Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
1Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
ЗдравјеВо ЕУ пет, кај нас 4,2 болнички кревети на 1 000 жителиНа ниво на ЕУ на 1 000 жители во просек има пет болнички кревети. Најмногу имаат Германија и Бугарија со над седум, а најмалку Шведска и Данска со под 2.5 кревети на 1 000 жители.Нашата земја со 4,2 болнички кревети на 1 000 жители е некаде во средина. Од регионот Србија има 5,6 болнички кревети на 1 000 жители, по што следи Црна Гора со 3,9 и Албанија 2,8 – во 2013 година, за кога има последен пат податоци. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2008 до 2018 година во нашата земја има раст на бројот на лекари, но пад на бројот на болнички постели на 1 000 жители. Бројот на лекари во 2018 изнесува 6 364, од кои 3 831 специјалист. Со тоа бројот на лекари на 1 000 жители изнесува 3,1, што е раст во однос на 2008 година, кога имало 2,6. Ние, според податоците на намалување на бројот на болнички постели во споредба со пред десет години, од 4,5 на 1 000 жители во 2008, на 4,2 во 2018 година, покажуваат податоците на ДЗС. На ниво на ЕУ просекот на болнички кревети изнесува 5 на 1 000 жители, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година. Над 7 болнички кревети во ЕУ во 2018 имале Бугарија – 7,5, Австрија – 7,2 и Унгарија – 7, додека Германија во 2017, за кога има последно податоци е рекордер во ЕУ со 8 болнички кревети на 1 000 жители. На другиот крај од скалата се Данска со 2,4, Италија – 3,1 и Грција со 4,1 билнички кревет на 1 000 жители. На ниво на ЕУ најмногу доктори на 1 000 жители има Грција – 6, по што следат Австрија со 5,2 и Норвешка со 4,8, покажуваат податоците на Евростат за 2018 година. Германија има 4,3, додека Шпанија – 4 и Италија – 3,9. На другиот крај од скалата се Велика Британија со 2,8, Романија со 3 и Франција со 3,1 доктор на 1 000 жители во 2018 година. Во регионот со најмногу доктори, по Грција следува Бугарија со 4,2, Хрватска со 3,4, Словенија со 3,1, Србија со 2,9 и Црна Гора со 2,8 доктори на 1 000 жители. За Косово нема податоци, додека Албанија има 1,2 во 2013 година, за кога последно има податоци. аКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФантастичниот Хари Кејн руши сè пред себе, Шпанија го натажи полниот „Пољуд“ во Сплит со пресврт!Фудбалерите на Англија ја надиграа Чешка во 4. коло од Лигата на нации со резултат 3:0. На овој натпревар, капитенот на „Гордиот Албион“, Хари Кејн, се израмни со славниот голман Питер Шилтон по бројот на настапи во дресот на Англија – и двајцата имаат по 125. Тоа значи дека на напаѓачот на Баерн му преостанува уште само еден натпревар за да стане играчот со најмногу настапи во историјата на „Трите лава“. Што се однесува до самиот натпревар, Кејн учествуваше во сите три гола на домашниот тим. Најпрво упати топка од страна која Владимир Цоуфал ја спроведе во сопствената мрежа, а потоа, во 40. минута, ја круниса одличната акција на Англија со гол за 2:0. Кејн постигна уште еден гол во 57. минута, овојпат со глава по корнер, и го постави конечниот резултат од 3:0. Во вториот натпревар од оваа група, во големото дерби на Пољуд во Сплит, по пресврт, Шпанија ја совлада Хрватска со резултат 2:1. „Коцкестите“ беа многу подобар противник во првото полувреме и во 17. минута поведоа со голот на Иван Перишиќ. Сепак, сè се промени во продолжението од натпреварот. Микел Мерино влезе во игра на почетокот на второто полувреме и подоцна им ја донесе победата на европските и светските шампиони. Тој беше стрелец во 61-вата и 88-мата минута, со што Шпанија победи со 2:1. Шпанија е прва во групата со 12 бода, Англија има девет, Хрватска е трета со три бода, додека Чешка е на дното без ниту еден освоен бод. Преостанатите две кола од групната фаза на Лигата на нации ќе се одиграат во ноември.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕвропските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми.Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири. ИСОС е избран за домаќин на годишното Собрание на CFE Tax Advisers Europe во 2027 година. Одлуката доаѓа само една година од пристапувањето на Институтот во оваа организација и претставува признание за неговото активно учество во европската професионална заедница. „Изборот на ИСОС за домаќин на годишното Собрание на CFE Tax Advisers Europe е голема чест. Тоа е значајно признание за нашата работа, но и можност македонската сметководствена професија и домашната економија да се претстават пред професионалци од голем број европски земји. Довербата што ни е укажана е дополнителен мотив да продолжиме активно да придонесуваме во размената на знаење, искуства и добри практики“, истакна Весна Прентоска, претседател на ИСОС. Паралелно со активностите во рамки на CFE Tax Advisers Europe, ИСОС по втор пат учествуваше и на конференцијата „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference) во Лондон, организирана од Фондацијата IFRS Лондон. Конференцијата претставува еден од најзначајните глобални форуми посветени на развојот на меѓународните стандарди за финансиско известување, а годинава обедини повеќе од 130 делегати од 70 земји. Во фокусот на дискусиите беше идниот развој на финансиското известување и потребата стандардите да бидат јасни, применливи и економично спроведливи, особено за помалите деловни субјекти кои располагаат со ограничени административни и стручни капацитети. „Она што јасно се наметнува како заедничка тема на европско и меѓународно ниво е потребата од поедноставување на регулаторните барања и намалување на административниот товар, особено за малите и средните претпријатија. Дигитализацијата, вештачката интелигенција и новите технологии дополнително отвораат можности за поедноставни и поефикасни решенија. Нашата цел е овие искуства навремено да ги следиме и да придонесеме добрите практики да бидат земени предвид и во развојот на домашната сметководствена рамка“, посочи Прентоска. Овие прашања се од особено значење и за Северна Македонија, особено во период кога сè повеќе се нагласува потребата од дигитализација, поширока примена на технологијата во секојдневното работење и унапредување на деловното опкружување. ИСОС ќе продолжи да поддржува решенија кои обезбедуваат рамнотежа меѓу квалитетното и транспарентно финансиско известување и реалните капацитети на деловните субјекти. Пораката од актуелните европски и глобални дискусии е јасна: иднината не е во дополнителна комплексност, туку во паметна регулација, дигитализација и поедноставени решенија кои ќе обезбедат доверливи финансиски информации и подобри услови за раст на малите и средните претпријатија. Преку учеството на релевантните европски и меѓународни форуми, ИСОС продолжува да ја зајакнува позицијата на македонската сметководствена професија и да придонесува кон нејзин развој како вистински партнер на стопанството. Инаку, ИСОС обединува над 6.000 сметководители и овластени сметководители во земјава и континуирано работи на јакнење на професионалните стандарди, унапредување на квалитетот и интегритетот на професијата, модернизација на процесите и засилување на својата национална и меѓународна улога. Значаен дел од активностите на Институтот се насочени кон едукација и унапредување на членството, согласно актуелните потреби и предизвици на професијата. Во изминатите години ИСОС организираше и три регионални конференции, со учество на повеќе од 1.000 професионалци, а од септември 2025 година е полноправна членка на CFE Tax Advisors Europe. Посебен фокус во своето делување, Институтот става и на привлекување млади кадри во професијата и нејзино позиционирање како современа и перспективна професионална определба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОдлучено е: Путин и Си – да; Путин, Си и Трамп – можеби Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен, додека сè уште не се знае дали ќе се одржи трилатерална средба меѓу Путин, Си Џинпинг и американскиот претседател Трамп. Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен, додека сè уште не се знае дали ќе се одржи трилатерална средба меѓу Путин, Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп. „Постигнат е договор. Нашиот лидер ќе се сретне со кинескиот претседател, тоа е сигурно. Сепак, сè уште е тешко да се каже кој термин или датум во рамките на самитот ќе биде избран за таа средба“, изјави помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, пренесе „Спутник“. Истовремено, Ушаков нагласи дека сè уште не е започната конкретна работа на евентуална средба меѓу Путин, Трамп и Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК. Одржувањето на трилатералната средба на лидерите на Русија, САД и Кина ќе зависи, меѓу другото, од учеството на Трамп на настаните во Кина, објасни Ушаков. „Но, домаќинот на самитот, кинескиот претседател, секако ќе ја иницира таа средба“, рече Ушаков. Самитот на АПЕК ќе се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенџен. „Бидејќи Кина е домаќин на самитот на АПЕК, претпоставувам дека нашите кинески пријатели најпрво ќе испратат нацрт-програма за самитот до сите учесници. Таа програма очигледно ќе вклучува посебни термини за билатерални, а можеби и за трилатерални средби. Ако Трамп го потврди своето учество – а не мислам дека тоа е веќе стопроцентно потврдено – од тоа ќе зависи можноста за одржување трилатерална средба. Сепак, иницијативата за тоа, се разбира, ќе потекне од домаќинот на самитот, кинескиот претседател“, изјави Ушаков. Самитот на АПЕК ќе се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенџен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00