Во Грција беснее најголемиот пожар на територијата на ЕУ,активиран е механизмот за помош(ВИДЕО) - Канал 5

Во Грција беснее најголемиот пожар на територијата на ЕУ,активиран е механизмот за помош(ВИДЕО)

Грција се соочува со „најголемиот пожар некогаш регистриран на територијата на Европската унија“, изјави портпаролот на Европската комисија.

Во Грција беснее најголемиот пожар на територијата на ЕУ,активиран е механизмот за помош(ВИДЕО)

Грција се соочува со „најголемиот пожар некогаш регистриран на територијата на Европската унија“, изјави портпаролот на Европската комисија, истакнувајќи дека 27-те земји-членки на ЕУ во моментов мобилизираат речиси половина од заедничките европски воздушни сили за да и помогнат.

За помош на Грција се испратени 11 авиони и еден хеликоптер од европската флота. Пожарот го зафати Националниот парк Дадија на североистокот на земјата. Таму се испратени и 407 пожарникари, изјави портпаролот на ЕК, Балаж Ујвари.

Во август, Грција го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ по втор пат ова лето, а ЕУ распореди 11 противпожарни авиони од Хрватска, Франција, Германија, Шпанија, Шведска и Кипар, хеликоптер Blackhawk од Чешка, 407 пожарникари и 62 возила од Бугарија., Кипар, Чешка, Франција, Романија, Словачка и Србија.

Единаесетти ден грчките пожарникари се борат со пожарот кој беснее низ националниот парк, кој е познат како живеалиште на бројни ретки птици грабливки. Пожарот, кој се протега долж фронтот од речиси 10 километри, „се уште е надвор од контрола“, изјави портпаролот на пожарникарите.

Грција летово беше опустошена од бројни пожари, кои властите ги припишуваат на климатските промени. ЕУ има флота од 24 авиони и четири хеликоптери. Создадена е од земјите-членки за гаснење пожари во земјите на Унијата и во соседните земји.

YouTube video

Европската унија работи на создавање на автономна воздушна ескадрила која сама ја финансира, составена од 12 авиони кои целосно ќе бидат оперативни до 2030 година, со оглед на тоа што, како што истакна Ујвари, „пожарите се сѐ поразорни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

За време на викендов времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. А во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. 

Вучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејството

Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

-Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година.

Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан.

Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“.

Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер