Во Италија 300 новозаразени и 92 починати од Копвид-19

Бројот на починати од коронавирус во Италија денес порасна за 92, што е значително повеќе во однос на вчера кога починале 50 лица.

Бројот на нови случаи пораснал за 300, што е значително помалку во однос на 531 колку што се регистрирани вчера, пренесе „Ројтерс“.

Во вчерашниот извештај за пројот на починати не се пресметани податовите од Ломбардија заради технички проблеми.

За сега не се знае дали бројот на луѓе кои вчера починале во Ломбардија се вклучени во денешниот биланс.

Вкупниот број на починати во Италија изнесува 32.877 лица, што е трет најголем број после САД и Британија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 230.158, што е шести најголем број на светот после САД , Русија, Шпанија, Британија и Бразил.

Од коронавирус во таа земја се излекувале 141.981 лица, а тестирани се над 2 милиони луѓе.

Чаир и Гази Баба со најмногу активни случаи на КОВИД 19

Чаир останува општина со најголем број активни случаи и во изминатите 24 часа, покажуваат податоците што денеска ги објави Министерството за здравство. 

Во оваа општина се регистрирани 323 активни случаи.

Двеста активни случаи има и во Гази Баба, а над 150 случаи се евидентирани и во Аеродром, Бутел, Центар и Карпош. Во Аеродром има 162 активни случаи, во Карпош 147, а по 146 активни случаи имаат Бутел и Центар.

Во Сарај се евидентирани 128 случаи, во Студеничани 116, во Кисела Вода 108, во Ѓорче Петров 107, во Шуто Оризари 86, во Арачиново 45, Илинден 31, Петровец 17, Чучер Сандево 16, Зелениково 13 и Сопиште 8.

Регистрирани се пет странски државјани како активни случаи, како и 67 лица за кои што не се знае од каде потекнуваат.

СДСМ ја претстави програмата за лицата со попреченост

„Како СДСМ и коалиција Можеме навистина ни е мило што ја имаме поддршката од националните сојузи на лицата со попречености, социјалдемократијата значи солидарност и почитување на различностите. 

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Милан Живковиќ денеска во рамките на организацијата на националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, националниот совет на инвалидски организации на Македонија и националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија учествуваше како претставник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со цел да ја претстави целосно инклузивната политичка платформа на партијата и заложбите кој како партија ќе ги имаме за овие лица во наредните четири години.

„Како СДСМ и коалиција Можеме навистина ни е мило што ја имаме поддршката од националните сојузи на лицата со попречености, социјалдемократијата значи солидарност и почитување на различностите. Донесовме реформски закон за социјална заштита кои овие организации го бараа со целосна нивна вклученост. Покажавме дека можеме подобро и дека можеме повеќе" рече во изјавата претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Милан Живковиќ.

Живковиќ потенцираше дека СДСМ во изминативе 3 години со дела покажа дека гради едно општество за сите, и дека на истиот правец ќе продолжиме и во наредните четири години.

Дел од лицата од овие организации изразија огромна благодарност на досегашните напори на оваа влада за нивните потреби и барања, како што се отворањето на рехабилитационен центар при сојузот на слепи на Македонија, каде се учи брајевото писмо и се работи на целосна инклузија на овие лица.

„Многу ме радува што за прв пат Владата и СДСМ покажаа една целосна инклузивност, и поради тоа сите инвалидски организации денес сме тука да ја поддржиме програмската заложба на СДСМ која најави дека во 2021 година ќе имаме за 15% покачување на додаток за сите лица со попреченост" потенцираше Томица Стојановски, претседател на сојузот на глуви и наглуви на Република Северна Македонија. Стојановски посочи дека навистина му е драго што СДСМ својата програмата ја направи да биде достапна и видлива за сите лица, вклучително и ние како глуви лица, како и за слепите лица.

Стерија Димов од националниот совет на инвалидски организации на Македонија посочи дека Владата во изминатиот период покажа дека не стави во приоритетите на нивните заложби. Заедно и во наредниот период со СДСМ и коалицијата ќе продолжиме да градиме инклузивно општество, еднакво за сите.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

По два дена насилни протести, вечерашните протести во Белград мирни

Сосема нова слика на белградските улици по дводневната војна и десетици повредени демонстранти и припадници на полицијата. 

Она за што многумина очекуваа да излезе од контрола, прејде во мирољубиво седење на улиците од страна на демонстрантите, не за да се покорат, туку за како што појаснија, да можат хулиганите да бидат позабележителни. Камењата и солзавецот ноќеска беа заменети со оро.

Меѓу другото главна причина за демонстрациите беше најавениот карантин и строгите мерки за спротивставување на коронавирусот. Сепак по жестоките демонстрации кризниот штаб ја промени одлука, а истата ја соопшти премиерката Ана Брнабиќ

Договорот е да продолжиме и понатаму исто, да немаме мерки за целата територија на Република Србија, туку да се фокусираме на местата каде што ситуацијата е вонредна, нестабилна и непредвилива, а таму каде што граѓаните со своeто одговорно однесување допринеле кон тоа да нема потреба за воведување на вонредна ситуација, да ги оставиме да си живеат да организираат прослави, изјави Ана Брнабиќ – премиерка на Србија.

Србија во последното деноноќие регистрираше 266 новозаразени, додека пак во регионот Босна покажа најзначителен пораст. Тие потврдија 310 нови случаи на ковид-19 што е најмногу за еден ден во земјата од почетокот на пандемијата.

Расте бројот и во соседна Бугарија, каде што за последните 24 часа надлежните потврдија 330 позитивни лица. Земјата ќе воведува поригорозни мерки, а ќе растат и санкциите. Премиерот Борисов упати критика кон дисциплината на народот.

Ситуацијата се влошува и во Косово, 207 новозаразени за еден ден, додека пак Хрватска регистрираше 91 случај, а нивниот министер за здравство Вили Берош изјави дека со 81 случај на 100 илјади, Хрватски и понатаму има најповолна епидемиолошка ситуација во Европа.

притисни ентер