„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
1„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“
2Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
АвтомобилизамВо Европа се купуваат автомобили како никогаш порано- во еден дел од ЕУ огромен раст на електричните возилаЕвропскиот пазар на автомобили доживеа голем пораст во октомври, со регистрации кои достигнаа 916.609 нови патнички автомобили.Ова е зголемување од 5,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, што покажува дека побарувачката продолжува да расте и покрај економските притисоци и неизвесноста на пазарот. Податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили, или ACEA, покажуваат дека купувачите сè повеќе се враќаат во салоните низ Европската унија. Три од четирите најголеми европски пазари бележат стабилен и јасен раст. Шпанија забележа скок од 15,9 проценти, Германија 7,8 проценти и Франција 2,9 проценти. Единствената што забележа мал пад беше Италија, со минус 0,5 проценти. Сепак, целокупниот тренд останува позитивен, особено кога ќе го погледнеме сегментот на електрични автомобили, кој овој пат привлече најголемо внимание. Електричните возила сега растат со брзина што никој не ја очекуваше Најголемиот раст доаѓа од категоријата електрични возила, или BEV. Регистрациите во Европската унија скокнаа за дури 38,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Шпанија е апсолутен шампион тука со неверојатен раст од 90,1 проценти, додека Франција бележи 63,2 проценти, а Германија 47,7 проценти. Јасно е дека преминот кон електрична енергија повеќе не е само тренд, туку сериозна промена на пазарот. Податоците исто така покажуваат дека во октомври, хибридно-електричните возила имаат најголем удел со 34,5 проценти, по што следат бензинските возила со 24,8 проценти. Возилата BEV имаат 18,9 проценти, додека plug-in хибридите учествуваат со 10,5 проценти, а дизелите завршуваат на само 8,1 процент. Главните сили го движат пазарот напред Кога ќе ги погледнеме првите десет месеци од 2025 година, јасно е дека Европската Унија го зголемила бројот на регистрации за 1,4 проценти, додека пазарот на BEV доживеал масивен скок од 25,7 проценти. Вкупно 1.473.447 возила на батерии се продадени од јануари до октомври. Четирите најголеми пазари на електрични возила - Германија, Франција, Белгија и Холандија, заедно сочинуваат дури 62 проценти од сите регистрации на BEV во Европската Унија. Пазарот не само што расте, туку концентрацијата на купувачи се обликува и околу најразвиените земји, што јасно ја покажува насоката на автомобилската индустрија во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Сексуалното образование“ во средните училишта останува, но предметот ќе се вика „Здравје и заштита на здравјето“По бројните реакции во јавноста за предметот сексуалното образование, министерката Весна Јаневска денеска со ново објаснување за измените во наставната програма. Предметот останува, но под ново име – „Здравје и заштита на здравјето“. Според Јаневска, целта е да се зачуваат важните содржини за учениците, а истовремено да се одговори на загриженоста на дел од јавноста. „Ние имавме предмет кој се викаше сексуално образование кој дел од јавноста реагираше...Како министер за образование и наука сум должна транспарентно да работам и да ги слушнам граѓаните кои гласале за партијата така и за мене...Откако ги слушнавме реакциите на дел од граѓанството решивме дека би можеле во одреден дел да ги намалиме нивните стравови, предрасуди што е порив за такво нешто а да го зачуваме предметот кој сега се вика „Здравје и заштита на здравјето“,-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. И покрај промените во наставната програма, министерката уверува дека ниту една содржина што е важна за правилниот развој и едукацијата на учениците не е изоставена. Дополнително посочува дека наставниците веќе ја завршиле обуката за реализација на овој изборен предмет. „Не исфрливме ништо од програмата што им е потребно на децата! Во програмата има се што им е потребно, на таа возраст со којашто може да се заштитат, но и човечки,хумано и недискриминирачки да постапуваат кон сите во својата околина и во релациитее кои ги градат,, /,,Значи се што е неопходно има во програмата, дополнително наставниците ја поминаа обуката,обуката е завршена“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Измените во наставната програма предизвикаа реакции и кај стручната јавност. Пред два дена од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет побара дополнителна ревизија и враќање на поимот „род“ и термините поврзани со него. Од ХЕРА, пак, предупредуваат дека со промените се ослабуваат важни содржини за сексуалното и репродуктивното здравје на младите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНема нови случаи на заболени со морбили во МакедонијаДенеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните. Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани. На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЃорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална салаПовеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook