3Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
ЖивотВо древните пештери на Хаваите се откриени мистериозни облици на животМикробите се најмалите познати живи организми на Земјата и можат да се најдат насекаде, дури и во многу студени услови како оние на Марс, т.е. во вулкански пештери.На Хаваи, научниците неодамна пронашле неверојатна низа непознати микроби кои растат во геотермалните пештери, канали од лава и вулкански отвори. Овие подземни структури се формирани пред 65 до 800 години и добиваат малку или воопшто не добиваат сончева светлина. Може да содржат и отровни минерали и гасови. Но, и покрај ова, тие се преполни со микроби. Експертите земале примероци од микробите помеѓу 2006 и 2009 година, а потоа повторно помеѓу 2017 и 2019 година и откриле повеќе уникатни форми на живот од очекуваното. Кога секвенционирале 70 примероци за еден ген на РНК што вообичаено се користи за идентификување на микробната разновидност, тие не можеле да ги поклопат со ниту еден од резултатите со познатите родови или видови, барем не со голема доверба. „Ова покажува дека вулканските пештери се недоволно проучени екосистеми“, наведуваат научниците. Микробите, после растенијата, го сочинуваат најголемиот дел од биомасата на нашата планета и речиси целата биомаса во длабокото подземје. Поради тоа што се многу мали и затоа што живеат во екстремни средини, експертите често ги занемаруваат во своето истражување, пишува Science Alert. Но, како што започна ерата на истражување на вселената, научната заедница покажува зголемен интерес за нив бидејќи живеат во средини многу слични на оние на Марс. Неодамнешните проценки покажуваат дека 99,99 проценти од сите видови микроби ни се непознати; поради што некои на шега ги нарекуваат „темна материја“. Новото истражување покажува колку чудни можат да бидат овие форми на живот. Разновидноста меѓу локациите е различна. Повеќе древни канали, оние стари помеѓу 500 и 800 години, содржеле поразновидни микробиолошки популации отколку помладите или геотермално активните места. Од друга страна, додека постарите области биле поразновидни, помладите и поактивните имале посложени микробиолошки интеракции, веројатно поради помалата разновидност. Имено, за да преживеат, се чини дека мора да соработуваат и микробите. Научниците веруваат дека на микробите им треба малку време за да ги колонизираат вулканските базалти, а како што се менува околината околу нив, така се менува и структурата на нивната заедница. Во постудените пештери, на пример, има повеќе протеобактерии и актинобактерии. „Прашањето е дали екстремните средини помагаат да се појават поинтерактивни микробни заедници, со микроорганизми кои се повеќе зависни еден од друг. Во помладите вулкански пештери, микробите обично биле подалеку поврзани, што покажува дека во поостри средини конкуренцијата е посилна, намалувајќи ја можноста тесно поврзаните видови да живеат рамо до рамо. Неколку класи на бактерии, како што се хлорофлекси и ацидобактерии, биле присутни на речиси сите места, без оглед на возраста. Се чини дека овие микроби играат клучна улога во нивните заедници со поврзување на други микроби. Можно е хлорофлексите да обезбедуваат извори на јаглерод во екосистемот користејќи светлосна енергија во релативно темни услови. Но, засега тоа се само шпекулации. Бидејќи само еден ген бил делумно секвенциониран во студијата, Прескот и нејзините колеги не можат да кажат која е точната улога на одреден микроб. „Ова истражување всушност покажува колку е важно да се проучуваат микробите во нивната заедница, наместо да се одгледуваат во изолација“, рече Прескот. „Во природната средина, микробите не се изолирани. Тие растат, живеат и комуницираат со многу други микроорганизми во морето преку хемиски сигнали од други микроби. Ова може да ја промени нивната генска експресија, влијаејќи на нивната функција во заедницата“, додаде таа. . Истражувањето, насловено „Islands Within Islands: Bacterial Phylogenetic Structure and Consortia in Hawaiian Lava Caves and Fumaroles “, е објавено во списанието Frontiers in Microbiology.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
НБАВидео-фото: Дончиќ до противникот „Не можеш да ме чуваш, п***о!“ Погрдни зборови го одбележаа мечот во Лос Анџелес. Дончиќ брутално го прозва дебитантот, а потоа му покажа кој е главен! Камерите снимија сè!Вербалната пресметка меѓу големата НБА ѕвезда Лука Дончиќ и младиот Џаксел Ландеборг го одбележа дуелот меѓу Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, а она што започна како вербална конверзација на паркетот, прерасна во вистинска војна со зборови која продолжи и по натпреварот. Сè започна кон крајот на втората четвртина, кога Ландеборг, кој беше задолжен да го чува Дончиќ, влезе во расправија со една од најголемите ѕвезди во лигата. Лука изнуди фаул, а потоа, според снимките и извештаите од натпреварот, му рече на својот млад ривал: – Не можеш ти, (пи..ко) копиле едно, да ме чуеш! Потоа, Дончиќ почна да плеска со рацете, ставајќи до знаење дека провокациите воопшто не го вознемируваат. Ландеборг набргу заврши на клупата, но тоа не беше крајот на нивната пресметка. Откако постигна кош преку противнички играч, Дончиќ се сврте кон клупата на „Вориорс“ и продолжи да го провоцира Ландеборг, повикувајќи го да се врати на теренот. – Врати се, кучко(пи..о) Тренерот Стив Кер се обиде да ја смири ситуацијата, но тензиите не стивнаа. Ситуацијата кулминираше кон крајот на полувремето, кога на Ландеборг му беше досудена техничка грешка поради фрлање кон словенечкиот ас. Сепак, по натпреварот, Дончиќ нагласи дека овој пат не возвратил вербално и дека сакал да избегне непотребни технички грешки. – Тој многу зборуваше. Но, јас не одговорив ништо и сакам така да биде во текот на целата сезона. Не сакам да добивам технички грешки. Ова е првпат да нема обострана техничка грешка, бидејќи јас не кажав ништо – објасни Лука.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЕвропаДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДПДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП во вториот квартал од 2026 година, соопшти статистичката служба на ЕУ – Евростат. Во парична вредност, владите во еврозоната должат околу 14,4 трилиони евра. Италија и се приближува на Грција која е најзадолжената земја-членка со долг од 140% од БДП-то, додека зад нив е Франција чиј долг се искачи на 119%. Според правилата на ЕУ, долгот не треба да надминува 60% од БДП, а годишните буџетски дефицити не треба да надминуваат 3%. Меѓутоа, според Евростат, комбинираниот дефицит на владите во еврозоната е зголемен и изнесува 3,3% од БДП-то во вториот квартал од годинава. Минатата година, 12 земји-членки имаа долг над границата од 60 % утврдена од ЕУ, а 11 земји забележаа дефицити од 3 % или повеќе.Тагови: Евростат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаСДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштијаСе најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година. МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава. Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Граѓаните имаат крпен живот - одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат. До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови. Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000. Ова е смислена политика, ова е одлука. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook