Во Хрватска 139 нови случаи на корона, двајца починати - Канал 5

Во Хрватска 139 нови случаи на корона, двајца починати

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 139 случаи на коронавирус, од 3.834 тестирани примероци, додека две лица починале од последиците предизвикани од Ковид19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во Хрватска 139 нови случаи на корона, двајца починати

Во болницата во Хрватска има 112 пациенти, а 12 од нив се поврзани со респиратори, пренесува „Индекс“.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција со коронавирус во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 361.488 заболени лица, од кои 8236 починале.

Вкупно се опоравија 352.529 луѓе, од кои 99 во последните 24 часа.

Во моментов има 3.789 лица во самоизолација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски без големи очекувањат од средбата во Софија: Очекувам дијалог на „коњопој“...

Премиерот Мицкоски нема никави очекувања во пресрет на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, која по предлог на Урсула Фон дер Лајен би требало да се одржи задутре во Софија.

Мицкоски без големи очекувањат од средбата во Софија: Очекувам дијалог на „коњопој“...

До овој момент во МНР не е стигнат официјален одговор од Бугарија на барањето кое Муцунски го испрати уште во петокот. Од бугарска страна засега има само порака дека на маргините на конференцијата за Коридорот 8 во Софија ќе има можност за билатерална средба, но без потврда дека таа е договорена и без прецизиран термин.

-Имајќи ја предвид мојата анализа, којашто вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, ќе бидам дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија не очекувам потврда, не очекувам ништо, очекувам некој дијалог ‘пул а сајд’, ние така го викаме, на коњопој, и тоа отприлика да биде тоа, рече премиерот Мицкоски.

Од опозицискиот СДСМ, пак, реагираат дека Мицкоски намерно го кочи европскиот пат и разгорува тензии со Бугарија пред средбата на министрите за надворешни работи во Софија, откако претседателката на ЕК, како што велат, му ги разобличила лагите за загрозениот идентитет и јазик.

-Сега ќе бидеме сведоци, веќе сме сведоци, за жал, на една стратегија на поткопување на целата оваа состојба, целата атмосфера околу средбата којашто треба да се случи со нашиот источен сосед. Уште пред да се случи таа средба, гледаме стратегија на поткопување на таа средба. Премиерот Мицкоски, сега ќе не тера да размислуваме и да зборуваме само за она што се случувало во минатото, изјави Жерновски.

За дел од аналитичарите евентуална средба меѓу шефовите на дипломатиите во Софија е добар обид за обновување на директната комуникација и би дала позитивен импулс во заладените односи меѓу двете страни.

Марко Трошановски не очекува суштински поместувања, но смета дека ваква средба е почеток на поконструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија.

-Мислам дека станува збор за средба којашто исклучително поволно би влијаела за подобрување на тензичните односи. Не очекувам суштински поместувања секако, меѓутоа е позитивен импулс во насока на некакво разбирање. Мислам дека треба да се случи, со што двете страни би требало да се воздржат од победнички тон во изјавите или некаква ултимативна нота. Би требало да биде официјална билатерална средба, не спорадична, како што досега беа ситуациите, смета Марко Трошановски.

Муцунски и Петрова Чамова имаа една официјална средба во мај, годинава, на маргините на состанокот на НАТО во Шведска. Средбата се одржа во амбиент на затегнати билатерални односи и на иницијатива од македонскиот министер Муцунски, но заврши без поместување на позициите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски

Нема простор за грижи, пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Христијан Мицкоски и покрај тоа што дефицитот на ПИОМ надмина 1 милијарда евра.

Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски

Вели дека секогаш која се кројат владините политики се земаат предвид и анализите на експертите, но не се согласува со ставот на Фискалниот совет и директорот на фондот Мемов кои вчера дадоа предлози за реформи, меѓу кои и зголемување на придонесите. Засега промени нема да има, ниту во делот на зголемување на старосната граница, кажа премиерот, кој вели дека пари има, само треба да се пренасочуваат од таму кадешто има злоупотреби.

-„ Ние во моментот имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Не треба апсолутно никој да се грижи. / Ние сме процениле дека политиката којашто значеше зголемување на пензиите линеарно, од една страна значеше дополнителен товар на буџетот, но од друга страна значеше намалување на стапката на сиромаштија во државата, по која бевме лидери во регионот. Сега тоа е променето. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Наспроти тврдењата на премиерот, опозициската СДСМ обвинува дека ПИОМ е пред колапс. Оценуваат дека власта не води сметка за пензионерите и ги става во неизвесност, со план финансиската дупка да се покрива на штета на работниците.

„ Исплатите на пензиите на сегашните и идните пензионери се во ризик. И што прави криминалната власт? Посегнува по џебот на граѓаните, по парите на компаниите, најавува зголемување на придонесите за пензиско осигурување. Нов арамилук. “-Јованка Тренчевска – потпретседател на СДСМ.

Во однос на минималецот за кој СДСМ имаше предлог и во Собрание да се покачи на 600 евра, премиерот изјави дека тој е за повисоки плати, но овој процес според него треба да се одвива преку дијалог меѓу работодавачите и работниците. Таа во моментов изнесува 26.046 денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во петок пресуда за Трајко Бојковски обвинет за четири убиства на жени

Во Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.

Во петок пресуда за Трајко Бојковски обвинет за четири убиства на жени

. Пресудата за него ќе биде изречена во петок..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер