Во Франција повторно над 10.000 новозаболени

Во Франција, во изминатите 24 часа се пријавени повеќе од 10.000 нови случаи на коронавирус, шести пат за 12 дена.

Според податоците на Министерството за здравство на таа земја, во изминатите 24 часа биле регистрирани 10.008 случаи, скоро двојно повеќе отколку вчера, кога биле евидентирани 5.298 пациенти.

Ројтерс, сепак, забележува дека бројот на заразени лица пријавени во понеделник е често пати помал поради доцнењето на податоците за време на викендот, и дека во саботата бил забележан рекорден број на заразени лица, 13.498.

Во Франција досега се пријавени вкупно 468.069 случаи на коронавирус.

Земјата денеска пријави уште 78 жртви на корона, со што вкупниот број на починати достигна 31.416.

Хрватска: 1867 нови случаи на Ковид-19

Нов неславен рекорд во Хрватска.

Според официјалните податоци кои се објавени после 10 часот, во Хрватска за последните 24 часа се регистрирани 1867 нови случаи со Ковид-19, додека починале седум лица.

Вчера во Хрватска беа регистрирани 1.563 нови случаи на заразени со коронавирус, а починаа 13 лица.

Македонија го празнува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба

Македонија денеска го празнува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Во рамки на годинешното одбележување на празникот Владата организираше положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје, на настанот присуствуваше владина делегација составена од заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, заменик министерот за култура, Седат Сулејмани и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов.

На спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила, претпладнево владина делегација предводена од министерката за култура, Ирена Стефоски ќе положат свежо цвеќе.

Билд: Германија се подготвува за вакцинација

Германија се подготвува да започне вакцинација против коронавирусот пред крајот на годината, пишува Бидл.

Министерството за здравство планира да формира 60 посебни центри во кои ќе се изврши вакцинација.

Како што дознава Билд, министерството од 16 сојузни држави побарало да ги достават можните адреси за тие центри до 10 ноември.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан претходно рекол дека очекува дека вакцината против коронавирусот ќе биде подготвена во првиот квартал од следната година. Тој рекол и дека германски „BioNTech“ е близу до одобрување на својата вакцина.

притисни ентер