3Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
НБАВидео-фото: Дончиќ до противникот „Не можеш да ме чуваш, п***о!“ Погрдни зборови го одбележаа мечот во Лос Анџелес. Дончиќ брутално го прозва дебитантот, а потоа му покажа кој е главен! Камерите снимија сè!Вербалната пресметка меѓу големата НБА ѕвезда Лука Дончиќ и младиот Џаксел Ландеборг го одбележа дуелот меѓу Лејкерс и Голден Стејт Вориорс, а она што започна како вербална конверзација на паркетот, прерасна во вистинска војна со зборови која продолжи и по натпреварот. Сè започна кон крајот на втората четвртина, кога Ландеборг, кој беше задолжен да го чува Дончиќ, влезе во расправија со една од најголемите ѕвезди во лигата. Лука изнуди фаул, а потоа, според снимките и извештаите од натпреварот, му рече на својот млад ривал: – Не можеш ти, (пи..ко) копиле едно, да ме чуеш! Потоа, Дончиќ почна да плеска со рацете, ставајќи до знаење дека провокациите воопшто не го вознемируваат. Ландеборг набргу заврши на клупата, но тоа не беше крајот на нивната пресметка. Откако постигна кош преку противнички играч, Дончиќ се сврте кон клупата на „Вориорс“ и продолжи да го провоцира Ландеборг, повикувајќи го да се врати на теренот. – Врати се, кучко(пи..о) Тренерот Стив Кер се обиде да ја смири ситуацијата, но тензиите не стивнаа. Ситуацијата кулминираше кон крајот на полувремето, кога на Ландеборг му беше досудена техничка грешка поради фрлање кон словенечкиот ас. Сепак, по натпреварот, Дончиќ нагласи дека овој пат не возвратил вербално и дека сакал да избегне непотребни технички грешки. – Тој многу зборуваше. Но, јас не одговорив ништо и сакам така да биде во текот на целата сезона. Не сакам да добивам технички грешки. Ова е првпат да нема обострана техничка грешка, бидејќи јас не кажав ништо – објасни Лука.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМДТ: Веб-страниците на Владата и министерствата навремено заштитени од критичните ранливости во PHPМинистерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички меркиМинистерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички мерки, по објавувањето на информациите за критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, кои предизвикаа привремено исклучување на бројни владини веб-страници низ Европа и светот. Во рамките на превентивните активности, привремено беше блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи, со цел да се спречи евентуално искористување на ранливостите. Потоа беа спроведени проверки на софтверските верзии, применети соодветни безбедносни закрпи и ажурирања и проверени функционалноста и безбедноста на веб-сервисите. Преземените мерки се насочени кон намалување на ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и потенцијално компромитирање на веб-серверите. Според досегашните проверки, не се утврдени индикации за успешно искористување на наведените ранливости или за компромитирање на веб-страниците на Владата и министерствата. Министерството за дигитална трансформација, преку Секторот за сајбер-безбедност и владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти (МКД-ГОВ-ЦСИРТ), продолжува со засилено и континуирано следење на сајбер-заканите, анализа на безбедносните настани и лог-записите, како и проверка на потенцијалните индикатори за компромитирање. Заштитата на владината дигитална инфраструктура останува приоритет на Министерството. Преку навремено откривање и отстранување на ранливостите и примена на соодветни безбедносни ажурирања, Министерството продолжува да ја зајакнува безбедноста на системите и да обезбедува сигурно и стабилно функционирање на електронските услуги за граѓаните и компаниите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
НаукаНаучници го реконструираа лицето на човек кој живеел пред 315.000 години Дигиталната реконструкција на фосилни остатоци од Мароко, стари приближно 315.000 години, открива дека раните припадници на нашиот вид поседувале многу црти на лицето слични на оние кај современите луѓе.Дигиталната реконструкција на фосилни остатоци од Мароко, стари приближно 315.000 години, открива дека раните припадници на нашиот вид поседувале многу црти на лицето слични на оние кај современите луѓе, иако имале поизразена вилица и помасивни карактеристики на лицето. Фосилни остатоци откриени на археолошкиот локалитет Џебел Ирхуд во Мароко им овозможија на научниците увид во изгледот на раните припадници на видот *Homo sapiens*. Врз основа на овие остатоци, бразилскиот 3D дизајнер Сисеро Мораес и неговиот тим изработија дигитална реконструкција на лицето на еден од најстарите познати претставници на нашиот вид. Остатоците биле откриени во раните 1960-ти години, за време на ископувања на минерални суровини. Првично се верувало дека тие им припаѓаат на неандерталците; сепак, подоцнежните истражувања и новите методи на датирање покажаа дека тие се многу постари и дека им припаѓаат на раните припадници на видот *Homo sapiens*. Две студии објавени во 2017 година потврдија дека фосилите се стари приближно 315.000 години, што значително го помести наназад временскиот период на познатото потекло на нашиот вид. Бидејќи не е пронајден целосен череп од поединец, истражувачите комбинираа делови од повеќе фосилни остатоци откриени на истото наоѓалиште. Најголемиот дел од черепот и горниот дел од лицето потекнуваат од примерок познат како „Ирхуд 1“ (Irhoud 1), додека долната вилица и забите се реконструирани врз основа на други пронајдени остатоци. За изработка на дигиталниот модел се искористени и податоци добиени преку компјутерска томографија (КТ) на череп од современ човек. Со помош на специјализиран софтвер, моделот беше прилагоден за да одговара на обликот на коските, по што беа додадени меките ткива и други детали од лицето. Мораес изработи две верзии на реконструкцијата: една во нијанси на сива боја, која ги истакнува анатомските карактеристики, и друга во боја, која вклучува кожа, коса и брада. Сепак, оваа реконструкција не претставува прецизен портрет на конкретен поединец, туку дигитална апроксимација заснована на достапните фосилни и анатомски податоци. „Поединец од Џебел Ирхуд би можел да помине незабележано во толпа, но поблискиот поглед би открил нешто што го издвојува – пред сè, неговите робусни црти и истакната вилица“, објасни Мораес за „ScienceAlert“. Наодите од локалитетот Џебел Ирхуд се значајни за разбирање на човечката еволуција. Тие укажуваат на тоа дека одредени карактеристики на лицето на современиот човек постоеле многу порано отколку што претходно се претпоставувало, додека други анатомски одлики еволуирале постепено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЕкономијаНиколоски: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилностНиколоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер- Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност.Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани геополитички случувања. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност - ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер. “ Регионално, Македонија граничи со Европската Унија и на југ и на исток, околу нас се земји кандидати за членство во ЕУ, така што сме опкружени со Европската Унија и природно е да сакаме да соработуваме. 76% од извозот на Македонија оди кон земји членки на Европската Унија, 46% од увозот доаѓа од земји членки на Европската Унија и природно е да сакаме да ја искористиме поврзаноста. Македонија има уникатна географска положба која што ја нема ни една друга држава во регионот на Југоисточна Европа и тоа е нешто што може и мора да го искористиме. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори” – се обрати Николоски. Говорејќи за развојот на коридирите, тој ги потенцира инвестициите што се реализраат во патната и железничката мрежа. “На коридорот 10 со поддршка на ЕУ работиме на модернизација на автопатот. Во рамки на Планот за раст, готови се 5 закони за Интелигентни транспортни системи, кои што покрај Министерството за транспорт ги работи и Министерството за локална самоуправа и Министерството за внатрешни работи, по што ќе одиме со имплементација. Тука е и реконструкцијата и надградбата на железничкиот коридор каде што треба да добиеме брза пруга за патнички од 160 до 200 км/ч и карго сообраќај од 120 км/ч. Во однос на коридорот 8, работиме и автопат и железница. Автопатски сме понапред, но има уште доста работа. Вчера бев во посета на автопатот Охрид-Кичево, таму одлично напредуваме. Исто така, се гради секцијата од Букојчани до Кичево, од Букојчани до Гостивар, од Гостивар до Тетово. А на источната страна, работевме со ЕУ во делот од Страцин до Крива Паланка и обиколница на Крива Паланка, а сега ќе работиме заедно на потегот од Страцин до Куманово, односно до Романовце. И заедно со Светска банка и Европска Унија работиме на модернизација и проширување на преминот Ќафасан и преминот Деве Баир, како би можеле да имаме еден поголем проток. Тука се и двата аеродроми кои што се лоцирани токму на коридорите. Оваа година очекувам да надминеме 4 милиони патници, нешто што беше незамисливо до пред две години. Јас кога бев избран, очекував некаде докај 2031-2032 година да стигнеме до 4 милиони патници, еве имаме среќа веќе во 2026 година ќе одиме на 4 милиони патници, што за држава од 1.800.000 жители е навистина една огромна бројка” – потенцира вицепремиерот Николоски во своето обраќање на панел дискусијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter