Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЗабаваПрстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката Возачот на Формула 1, Џорџ Расел се сврши со убавата Кармен Монтеро Мундт по шестгодишна врска, а вниманието го привлече раскошниот накит со огромна вредност.Летната пауза во Формула 1 донесе големи вести од приватниот живот на Џорџ Расел. Ѕвездата на „Мерцедес“ ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен Монтеро Мундт, а посебно внимание привлече луксузниот веренички прстен, чија вредност се проценува на близу еден милион евра. Британскиот возач во Формула 1 за чинот на запросување избра романтичен амбиент покрај морето. Бели рози, свеќи и зајдисонце беа позадината на моментот кога Кармен се согласи да стане негова сопруга. Двојката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм, користејќи едноставни симболи – прстен и бело срце. Сепак, набрзо потоа, прстенот стана една од главните теми на социјалните мрежи. Кармен покажа голем жолт дијамант со овален рез на својата рака, кој според проценките тежи меѓу осум и десет карати. Централниот камен е опкружен со помали бели дијаманти од двете страни. Повикувајќи се на стручни проценки објавени во германскиот весник „Билд“, порталот „Спортал“ наведува дека овој накит би можел да вреди околу 900.000 евра. Љубовната приказна меѓу Џорџ и Кармен трае веќе шест години. Тие се запознале во Лондон во 2020 година преку заеднички пријатели; интересно е што Кармен, наводно, во тоа време дури и не знаела со што се занимава Расел. Тој побарал нејзин телефонски број, ја поканил на вечера и сам го подготвил оброкот. На 18-годишна возраст, Кармен се преселила од Шпанија во Обединетото Кралство, каде што студирала бизнис-менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, а своето образование го продолжила и во Женева.Тагови: Формула 1 Џорџ Расел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаЦаринска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камеритеЦаринските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД. Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја. Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП ПОЦТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08