, ќе изгледаш ужасно, што мислиш дека правиш овде и кажуваш измислени приказни? Те почитував, лажге, те почитував. Сакав иднина со тебе, покрај тебе“.

Анита одговорила: „Оди си безобразно копиле, повеќе си фокусиран на шоуто, Боже мој...“, а потоа се свртела кон другарките и им рекла: „Знаете што? Сега ќе си дојде дома и ќе спие со друга од одмазда. Го направив тоа затоа што сакав“.

Додека другите натпреварувачи ги одвојуваа, тие продолжија да се навредуваат еден кон друг. Монтоја, во друг момент на драма, театрално падна на земја меѓу дрвјата, како претставата на плажата да не беше доволна за да го покаже неговиот очај.

Зборувајќи во телевизиско интервју за неговото однесување во шоуто, Монтоја ги отфрлил обвинувањата дека глуми пред камерите. „Монтоја оди таму каде што блеска и тоа е она што ти пречи“, му рекол тој на натпреварувачот кој го обвинил дека претерал за да направи телевизискиот спектакл.

притисни ентер